Нешто што ќе ме најаде, нешто калорично, нешто вкусно,по можност и пикантно на пример пица, макарони со кечап и оригано, некој сендвич или тост со могу кашкавал ама да е растопен и да се тегне, пастрмајлија или пак некое екстра чоколадо ( и нешто благо не е на одмет) , да си седнам, да си се најадам мераклиски и да си легнам и ич да не му ја мислам
Еве што може да значи желбата за одредена храна Не постои личност која во одреден момент не почувствувала потреба за специфичен вид на храна, било да станува збор за чоколадо, чипс, хамбургер, салата, сладолед и слично. Како да откриете што лежи зад желбата за одредена храна објаснува Мишел Шофро Кук, светски реномирана авторка и лекар по природна медицина, во својата книга The LifeForce Diet. Чоколада Чоколадата е богата со магнезиум, значи токму тој ви недостасува. Изедете парче темно чоколадо или напијте се какао. Ќе помогнат и јаткастите плодови, семки, риба и листест зеленчук. Слатки Пореметување во нивото на шеќер во телото или драстични промени на флуктуацијата на истиот - било да се работи за спорадична или хронична појава, рамнотежата ќе ја вратите со консумирање на легуми или грав, како и комплексни јаглехидрати како цели житарки. Солена храна (чипс и пуканки) Ако имате потреба од оваа храна најверојатно имате и флуктуација во нивото на хормонот на стрес. Првиот чекор е да се соочите со истиот. Медитирајте, вежбајте дишење и практицирајте други техники на опуштање. Потоа изедете листест зеленчук во комбинација со висококвалитетен Б-комплекс витамин и витамин Ц. Сирење или пица Недостаток на масни киселини. Јадете сирови ореви, потоа лосос и семки на лен. Консумирајте и производи кои содржат омега-3 масни киселини како риба. Сирењето прескокнете го. Црвено месо Недостаток на железо. Жените во текот на менструацијата обично патат по хамбургери, стекови и други видови месо. Јадете грав, легуми, сливи, смокви и друго сушено овошје. Витаминот Ц го подобрува внесот на железо во телото, па затоа комбинирајте го - јадете лимон, црвена пиперка, домати и шумско овошје.