1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ви се случува во последно време?

Дискусија во 'Канта' започната од Viksi.123, 24 август 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Viksi.123

    Viksi.123 Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2013
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    Вака ми почна 17ката: мојата најмила другарка вчера отиде да живее во Германија, друга другарка која ја мислев за „мила“ ми забоде нож во грбот, личноста која ме сака и живее за мене не го добива обостраното чувство, нема резултати од моето вежбање и диета веќе долго време.. Зошто човек не може да биде комплетно среќен ? Па и малку работи да го прават среќен, ќе станат уште помалку... Јас сум најтажната личност на светот... :((((( </3

    кажувајте овде што ве мачи во последно време,да си се исповедеме... споделете тага..
     

    Прикачени фајлови:

    • uf.png
      uf.png
      Големина на фајлот:
      222,9 KB
      Прегледи:
      272
  2. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Невработена сум.Најтежок период до сега.Секое утро, штом се разбудам почнувам да се тресам од страв.
    Се плашам.Многу. Не за себе туку за иднината на децата.Толкав страв немам почуствувано никогаш до сега.Сите четворица сме невработени.Јас лице со намалена работна способност, сопругот кој ја раситни 50 и веќе го сметаат за стар(па и мене).Две девојчиња.Не знам дали е до нас до нашата способност да се снајдеме, или пак со државата нешто не во ред.Местото во кое живеме е мало .Ми се чини како се да е против нас.Така чуствувам.Некој сака да не успееме.Само што во мене гори еден пламен.Чука едно срце(сега ко на зајче, ама важно чука)Живее едена надеж. верба која ми дава сила....

    Го чекам Виножитото, над мојот дом.
     
  3. peterpan30

    peterpan30 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    ништо посебно слушам музика
     
  4. girl2

    girl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Очите ми стануваат црвени штом ке се појави месечина и ми излегуваат остри заби мирисам многу далеку и во последно многу сум ладна :worried: но ова е од 1 месец уште пред тоа си бев нормално девојче патем имам инстикт и брзина
    На раката имав болка и си видов 2 дупки после 2 дена вака ми беше :worried:
     
  5. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Се старо, темпото и начинот на живот во државата е таков, нервози, стресови...борба за опстанок :worried: :x
     
  6. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.624
    Допаѓања:
    8.509
    Пол:
    Женски
    Нешто се средува, нешто сеуште е во мирување, конечно најдовме со дечко ми стан :inlove:, барем тоа почнува да се средува. Како и секој ден по 100 пати отварам емаил со надеж за одговор ПОЗИТИВЕН на моите апликации за работа и сеуште ништо :doh: , па сама си се тапкам по рамо да не губам надеж, ќе биде, мора да биде !
     
  7. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    а завива волк во позадина? :D
     
  8. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    5.723
    Што ми се случува?? Имам променливо расположение нешто слично на ПМС ама не ќе да е тоа...
    Станав пречувствителна поради една реченица можам да почнам да плачам. А треба да ми биде најубавиот период од животот, нова куќа, вереник..Единствено ме прави среќна тој и мислата дека ќе биде подобро. И двајцата сме на некој крстопат каде или ќе не биде или не.Такви ни се годините кога можеме да си дозволиме почнеме од 0 ( кадешто и сме во моментов) и можеби да успееме.Се тешам дека сум полна со надеж дека ќе биде, ниеднаш ја немам изгубено сите овие години,фала му на Бог. Чувствувам страв дека нема да успеам во кариерата, дали се ќе биде во ред со зачнувањето, учам нови карактери во куќата..Хаос ми е.
     
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ме е*е времето.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.