Јас мислам дека си нанесуваме зло со темава. А и автоматски одеднаш стануваме гладни. Спојлер Отидов да јадам.
Чисто како страст, во моментов ми се јаде од се’ она што има дома, а јас не смеам, т.е не би требало да јадам! Сакам од пинџурчето со зелени пиперки, од малиџаното со лук, ореви и модри патлиџани (сама го правев за брускети, ама вчера не стигнав да си го искористам), сакам од супата со брокули, сакам од празарникот со парчиња сланина, и салатата од праз, домати и маслинки! Буквално од сево ова по малку. Ама нема. Компот, компот ќе си јадам.
Ми се јаде,ми се јадеее...пица,ама не било каква.Со многу кечап и убав кашкавал (незнам како да го опишам ),е оваков како на сликата.А наместо пица бадеми јадам сега...
Ми се јаде чоколадна роденденска округла или правоаголна торта со ситно мелени ореви и ситно кршена чоколада внатре,а однадвор премачкана со чоколаден пудинг и ситно сечкани ореви и неколку цели ореви во облик на цвет за декорација,а може и со бел матен маргарин да е премачкана тортата,украсена со желе бонбони во облик на цвет заедно со еден голем бокал џус од портокал!Тоа го немам јадено одамна и навистина многу убаво би ми дошло!