За ракијава,во мојава фамилија имаме случај пред 20 години ова кажувам роднини мои доста зафатени со бизниси изнајмуваат дадилка да им ја чува керката. Се сомневаа дека дадилката редовно си ја "смирувала" со ракија бидејќи била многу поспана секогаш дома кога ке си дојделе и за жал малце не е иста како што била како девојче а имала 3 години си има последици А во случајот горе сигурно го нуделе за да не му "падни" курето
Синот на золва ми го обожавам и ептен сакам да го гушкам и држам во раце. Ама па и имам осет, цел ден сум со луѓе и уште у фаца да му дишам, па нема смисла. Не е само пандемија, има и сезонски грипови и глупости. И беше настинат, едвај го среди. На неа не и смета, мене лично не ми е ок. Нема потреба цел ден детето да кружи по раце, меракот не е најбитен.
Дека статистички мали деца и бебиња лесно го поминувале ковид вирусот според тебе е оправдано за време на пандемија кај новороденче да доаѓаат луѓе и да го држат? Да, супер оправдување е пандемијата. Супер оправдување е и ако едноставно нејќам никој освен мене да го држи и да нема пандемија. Уствари, што има мајката да кажува било какво оправдување? ‘Не сакам гости зашто не сум расположена никој да видам и сакам да сум сама со бебе и маж’ според мене е супер ‘оправдување’.
Се согласувам и јас дека нема потреба мало бебе постојано да биде од раце во раце. Ама верувам дека никој не е со гости цел ден. Верувам дека еве пример твоите родители ќе дојдат еднаш неделно да го видат твоето дете и ти нема да дозволиш да го земат во раце? Имаме и ние мало бебе во куќата, ама не се гледаме секој ден, а кога го видам го подржам малку и го оставам да леже и така си играм со него, го занимавам. А таткото може да го држи?
Не, туку членката го става таткото на исто рамниште со сите други. Никој освен неа не сака да го држи бебето. Мислам...
И моите родители и неговите и комшиите и секој треба да има осет. Бебе е, не е улична мачка. И не знам што толку драма правиш околу ова, нејзино дете- нејзина одлука. И да не дава ни на татко и да го држи, нејзино право е. Аман со тие мераци исполнувања
па реално и бог да чува е малце да не дадеш баба да допре внуче јер твое право е твоето дете. што ако осети повеќе љубов и топлина? грев е?
Не ми е гајле дали е грев или е топлина. Нејзино дете- нејзино право. Она го родила, она треба да му ја мисли кога и е болно. Она- мислам мајка на детето
Да не читаш ти селективно случајно? Овој дел со таткото не го виде или сакаше нешто да ме исмееш само?
Па не е само за баба муабетот. А кај се чичо, стрина, тета, вујче, кума? Изгледа никој нема право да го допре детето, да си игра со него. Љубов не се добива само од баба и дедо.
е да. познато ми е... дур си дојдов на себе три месеци пројдоа. иначе за време на пандемија тотално подржувам бебе само со родители.