Како се ближат новогодишниве празници така се повеке и повеке ми се пријадува сарма. Сармата ја сметам за врв на кулинарството поради својата комплексност и време траење на приготвување. Добра сарма не излегува од секоја зелка кисела. Мајсторијата започнува по подрумите и гаражите за да се претвори во полнето задоволство за сите сетила, сервирано на асталот. Таква сарма би јадел сега, во поприлични количини, мислам и око нема да ми трепне за калориите. Ама нема.