ми се седи на некоја плажа и ми се пие бакарди бризер од лубеница и ми се пуши цигара (ама за тоа ке почекам уште некој месец)
Ми се оди на концертите на Depeche Mode!И на концертите на Fat Boy Slim и на Nick Kave на Exit 2013!И на концертот на Jamiroquai во Kombank Arena во Белград!И на концертот на Whitesnake на Kalemgdan во Белград!Исто и на концертот на Duran Duran на Exit 2012!Cool атмосфера,квалитетна и јака музика!
Ми се иде негде, кај било да сум само дома да не сум! Ама ај да се натерам да го поместам гзов од креветов и да мрднам до кај некоја другарка, муабет ова она.. Ма не... мрзава во глава ми удрила. Последниов период имам чувство дека ќе скапам на форумов, а можеби и ќе си умрам по форумиве. Цел ден прелистувам по темите и веќе почнав и желби да си запишувам на интернет сајтови за остварување на соништата, од целиот мој очај и патетика. Морам да променам нешто и тоа веднаш. Веќе ме смрзе и да прелистувам по форумов, па кога нема ништо интересно. Но, од што немам ништо попаметно да правам сто пати отворив Фемина, се одјавив - потоа повторно сфатив дека навистина немам што друго да правам, па се најавив, го разлистав форумов, напишав некое исфрустрирано мислење и се од почеток. А да и мене ми се иде на Exit. Ама ај, здравје догодина. Ако почнам јас со концертиве да ги редам, не знам дали крајот ќе им се види...
Некаде на одмор ми се оди..да се опуштам и да уживам а исто така нешто сега ми се присака и да ми е тука тојјјјј..но нема
Сакам да имам боксерска вреќа пред мене,и да удирам во неа,се додека не го истурам сиот бес што го осеќам...
Сакам на одмор. Искрено, освен тие два пати кога бев на кампување како малечка, никогаш не сум била на одмор. Море сакам, море! Да се оптегнам на некоја плажа, да соберам школки, да читам книга со марама в коса. Да одморам без да се замарам дали сум испеглала, дал сум ги собрала алиштата од на жица, дали го подотворив капакот од тенџерето... да ме пече сонце, а јас да летам со мислите, по чавки да не речам.