Kултура! Кога нема домашно воспитување и кулура, не можеш да очекува почитување, хигиена, па и разбирање од никако. А се согласувам дека од повеќе од потребно малограѓанство!
Скопје Аква парк Луна парк Кинг бургер (има само на аеродром) Вистинско,добро опремени продавници со оргинална и квалитетна спортска опрема во моментов тоа ми паѓа на ум
Дрва, кои ке шират свеж воздух, па кога ке отворам прозор да проветреам да влезе свеж воздух, а не смог и чад. За жал, во мојава околина има кафичи, сендвичари, продавнички, безброј автомобили и згради никнати една до друга од почеток до крај на уличките, а има само 3 дрва во жалосна состојба на цела улица. Апелирам за дрва!!!
- Културни манифестации преку цела година, не само во периодот јуни-август; - Разработување на постоечките индустриски капацитети и отварање нови; - Богато снабдена библиотека од отворен тип, каде сама шетајќи низ рафтовите би си одбрала дела по мој вкус; - Современи кино сала и театар; - Антикварници - мене ми се дамнешна желба; - Поголема свест и совест кај луѓето; - Места за згрижување на животните; - Повеќе паркинг простори, како не би се користеле тротоарите за таа намена и не би се создавале метежи во текот на летната сезона и посредени патишта; - Повеќе зеленило низ градот. Ајде, доста е , ќе излезам јас најнезадоволна ...
Мене лично ми недостигаат оние производи што ги има во странство , а ги нема кај нас. Не ми смета мене дали некој се однесувал вака или онака. Малограѓанство секогаш имало и ќе има , секој за себе нека се грижи и прави. Единствено би сакала да се најде повеќе простор за да се згрижат животните, да не лутаат надвор на ова глуво доба , гладни.
-Повеќе бутици! Може ги има на број,не викам не,ама што продаваат е прашање! Ако најдеш едно асално парче,тоа е успех. -Патека за трчање. -И да,повеќе нормални луѓе.
Штип е за никаде недостигаат многу работи 1. Плоштад (ќе го направат кај и да е ) 2. Повеќе паркинзи 3. ТРГОВСКИ 4. Јавен превоз (не ни треба ама ае да кажам) 5. Игралишта (сите се уништени) 6. Патишта без дупки 7. Велосипедска патека 8. Болницата и здравниот дом (се распаѓаат) 9. Кино 10. Базен (и отворен и затворен ) 11. Воздух И мнооооооооогу други работи ...
1.Море 2.Плажа 3.Клима со многу сончеви денови и минимална годишна температура 15 степени 4.Места за излегување каде пушењето е дозволено 5.Ресторани со сите интернационални кујни Ете, тоа се моите топ 5!
добри, позитивни луѓе кои не се ограничени во своите умови ,луѓе кои на нештата кои ни се случуваат во животот не гледаат со предрасуди
Во моментов ми фали сонце. Исто така ми фали море/езеро или баре чиста река....3Д кино Повеќе места за згрижување на животните, ПОДОБРИ ЛУЃЕ
Фали избор. Ако во некој случај останам да живеам во Прилеп, сакам моите деца да го имаат правото да одберат дали ќе бидат балерини, џудисти, лизгачи, пливачи, музичари, одлични познавачи на јазици или што и да е. Едноставно она: „Кога ќе пораснам сакам да бидам..“, што јас не сум имала можност да го исполнам, сакам тие да го добијат. Освен ова, недостига киното како што спомнаа неколку девојки, ради чист повторно ИЗБОР (дали сакам вечерта да ја поминам во диско, ресторан или за промена ФИЛМ).
Подобро прашање би било-Што воопшто има во моето место на живеење? Имам само убави спомени од детство и дел од тинејџерство кога не ме интересираше дали има театар, кино, вакви или онакви ресторани, дискотеки, паркови, можности за било што...Доволни ми беа лулашките пред школо, децата од маало, а подоцна еден кафиќ во кој се чувствував како дома и понекое темно скришно местенце за Сега за мене овде, освен неколку драги луѓе, нема скоро ништо...