Ми фалат барбиките, џамлиите, ужинка во забавиште, ми фали нервозата и омразата кон цел свет кога се мачев да научам да читам, тепачките со брат ми, сите лузни од времето кога се учев да возам точак.. (не ми се веруваше дека некогаш ќе го речам ова) Многу работи ми фалат од детството... Вас?
Хехехех тапачките со брат ми и мене. Се беше од играчка- плачка Ми фалат сите игри, рибарот и рипката, пучана.. Ех времиња мижаница. Сите модринки. Се ми фали...Најубав период од животот е детство, безгрижно
мене ми недостига, брканица , жмурка , барбикете, штркот носи боја (хахахах) и сите детски игри шо ме правеле среќна , а и да тепање и млатење со брат ми хахахаха... Сега не постои детство =( шо е мн жално ... само со компјутер , фејсбук и др ср**а се замараа децава.. греота..
Па "современиот живот" ги наведе на сите тие срања.. Наместо да имаат лузни од кога се учеле да возат точак, сега ќе имаат лузни од тепачки. Наместо нервозата за да научат да пишуваат, сега имаат нервоза за како да земат пари од дома, да се купи пијалак во кафич. Наместо да изградат скривалиште со децата од улицата каде можат да играат, сега сами се кријат дома за играње на видео игри. За се има време ако се посака, но на денешницава не се знае кога е доручек. :/
Најмногу од се игрите со децата од маало и глупостите кои секојдневно ги правевме и ги вадевме од такт сите соседи Спојлер -децава сега немаат детство цел ден се дома на фб од 7 години
да.. знам по сестра ми .. има 9 години а не се одвојуа од компјутер.. =( . фала богу нема фејсбук хахахах зошто ја и го избришав... и сеа само игра игри на y8 .. =D
Ама затоа и си имаат последици од современиот живот. Како прво, секое второ наочари носи од пред P.C.
Ми недостига играта со другарите приквечер, горенка, криена-мижена, трчањето, кошарката,мамење. Но сигурно на сите ни недостига едно , а тоа е БЕЗГРИЖНОСТА