Ми се гледа некое добро филмче, од листата на movies to watch next што си ја имам направено....Ама интернетот гадно ме зеза, јутуб едвај ми отвара
Ми се лежи на некоја песочна прекрасна плажа, подалеку од Македонија, Скопје, факултет, ВМРО и СДСМ .. Сакам да го гледам зајдисонцето и да одмарам, знаејќи дека немам никаква обврска !! Сакааам одмооор !!!
Ми се седи на плажа и ми се пие една голема ладна лимонада Но сепак ќе морам да и се вратам на книгава.
Ми се оди на кафе со другарките на безвезе муабет и дреманје цел ден смеење без причина..... уфф колку ми недостига нормалниот зивот
Ми се оди на кафе. Токму може ќе почне и да врне. Нај обожавам да си седам на некоја од летните тераси, да си сркам кафенце, а тоа да си врне и врне.. ммм.
во моментов сакам да се видам со некои драги личности што одамна не ги имам видено и ми не недостигаат
Ми се гушка со љубовта ... не сме се виделе веќе неколку дена и сега сакам тоа да го направам ...да си го гуууууушкам најсилно