Море Култура кај народов Помалку автомобили повеќе возење велосипеди и за нив посебно изградена патека
Праведност,чесност,култура,човечност,заинтересираност,простор,и нешто за пливање така поголемо море или окен.Ама нека врска можам и на одмор да си одам.
Во моето место на живеење во Македонија недостига вработеност и млади луѓе. Одат заедно ха? Сите фативме кој каде најде и тажно ми е. Најтажно ми е кога во лето седиме старото друштво на нашите стари места со гитара и зарипнати гласови, пиво на литри и носталгични очи. Таму сме само 2 пати во годината, помина времето кога бевме сите дома и се гледавме секој ден. Додуше, нормално е секој да си го земе патот во животот ама постои таа носталгија таа братска љубов меѓу нас и желбата секој од нас да биде присутен во животите на другиот. Моментално ми фали мирисот на моето место, духот на тоа магично местенце.
Моментално во местово на живењее ми недостига социјализацијата, и моите пријатели и сонцето. се на се државава е топ.
во целина сум задоволна овде бидејќи живеам во ит..па и нешто посебно не ми недостига..веќе запознав другари кои навистина се прекрасни личности..разочарана сум од моите така да и не ми недостасуваат многу,единствено со ми недостига е сопствено место на живеење па макар и 2 на 2 ..и да најдам работа..да сум посреќна..и да сум сингл
Откако знам за себе живеам во стан (освен кога сум била ептен бебенце што сме живееле во горен спрат на куќа). Тарасата ми е колку за маса и 4 столчиња и има парк позади здрада но мене ми недостига дворченце со тревичка да можам да си утредувам цвеќенца дрвца притоа да си слушам музика, буквално мозокот да ми одмори. Психичка релаксација. Може и со куче да си се валкам низ дворот. Добро ајде ако неможе куќа барем би сакала да живеам во зграда кај што слободно станар може да си појде на кровот и да си уредува. Како во америчките стилови на згради. Е баш ко на сликава нешто би сакала да иам. Добро а има ли кај нас нешто вакво? Мислам на Скопје, а супер ако го има во друг град
24h отворена продавница....и добар фризер...и дефинитивно патека за велосипеди (ќе загинам на точак некој ден) ова ептен кај мене (не како кај мене во градов)
Поблиска автобуска станица и да го продолзат кејот,т.е велосипедската патека којашто заврсува во Карпош 4
-Трговски центар -Среден кеј на реката Вардар -Кино -Нов театар ( веќе е во изградба ) -Евтини бутици со цени од 200 ден. како што се Пренди,Певекс,Магија и др. -Уреден парк -Маркети на Тинекс, Веро .. -Чиста животна средина -Отварање на нови работни места -Семафори -Патека за ролери/велосипеди -Ресторани -Базент и преку зима -Часови по зумба и многу други работи, кога ќе имам повеќе време ќе допишам.
Прво и најважно повеќе култура кај луѓето! -Професионален Тетар -Тргоски Центар -Базен -Некој кафиќ каде што нон-стоп ќе има квалитетна музика. -Патека за возење велосипед
Помалку ќе имам да пишувам доколку прашањето беше што има во моето место на живење. Најмногу од се недостига човечност и култура на жителите, а потоа и се друго материјално. На пример, базент, трговски центар, паркови, велосипетска патека, уреден кеј на реката, малку повеќе објекти за млади (клубови, кафе-барови, игротеки и сл.), кино, театар... Сигурно и уште многу, ама ова би било примарно за градов за заживее колку-толку.