Ми се талка низ улиците на некој непознат град. Додека врне дожд, без чадор, без никој друг. Да имам некој стан (секако под кирија •‿•), па после тоа да си одам таму, еден туш, еден кревет и добар филм. Но, за жал, никогаш ова нема да ми се оствари.
Ех, зошто никогаш? Не си ставај вакви ограничувања. Разгледај на WizzAir имаш евтини летови. Здувај му ја на 3-4 дена до Будимпешта или до Ајндховен (па од таму имаш за 20евра воз до Амстердам), или до Прага, или некаде до Франција, Италија... гарант ќе начекаш некој евтин лет. А за сместување можеш и во некој мотел. Можеш реално да си го исполниш сонов и за 250 евра.