Се` ми се јаде бре! Ко краветина некоја бутам во уста, се мачкам со мрснотии, јадам благо, стомачето подуено ми тежи како да има во него дете а вагата покажува нешто сосема друго, ниту едно килце не сум накачила. Незнам што ќе правам вака. Дури и нервоза ме фаќа кога немам што да јадам. Ете, во моментов сакам: -Пуканки -Бејк ролс -Хамбургер -Сникерс -Ладен сендвич -Пржени компирчиња со сиренце -СЕ САКАМ БРЕ! Се што се јаде.
Шо да е, само да не е посно. А не сум во ПМС. Трета недела пост, криза невидена. Ако, така се јача карактер Сакам чоколадо. Какво и да е. Темно, светло, течно, со бадеми, со карамела, па и краш експрес со млеко нека е, сакам чоколадо, и точка! И млеко сакам. И салеп со цимет. Еј, штом сакам салеп не е на арно работава Сакам вкусни нешта.
Мнооооогггууууууу работииииии! Ми се јаде посабајлечки мекици...ми се јаде хамбургер...ми се јаде пица....ми се јаде италијанска салата...ми се јадат кифлички домашни праени за мерак...ми се јаде помфрит....уууффф многу ми се јаде ај нека дојде некој и нека ми направе нешто ке му дадам и тој а си касне
На работа сум, ама апсолутно ништо не ми се јаде. Вчера добив и сега сум како бајче, ни кисело ни благо ми се јаде..
Уфф, имам ПМС и ми се јаде неѓто сочноо!!! Комбиниран во СЕДМИЦА, или ОД кај Вили со полнет стек, помфрит и сите можни сосови!!! Ммммммм и на крај- МИЛКА СО ЈОГУРТ!
Трета недела пост, а јас умирам за чоколадо и за капучино со пена (што би рекле во нормален кафиќ - па нормално дека капучиното е со пена, какво да биде???). Какво сакаш, само да не е со торта од горе. А целта на постот беше да се откажам од чоколади и кафе, зошто 6 недели би требало да се и повеќе од доволни за да се стекне некоја навика или излечи некоја зависност во поблага форма. Очигледно мојава зависност ич не е во блага форма.