Би сакала за промена да патувам со друштво малку да се ослободам од родителите и нивните правила.Малку да уживам, да одам на јаки журки каде никој нема да ме знае.Едноставно да живеам на раат
Јас во моментов би сакала да се затворам на тивко во мојата соба со моето убаво мало гумено бебе Тупузанче што ми го донесоа баба и дедо од Хрватска кога имав четири години,да го вдишувам мирисот на неговата гума,да го галам со устата по келавата голема глава,да ги гледам неговите убаво големи сини очиња,да го прашувам кој го сака бебето,т.е.него кој го сака и дали ме сака бебето,т.е. тој дали ме сака,може и со неговите дадички Софија што се смее кога несакајќи ќе го стиснам нејзиното копче за смеење и Били Бибиче со кратка руса вртена косичка,убави големи кафеави очиња,карирана кошулка и панталонки со лепенки на коленцата,заедно со Ниничка којашто и сега е покрај мене со убави големи сини очиња,пепелникава долга вртена косичка и синобел фустан! Многу си ги сакам!