Еееј, ги знам тие најгорните чуда на стапче! Благи равиоли со сос од малинка се... Сјајна идеја. Мене ми се јаде Цезар салата или брускети од Аванти... Уф!
Да не сум оф топик само ќе одговорам: Ги имам видено и прочитано во италијанско списание за кујна. Принципот е ист - само што тестото за равиоли овде е со шеќер, не се варат, ами се печат, пред да се печат се брцнува дрвцето меѓу двете ливчиња равиола, претходно филуван со сос од малина-јагода, и на крај украсуваш по желба со крем или шеќер во прав
прво една шопска салата ,а после една гооооооолема лубеница изладена во бунар.Од оние што кога ќе почнеш да ги сечеш самите пукаат надолу од што се зрели и тазе.
Нешто вкусно, калорично што тежи на га*от, а срце што исполнува. Да пукнам од мака што сум го изедила потоа, ама да уживам да го јадам. До таму е работата.
За оваа тема треба да се воведе Закон како оној за продажба на алкохол во зима - темата неработи по 19 часот во лето - темата неработи по 21 часот се молат сите корисници да си ги кажат своите желби навреме