1. Голем шопинг центар 2. Убава и поснабдена библиотека 3. Кино кое ќе работи 4. Театар 5. Затворен базен 6. Дизниленд 7. Саглам сообраќај + семафори 8. Среденост на центарот 9. Градски ред 10. Повеќе културни настани
Повеќе кафулиња, дискотека, кино, театар, базен, семафори, трговски. Абе, за Кичево полесно е да набројам што има, а не што недостига..
Има во Кичево театар но не е професионален! Иначе да не бидам офф топик мене ми недостигаа кино,повеќе кафиќи,базен,трговски...
бидејки сум од скопје мене ми фали чист воздух а земајки го вактот дека често сум надвор од дражавата нисто не ми фали
Пониски цени, наменети за ВИСТИНСКИОТ стандард на луѓето. И не е муабетот, главен град па ај ќе билдаме цени до небо, луѓето имаат пари...колку што гледам се повеќе продавници од каков и да е калибар се затвораат, quess what? Нема промет. За почист воздух, колку-толку си имам кога ќе дојдам дома. А излезам подалеку од населба, се опростувам од чистиот воздух. Епа не е арно.
Струмица: кино затворен базент нормални луге (а не 24ч оговаране и завидлк) железничка (обожавам со воз да патувам а овде ни пруги нема хахах ) толку фали...фала Богу другото основно го има....и да рака на срце Зајчето не го сакам многу ама сепак му признавам оти преубаво ја накитува Струмица за празниците...
Добри соседи, зошто во местото каде јас живеам сите гледаат само лошо да ти направат па дури да го изгазат и отрујат миленичето страшно и катастрофално...