Ми се гушка! Не во онаа смисла во која би помислиле вие, туку ми се гушка со некои драги луге, посакувам да се до мене и да ги гушнам.
Ми се седи завиткана во моето најтопло ќебенце, да ја смачкам последната сезона од SATC. Риалити чек: Немам време, имам премногу за учење. Ај ќе си почекам, не е проблем тоа воопшто.
Сакам да ги најдам сите можни делови од Хари Потер,со или без превод,а уште поубаво книгите и цел ден да гледам и да читам.Се мрднав,само Хари Потер гледам деновиве.
Сакам да бидам сама дома,да пуштам ептен гласна музика ,да си пејам и да се глупирам колку што сакам...Ама да му се невиди,сите се дома .
Сакам да си ги облечам омилените Converse патики, да си го ставам омилениот парфем и да отидам на концерт на некој од моите омилени бендови. Да скокам додека ме држат нозете и да пејам додека не зарипнам. Е тоа!