Ако не праи и оваа така за бебето еве на! Ќе манилулира, ќе плаче пред ММ, ќе драми, дека не давам да го гледа, ќе имам проблем, знам уште сега, ама не можам да се нервирам, јас џабе им зборам сега, они пак по нивно ќе тераат, и ќе биде хаос додека мм е на работа.
Затоа што се себични и не знаат како да сакаат. Најдобрата лага што ни се продава е дека секој родител си го сака детето најмногу на свет. Не, некои родители себе си се сакаат повеќе и се спремни и преку среќата на сопственото дете да газат. Не можеш и не ни мораш да ги смениш, треба само синот да престане да паѓа на нејзините "жртвено јагне" финти.
Се согласувам со ова ептен, зошто за мене сакањето е да биде среќен и ти да се радуваш што е среќен,а не да си гледаш за твојот г*з значи што тука покажува дека го сакаш синот? Така памтам малку офф ќе отидам, кога почина татко ми, јас дете од 10 години мајка ми глуми силна пред мене , а баба ми се дере леле што ми направи сама ме остаи,жена од 80 години.Мајка ми дури и се развика,алоо детето си го остави од 10 години престани! Себични многу, како идна мајка на син пукајте ме ако станам ваква гнаса А свекрвата ми моја идна,нема прашано за моето дете,па јас си кажав уште сега,ако додека се породам не изразат желба за бебево некаква,макар да прашаат нема да го видат никогаш. Може само слика ако он им покаже. Пошто до сега не изразила ни желба да ме види,ниту па прашала како сме со бебето. Не ме познава бе луѓе!
Па ова е баш тоа што го кажувам. Плаче дека ја оставил, не го жали него што умрел, се жали себе си што е сама. Себичност.
Абе баш ти е гајле, ич нека не ти доаѓа, не ти ни треба! Ти викам да не живееме со нив, нити ќе и се јавам, нити ми е гајле дали ќе праша било што. Ич не ти треба.
Ауу не ми треба, ди имам луѓе околу мене,секако не сме во ист град. Ама ме лути една работа,внуците од претходниот брак на дм ги чува,па дури и бившата снаа со дечкото ја прима дома да и седи само внуците да не и ги земе, а за моето дете рекла сами чувајте го не ме интересира. Мене не ми е гајле ама дм го боли ако не кажува,пошто од прв или 100ти брак,внуци и се бре сите исто,од син и се!
Пошо се ментални сите баба ми од едниот чичко внуката ја нема никогаш видено 15г има слично ради ова што пиша. И знаеш што ?криво и е се кае секој ден само вика леле ќе си умрам нема да ја видам. Епа пошо многу се понашаше дури снаата беше бремена и се праеше Господ не стигна да ја упознае Се надевам на твојава памет ќе и дојде дури не е предоцна
Епа ајде де, гледаш дека се стариве забегани, нека прави таму што сака, нека ги прима кога е ненормална, снаата со дечкото да ја прима, боже господе. Седи си тука раат со него, и да не се замараш ичч, утре ќе и требате вие, ама тогаш снаата и дечкото нека ги бара. Мене еднаш ако ми згреши човек, толку е после, кој сака нека биде, на черга пред врата да ми спие нема да ми е гајле за него, е до толку сум злопамтило ако ме погодиш длабоко.
И јас сум таква.Треба стварно да ми згрешиш,не се лутам за глупости,ама ти моето дете(дете на син ти) го газиш,па можеш и мртва да си не ме занима. Јас мој брат сум избришала од животот засекогаш,не па некоја си квази свекрва. Добро е што дм си знае кој си е крив,и го гледам се накај мене и мајка ми влече,нит ми збори за нив,нит ги брани,у право си само ми вика и не се замарај, јас ти и бебето сме фамилија.
Мојата мн сака да се слика за фб со бебето, а ние не и даваме слики да закачува на фб. Не заслужила бре. Дете спие, со душа чека да стане, се слика и потоа ја остава да си полежела беба Веќе се смеам на нејзините глупости. Од првиот ден кажав кај и е местото, а и син и исто.
Ооо да, за се известува редовно што и како се случува. Стриктно има забрани од нас, ама потребата од внимание неможам да ја сватам
Не знаеме која е побетер Мојата свекрва не живеела со свекрва а се понаша како со 10 да живеела. Пак зависи и од мажите колку се толерантни и на што се се спремни доколку они постават граници и им ја соберат опашката се би било подруго не би имало толку кавги ама ретко кој е спремен за таков став се сме ние лошите снаи што се караме и се ни смета
Ејј ова со сликањето бог да чува! Мојата не слика за социјални мрежи ама нонстоп го слика. Првпат кога дојде да го види (немаше ни 40 дена) уклучила блиц и го слика. Кога скокнавме со мм во исто време и се развикавме И нели на тоа квичење да го види бебето очекуваш дека ќе дојде и ќе го гледа, ќе го држи... Таа дојде, го изнаслика, го зема во раце за селфи и го остави "за да не го учела во раце". Следниот пат кога изрази желба да го види, мм и префрли за сликањето демек што ќе доаѓаш и онака не го погледнуваш. А за коментарите колку сум отрпната, не можам сама да се препознаам. Премногу си дозволува и си коментира, а мене тоа премногу смешно ми паѓа, луѓе не знам зашто Ми вика мораш (пази, мораш) да го учиш да пие вода од чешма. И јас се изгазив од смеење и викам не, не морам. Мораш да го учиш да јаде солено. Ја прашувам зошто? Не знае да ми каже ама најјакиот аргумент е дека таа исчувала три деца. Сигурна сум дека свекрва и ги чувала зашто она не смеела да и писне ама ајде. И додека чекам да ми одговори за солта имаме опасен eye contact и она врти глава на страна. Заради нејзините коментари и секојдневно поминување на границите, не и дадовме да го види внукот 7 месеци и не и доаѓа памет. Среќа што јас се променив, па ја трпам.
-Притисокот од страна за доење (успеавме, ама ужасно ме нервираше што на секое тоа ми го збореа) -Ретко некој да се заинтересира јас како сум и како се чувствувам -Немањето помош околу домот, неможноста мм да земе одмор откако родив -Притисокот кој сама си го наметнав, дека нема да му е посветено доволно внимание, затоа што бевме сами јас и бебе и никој друг
Скоро па во иста ситуација Неуспеавме да се доиме зашо ми висеа над глава и ме оипкаа на гради да видат дали имам млеко се знае кој свеки, Помош никаква сама сум по цел ден Ретко кој е заинтересиран да ме праша како сум Дома хаос неможам да стигнам со бебе а камоли да фатам нешто а пред да се породам бев педантерија и сеа мислам дека сум на раб да скренам
И кај мене беше хаос викнав сестра мајка се согласија мислам дека 3 дена 40м2 средувавме генералка Коа ќе ми кажеше некој :Еии не обрнувај внимание на прљави садови и да сме цицале цел ден. Абе важи да ми извиниш на израз ко во свињарник полудев. Не ја прај истата грешка или викни помош или отиди негде плати некој ако имаш финансии. После тиа многу поубаво ќе се осеќаш бар јас бев така процутев од кога се исчисти станов.
Ако си во можност побарај помош, мајка, сестра, свекрва... сигурно доаѓаат да го видат бебето па може и да потфатат нешто. Ухх, и мене ме ужаснува неред ама неколку викенди по ред, маж ми го занимава синко, јас само за доење се појавував. Едно по едно, доведов во ред до некаде. Некои ситници веќе искрено не ги ни приметувам, посебно сега кога е веќе поголем и си бара внимание. Кога ќе се изнервирам, во количка и надвор на шетање.