1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ви сметаше после породувањето?

Дискусија во 'Бебе' започната од NEA, 12 септември 2019.

  1. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    Би сакала искуства што ви сметаше откако се породивте - совети од блиски, храна, нови навики и сл.

    Ќе почнам од себе.

    Мајка ми и свекрва ми:
    -2 сум изгледала, гладно е, ти не знаеш
    -Немаш доволно млеко
    Маж ми стана експерт за бебиња - жешко му е, ладно му е, му се јаде

    Почнаа да го објавуваат по фејсбуци уште од болница - кога им кажав дека не сакам многу се навредија

    На дете му се спие ќе дојде на гости бабата:
    па баба не те видела срце мое - па буди го
    зашто мене не ме гледаш - па врти му главче


    Од мн трпелива личност станав избувлива и страшно сум нервозна сама од себе.
     
    На Ena0310, Cold.E, gjoker4e и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Nenna97

    Nenna97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.256
    Пол:
    Женски
    Најмногу ми смета што не сум се вратила на старата килажа, а мм упорно на мсн ми праќа диети:rofl:
    Се шалам.
    Ми сметаше тоа што влегуваа во соба без да тропнат, и ден денеска наутро бебе ако е будна пред мене обавезно се влегува без свест.
    А пред да се породам, се знаеше мора да тропнеш ало сакаш да влезеш.
     
    На Lolipop23, Bupalu, Larahappy и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.323
    Допаѓања:
    7.988
    Пол:
    Женски
    Бидејќи се породив во приватна болница, а со првото на гак, често добивав коментари колку пари плативте...што ти фалеше на Гак за три дена толку пари да даваш...како од нив на заем да сум зела пари:) ама еве скоро еден месец од пораѓај, па секое чудо за три дена.
     
    На Puffy2019, EvieBabe, dunika и 10 други им се допаѓа ова.
  4. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    @Nenna97 и кај мене така влеваше свекрвица, дури влечеше и други луѓе од фамилијата, додека доев :!: Што е најтрагично си имаме посебни спрата со посебен влез. Три пати направи така и црвен картон :D
    А инаку реално се ме нервира, премногу се ставаме заштитнички кон децата и избувнуваме. Не ми се средени хормоните :lol:
     
    На dunika, Lolipop23, Bupalu и 6 други им се допаѓа ова.
  5. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    4.981
    Со оглед на тоа дека татко ми е воздржан не коментира, свекор ми лабав, свекрва ми сфати дека апсолутно немам потреба од неа и помош, може да дојде да си игра и радува, немав никакви коментари од фамилија. Баба ми ја решавам, она е стара ама питома, знае нешто да избаци, ама пак не и се замарам. За вон фамилија ми е гајле, не оти слушам. Баба ми помага многу со работи за кои ми треба помош (на пример ми пече пиперки :D)
    Ми остана да ме нервира тежината. Малце симнав на почеток и кога реков качувам, па +5 кила сум со доењево. Подебела откако бев трудна. Морам да се стопам бре луѓе. Ама си дадов период на уживање. Во некоја зен фаза сум. Мнооогу ми е убаво со бебчево. Ко издрогирана. Ништо не ме нервира. Се' ми е ај има време. :^)8)
    Понервозна бев бремена. Дека лежев, дома сама по цел ден. Сега сум доста сталожена и дури и поспора. Бебето ми е кротко и јас.
     
    На dunika, Lolipop23, Bupalu и 10 други им се допаѓа ова.
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Се ми сметаше...
    Првите 2 недели бев страшна.
    Сега не дека нема коментари ама не ги ни памтам веќе...
     
    На senjorita-v, Mari*, Bupalu и 6 други им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Мене најпрво во болница ме оспонервира персоналот ама секаде има такви не се лутам. А ме ми е прва операција 5та ми е. Понеразнрани од нив тешко. (После се чудат зошто добивале поздрав-ќотек од пациенти)
    Друго што ми сметаше беа конците. Два ама душа ми откорнаа,нерви ми искинаа.
    А за рекла казала од луѓе... Мајка ми " да е жива" уста не затвори ко 3 свекрви е
     
    На LadyBug18, Puffy2019, dunika и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Ме нервираа луѓето. Иако немав многу околу мене и тие што беа ми беа премногу. Свеки како се да знај, дели мислење, важна се прави ама снајка не е некоја да трпи такви работи. И кажав точно шо како стои, нејќам да ми се меша ни таа ни било кој ако не побарам јас мислење и до ден денес ми е така. Не барани коментари, совети, мислења не ми требаат од никој(fingers)
    А повеќе не се ни замарам, не ги ни забележувам и да ги има :D
     
    На EvieBabe, Larahappy и NEA им се допаѓа ова.
  9. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.238
    Допаѓања:
    23.985
    Пол:
    Женски
    Првите две недели ме нервираа небитни коментари од луѓе.
    И уплав имав од стомакот. Сега ми е онака:^)
    Моментално не ми смета ништо,освен хемороиди и запек :rofl:
    Самиот пораѓај не ме измачи толку,колку хемороидиве:D
     
    На Cold.E, Mari*, FreeMind и 2 други им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Коментари околу детето.
    Најинтересно што сама го растам отидам Мк требало да се каже дека требало мишката да му се измие при бањање и слични циркузи и глупости чиниш јас еве ништо не правев до тогаш па чекав на нив да кажуваат како се бања дете чува и рани.
    Ама ај.
    Затоа викам златна дома моја.

    Единствен огромен проблем што ми остана е косава, од кај 3 ти месец па се до ден денес окелавев во буквална смисла на збор.

    Друго што се смени од една страна слободата од друга се зголеми љубовта, и многу други работи вклопени во нејзе.

    Толку е убаво да си мајка еднакво колку што е потешко.

    На сем почеток кога се породив и сега ден денес се смеам на испадите мислите што ги имав у глава.
    Бев чудна и интересна среќа периодот помина сега сме одлично.
     
    На senjorita-v, CameliaMiller, Puffy2019 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Во памет ми е првиот ден кога дојдов со бебчо дома и кога сите му рипнаа (баба, тетка...) т.е дишеа во врат и бебчо кога рече плаче се откорна од плачење и на сите со се маж ми ги избркав надвор. Буквално им реков ,,МАРШ ДА ВЕ НЕМА,, (facepalm) и за 2 мин ги снема луѓето :). Нормално бебчо се смири па утредента морав да објаснувам поединечно дека сменил средина итн итн и му треба период на адаптација.

    Нешто посебно не паметам освен што ден денеска свеки е ампициозна дека бебчо ќе пие кравјо домашно млеко (нит првото пиеше нит ова ќе пие и покрај тоа што таа упорно носеше домашно млеко цела година), тетката знае да праша глупи прашања ,,какаше тој денеска?, цицаше ? спиеше?...,, Можеби не се глупи ама едни те исти бре и ги научив на памет и последен пат кога праша и дадов одговор на сите 5-6 прашања по редослед како ги прашува и изгледа свати колку е саат и веќе не ме прашува.

    Кога имаше грчеви тој ќе плачеше а некој ќе ме праша ,,што му е?,, Е ова прашање ме вадеше од контакт па менував одговори или кажував дека се грчеви или скок во развој па следуваше нареден муабет ,,да,да бебе е ќе менува тој,, :rofl: или ,, па бебе е мора да плаче, :!: така се развиваат бели дробови,, :bug:

    Знам дека сите му се радуваат но и трескаат глупости ама брзопотезно на сите им покажав каде им е местото :nod: а можеби и дека ми е второ бебе па јас не се замарам воопшто со околината, ваљда созреав :rock:
     
    На Puffy2019, dunika, buba4e89 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Најиритирано ми е ко ќе ме прашаа дали цицат. Ко не цицаше првите 3 дена оти не цица оти не ми дошло млеко ова она... Кога почна да цица е кога почна кога то дојде млеко нели немаше и сега до кога ќе го цицаш до 6 месеци обавезно ами цицај до годинаипол две греота е. Абе тешко тебе со цицањето цели денови ќе ти виси на гради .... Давај и АД млеко малку му е мајчиното слабо е тоа млеко, не му давај никако ад млеко ко имаш што ќе фрлаш пари. Најјако ми било; надвор навечер бебе не се важат,доилка никако навечер надвор ќе снемаш млеко не им викај на луѓено чао ќе ти замине млекото носи лебче со тебе ако веќе мораш да излезеш надвор или со бебе. (Као демек лебот чудо ќе направи) (facepalm)
     
    На Cold.E, bertold, Puffy2019 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.077
    Допаѓања:
    20.830
    Пол:
    Женски
    Истово и мене од збор до збор :)
     
    На Makedonka007 и didisi им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    поарно никој да не знаеше дека бев бремена и да не знаеше дека сум се породила.
     
    На *Sara*, Tajnaotrovna, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Оти дишат ми сметаа. Се буквално ми сметаше секој потег, совет, “мудрост”.


    Денес ми смета само потењето пред искачање додека ја средам и неизбалансирани хормони кои во еден момент од мене можат да направат вампир, а во друг светица :)
     
    На Puffy2019, dunika, Mari* и 12 други им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.734
    Допаѓања:
    72.641
    Пол:
    Женски
    Хормони полудени, сите ми сметаа. И со првото и со второто истото ми се случуваше не сакав да ги пипне никој први 2 недели, само мои беа :rofl: Не дека не ги зимаа, ги зимаа.. а ја вриев во себе. Највеќе од се ме нервираше што ми влегуваа членови од домашните во спалната рано сабајле пред работа (а ја градите надвор, во спаваќа или пижами), да го виделе бебето.. белким нема цел ден да го видат.

    А само првата бременост (мн се поправив), ми сметаше тежината :sweat: Едвај чекав да ослабнам.. не се можев сама себе. 180цм, а 91/92кг бев по пораѓај и ништо не ме собираше... Алишта не можев да си најдам (facepalm) И додека не ослабев во хеланки и широки кошули бев :D .... аааа да и трудничките фармерки си ги носев :doh:
     
    На dunika, Mari*, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    10.346
    И како го реши проблемот и кажа сама или преку маж ти?
    8):D
     
  18. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Сама директно и и падна незгодно, вика да во право си.Ама на само ни пред маж ми ни пре свекорот, само јас и она.
     
    На Makedonka007, slavica999 и Larahappy им се допаѓа ова.
  19. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    12.948
    Пол:
    Женски
    Сѐ ме нервираше на почетокот. Прво шо не можев асолно да седнам премногу ме болеше.
    После коментарите дали цицало, зошто му даваш ад, мајка ми кога скокна како така да не го доиш, а свекрва ми одоколу зошто не можеше директно да ми рече. Кога ги подбрав двете, престанаа да ме нервираат.
    Исто и секојдневно прашање од свекрва ми "какан е денес?" Ден денес истото ме нервира ама сега не ми вели мене туку на детево. Ќе го седне на нокшир, ќе го занимава и 50 пати ќе повтори "ај баба искакај ми се, не ми си какан денес" :envy: Или "малку ми какна денес, ај сега доолесни го стомачето". (чоече шо се крсти)
    Еднаш и реков, а шо го тераш со сила кога сабајле какаше, гледаш дека не сака да седи. Ако му се оди сам ќе си каже.
    Друго ме нервираа тетки, баби дошле да го видат и дофрлаат. Ладно му е, покриј го, облечи му папучиња, елече, капче зошто не ми ставаш, пушти да се стопли го замрзнавте детето. :headbang: Еден куп вакви коментари.
    И нормално врв, на секое плачење особено ноќе, таа нацртана пред врата и цимоли демек многу и е жал што плачело бебето, 2 пати дури скоро гола ме најде.
    Е тогаш мм и рече и од тогаш нема влезено.

    Вториот дел наскоро, сигурно и за второво ме чека истото.
    Абе само :swear::swear::swear:
     
    На Puffy2019, EvieBabe, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.325
    После првиот порагај кога јас неискусна мајка морав да се носам со коментарите од умните личности околу мене!
    - Што му е? :^) Ова беше најчесто поствувавуваното прашање од мајка ми секогаш кога плачеше, не сакаше да заспие, не сакаше да јаде... наеднаш она прашува - што му е? И јас требаше да знам, нели? Еднаш и реков - прашај ја ќе ти каже бебето исто како мене што ми кажува (а бебе 3-4- 5 месеци)

    - Гладно е ! Има мајка која не го слушнала ова? Исто бабите две ме давеа со убедлив тон - гладно е, дај му шише млеко, ти немаш млеко! Веднаш вадам цицка и шприцам накај нив - кој бе нема млеко? :@ Нареден кометар - абе имаш ама не ти е хранливо! Не можев никогаш да ги убедам дека не постои нехранливо мајчино млеко!

    -Урочено е! Ова од свекрва ми, ако дете плаче нема грчеви, не му се спие, не му се јаде туку едноставно е уроченооо! И ајдеее, крстени води, миење очи... и коментар - сега да видиш как ќе се смири! Па ако случајно бебе се смири погодете кој беше најгорделив?!?! Па свеки, наравно!

    И еден коментар кој до срж ме заболе и никогаш нема да го заборавам - ти немаше да доиш, случајно се погоди да цица бебето, ти не сакаше да трпиш болка и готова беше да се откажеш! Ја отерав у ПМ, и секако доев до 12 месеци!

    После вториот пораѓај никој не смееше да отвори уста! Во првиот случај имав многу помош и затоа многу се мешеа! Со вториот пораѓај сама си терав по мој ред!
    Единственото нешто кое ми сметаше беше што немав доволно време за поголемата ќерка! Ме дојаде совеста дека ми е запоставено детето! Искрено,и сега некогаш ме мачи истата мисла, а се трудам да минам и време со големата! ;(
     
    На Ladyyyy567*, EvieBabe, lackygirl и 7 други им се допаѓа ова.