Не знам дали знаевте, јас сум ептен голема питарка. Питарка бе, , у случај да не постои зборов - еве официјално од сега е во употреба. Пита ми се јаде. Со сирење или спанаќ! Со месо не ја сакам, иако кај мене дома сите таа ја јадат само. Или пак со праз. И со праз многу ја сакам!
Покрај питата на Анабела сега во моментот би јадел една убава чоколадна торта,незнам зашто ама благо ми се јаде.
Уф ма Анабела, и мене пита ми се пријаде кога ја видов сликава Питарка голема сум си и јас и најмногу сакам пита со сиренце. Мммм... Море, сакам со се`, само не со праз Го имам прејадено и сега не можам мирисот да му го поднесам, а ако каснам, киселини ме убиваат Како и да е, пита рулз А и едно бурече добро би ми дошло
Леле, нешто благо ми се пријаде. Нешто дoмашно направено, некоја чоколадна тортичка, колачи некои. Мњам. Моментално ништо нема дома.
Ми се јади мазник-што би рекла Анабелка пита со сирење или спанаќ.Ми се јадат кифлички,ми се јади чоколадна торта и ми се јади некоја пица .Ми се јади чипс.чоколадо,палачинки.Се ми се јади,јас сум сејадач