Повеќе спорт...поддршка во спортот,донации,спонзори... Има натписи во градот на неколку места од типот:САКАМЕ СПОРТ ВО БИТОЛА! Па да,кога Хоризонт Турново стигна со Хајдук да игра,може и Пелистер-оти да не? :geek:
стадион за трчање, нема каде да искочи човек да трча, по улица ќе ти се смеат, а до кеј да идам далеку ми е
Што не..Ако почнам да набројувам не знам до каде ќе стигнам но ете би издвоила еден парк,со зеленило и клупи каде би седела и млади и стари.Исто така убаво да се обнови спортскиот рекреативен центар кој е доста запуштен.Па може и некоие места за младите како кино театар или нешто слично каде што ќе можат да излегуваат,освен по кафиќи.А и тие кога еден кафиќ се отвара друг се затвора.Жалосно но вистинито во нашиот град нема дискотека.Така да во еден кафиќ се оди и за на кафе,и за викенд,во замена на дискотека.
1.Поголем паркинг простор, за да не паркираат по тротоарите ; 2.Велосипедска патека; 3.Преуредување на детските паркови; 4.Трговски центар; 5.Нови Факултети итн.
Повеќе луѓе на моја возраст. Обично во делот каде што живеам јас популарни се постарите исфрустрирани пензионери. Другото е супер.
Мене ми фали секоја зграда или куќа да има голем двор и секоја вечер да има луди забави ,сакам да нема тепачки помеѓу македонската и албанската националност,сакам да има повеќе базенти,аква паркови,поголеми диска,барови и повеќе бутици бидејќи нема многу убав избор.... Сакам ова да се случи....
Двор голем имам, ама трева не, значи трева ми недостига и комшии со ки што можеш да споделиш нешто а да не те озборуваат наоколу.
ЗЕЛЕНИЛО! Лута сум и гневна на соседите,што и да засадиш пред или зад зграда нив им смета или му прават штета на сиот труд што си го вложил а се загушивме од прашина и триста чуда.
Искреност,дружењето како што било порано,отвореноста,и многу други работи како култура,понашање и други манири кои се заборавени.