Сакам да сум до него, ко во филмска сцена. Ооп, муабет на телефон, ооп отварам врата и да сум кај него Му спремам проја, па ќе му отидам. Да си го гушкам како мече.
Да имав сега во коморчето од фрижидеров една кантичка така бабачковска со сладолед.. чоколадо да биде. Па, да му фрлев една шака јаткасти чудесии... една кутлача и срк ќе удрев. Ама ем нема, ем знам по првот срк ќе е толку. Ќејфот е во замислава.
Полурасонета да излезам од автобус на Стража, ладното да ме дорасони. Стуткана да се доближам до касата и да платам за две мекици. Едната за мене, другата за крзнените топки што личат на кучиња.
Ми се седи со сестра ми и другарка ми во двор. Ми се пие нес и цедевита + чоколадни колачиња со цимет. Преглед на случувањата изминативе денови и смеење. Убаво време, а ние на тревата под кајсијата. Птицата пее, а кучето го брка мачето
Call me crazy, ама ми се гледаaт оние старине цртани шо ги даваа на МТВ уз овошно чајче со 1 лажичка цимет како во старите добри времиња коа „грижи“ и „проблеми“ за мене се` уште беа зборови без некое посебно значење.
Во моментов ми се јаде гоолемо чоколадо, чоколадна торта , чоколадно колачиња, чоколадно млеко... Во случај да не ме разбравте, јас ОБОЖАВАМ чоколадооо ЊАМ ЊАМ ЊАМ