Бурекче со сирење, и лиснато со шунка и кашкавал. Сакам и желе бомбони, и една голема сочна пица. Изгледа многу ми се јаде а?
Од кај да почнам, кога Стронгер е гладна ама се и се јади.Ѓупска торба некои го викаат тоа, ама и да знаете од се ќе си каснам да има ...и да има кој да ми направи, затоа што во последно време некако мрза ми е xD Еве краток извадок од дооолгиот список : руска салата,салата со пилешко во слатка павлака,пилешки стек,пилешки прсти,пилешко во кари,салата со пилешко и макарони,бешамел сос во макарони,макарони со болоњезе сос,тост со многу кашкавал(ама кравски) и шунка,пица со кулен,ражничи од свинско со буковска пипер и нане.хот дог, хамбургер со ловечка,кајмак,ајвар со сиренце,маслинки,скуша,школки во сос,кифлички со ким,компирчиња во рерна и пржени,ќофтиња од тиквички,јајце кајгана со доматче,пире,пирошки...од таму одиме на благо...чоколадна торта,торта со прелив од црешки,банани,цреши,јагоди,праски,портокали,лубеница и диња,бомбици,сладолед-со вода и овошен-најефтин,,најмногу го сакам мх мх има уште да знаете ама толку сум гладна што немам време да завршам,одам да јадам