Сакам да си слезам долу, да си го земам велосипедот и да свратам два-три круга. Ми се смачи пред компјутер и ТВ цел ден, да ме дувни малце ветрето, хихи А надвор времето, РАЈ.
Ми се лежи со него во креветче, да сме покриени со заедничко ќебе и да се њушкаме со носевите ко мачори... Да си чавкаме и да си јадеме чоколадо по пола и изветреана кока кола. Ми се бива со него. Многу.
Ми се оди дома на гости , кај мамичка да си сварам мераклиско кафе и да си напрам уште по мераклиски муабет со неа и со сестра најдрага.И да се покарам со бато и тато хаа
Ми се оди на англиски.. Не заради досадните предавања што никој не ги слуша, туку заради него. И заради бакнежот на крајот..