Ми се јаде некој вкусен сендвич, и тоа многу ми се јаде на пример од Мек’Доналдс и некоја палачинка на пример од Палма
Да влезам во еден замрзнувач на неколку години да си отседнам внатре, па да ме одмрзнат во подобри времиња
ми се оди на некаде на плажа.... ...до мене Cuba Libre, сонцето пече, се сончам на лежалка, се слушаат брановите и рефренот од ,,give me everything tonight''...иии уживам аххххх
[бррр бррр брррр ... со бродче на островче,за некоја минут ке се симнеме Ја+фраер(кој го запознав додека патувавме за Грција многу фин дечко)=ОДМОР п.с.Ќе ви пратам по некоја фотка,ако најдам слободно време.] ех камо да можев...
Би лежела на некоја плажа, со шапка и цвики на мене, би шмекала типчиња, а после фино лето би се фрлила во вода и би пливала и пливала...
Ми се лета. На параглајдер. Од горе да го гледам Скопје, да си пеам The world is mine.. да се дерам највеќе што можам, да треперам од адреналин, да се чувствувам телесно лесна како пердув... Е тоа ми се праи
Ми се игра тенис и ми се шета низ парк!! Прекрасно е времево, а јас седам дома и учам Ај уште денес од утре послободна ќе бидам