Неколку месеци после раѓање и јас не сакам многу луѓе да го чепкаат и држат бебето. Не дека никој не смее, туку многу лигавење не сакам и крај. Види го две секунди и назад. Другарка ми од ден 1 кога се породи, бебето го даваше на секого пошто таа има филозофија дека така сите луѓе ќе ги сака и ќе му помогне да се зближува лесно. Јас сум гадлива од недоволно чисти раце, па ако дадеш бебе се умислуваат дека можат совети да ти дадат за добро родителство и просто ми смета да го гледам кај друг во раце и тоа е. Можеби се хормони, можеби сум јас општо неарна во паметот ама и 10 деца да родам, нема да се променам.
Внуците кои се на возраст од 3 до 6 години, ниту еден единствен пат ги немам бацено по лице, чело, раче, ноџиња... Нит кога биле бебиња, нит па сега. Секогаш ги бацувам во косичката, горе на главата. Јас не знам која е таа потреба сочно да го шлапнеш во образ дете од 1 година. Па не гледаат ли колку е таа кожа нежна, колку е чисто тоа лице. Не покажуваш ништо екстра љубов со тоа. Јас се ежам за туѓи деца, а не па за мое. Тоа ќе биде строго забрането. А да не праиме па муабет колку од луѓето што ги познавам, (поблиски, подалечни небитно) вршат правилна орална хигиена. Правилна орална хигиена не е само заби да измиеш еднаш во денот, со четката што не ја смениле 3 години. Од устата доаѓаат милион бактерии, стоматолозите подобро знаат од мене сигурно. Дури и на мајката и е забрането да го бацува бебето доколку има херпес или слично, а не па други. За држење може и ќе дозволам на кратко, кога нема да спие. Мерак ќе им биде, ако, не ми смета, се додека ме прашуваат, а не да го креваат од креветче кога ќе им текне. Ќе се вратам на темава за едно 3 месеци и ќе кажам и тогаш мислење.
И ние тоа се чудевме, валда била некоја послаба ракија или не знам. Јас да помирисам ракија ќе ми се слоши. А може и мешало со сок детево. Мало виски мало кока кола. После се смееше кога раскажуваше ама во моментот баш била потресена, детето го болела главата 2 дена.
Јас и цел свет. Не можев да се гледам со мевот ко гајда обесен преку гаќите. Само плачев, не знаев зошто и викав не можаммм. Мајка ми можеше малце да земе одмор и се на се беше 7 дена со нас. После тоа бевме сами јас и бебо. Од мајка му не сакав помош за да не мора сега да пишувам колку не ја (ги) варам, со маж и. Среќа мирно бебе е па немав многу тешкотии околу дункање и ред други работи, одмарав и јас тоа кога спиеше и веќе после 2 месеци малце се вратив во колосек.
Да не требаше и повојници да терам? Какви стринки тетки во пандемија дома никого не прибирам мое право е
Jas razbiram na site im e kejf da go vidat ama kako se resava nekoj vo pandemija da krene telefon za da ti se najavi na gosti ne razbiram. Eve i da nema opasnost za deteto, roditelite ako se razbolat koj ke go gleda toa dete, koj ke go doi??? Po mene takvite se krajno sebicni luge, za svoj kejf i merak ne razmisluvaat kakvi se posledici moze da ima za da go podrzat bebeto 5-10 min. Strpere se bre luge si ima prioriteti vo zivotot, bebeto e nesvesno ama site drugi treba da se vozrasni so sposobnost za razmisluvanje i rasuduvanje
Де бре луѓе што ви е на вас? Познавам 2 мајки кои се разболеа од корона и да они си го доија бебето, они си го чуваа и гледаа. И јас имав грип и бебе од 3 4 месеци и замисли нормално си беше сѐ, јас ја доев, чував и гледав без помош. Испран ви е мозокот на вас со оваа короната. Немам коментар
Уживкај си. Кога ќе ти се јават дека си позитивна, а ти немаш направено тест,не си отишол на термин, тогаш мисли дека се што се сервира е така
Se e toa ok ama ne gledam zosto da se stavam vo rizik za tug kejf. Od kade znaes stp i kako ke bide. Jas imam bliska rodnina koja vo 8 mesec imase mal grip sto go projde so caj i limon i deteto e so nedorazvienost na mozokot i so posebni potrebi. Muabetot e zasto leciti koga.moze spreciti ama tu bidi si fina i teraj kejfovi po ostali, posle fala ke ti recat sigurno i moze poise nasledstvo ke ti ostaat
Детето било на мајката, само таа одлучувала, ако сака не мора да го даде на таткото да го држи, втф ви е жени? Со задоволство ве чекам во темите да се пожалите како маж ви не го чува детето. Срамота.
Еве и јас ја прележав короната и мм и сами си го чувавме буквално, ама јас знам како поминав тие неколку дена кога глава неможев да кренам до што ме болеше главата, кога кревавме температура и јас и мм и омалаксани, а дете бара да јаде, да си игра, да се избања и се со ред. Не, не ја прележуваат сите исто короната. Има луѓе што се на инфузии, лежат по болници, а меѓу нив се и мајки со мали деца