Еден тост така домашен направен,да претекува кашкавал од сите страни и мноооогу мајонез на него. Ама кој да стане од пред компјутер да си направи. Пуста мрза ...
Обично јас не сум многу, многу по благото, преферирам солено. Луда сум по чипсови со најразлични вкусови, смоки.. А ги сакам и оние интегралните грисини. Порано се давев во нив. Ама, не знам што ќе беше ова - во последно време ми се јаде нешто благо. Нешто ептен благо. Вчера дури сонував како сум јадела една голема, сочна, мека а истовремено и крцкава, со мнооогу шербет на неа - баклава! Дури во сонот се препотив од што беше добра. Ред ореви, ред грозје - feel free to die! А ги сакам и оние со чоколадна обвивка. Оваа стрвност некој ден тотално ќе ме уништи. Нема да најдете пострвен човек од мене! Готово, јас морам да пробам баклава макар по цена да ја прекршам диетата. Отидов до продавница.