Па можам да претпоставам, зошто помина со мало покачување на температура, нецели 12 часа, немаше никакви други симптоми. Кај тие што остава последици имаат потешки симптоми
Освен за тоа дека сме како глувци и ќе не требат за ништо друго не е во право. Немаш дочитано, врати се назад по мислењата и види, си кажува дека ни ги имаат испрано мозоците со короната, дури 2 мајки знае кои си чувале деца и прележале корона, ете ништо не е.
Wtf? А самохран родител нема фамилија и родители? Не ми просипајте филозофија, ако вие сакате да ви кружи детето по стринки и тетки слободно go for it. Некои не сакаат и нема што да им се соли памет. Детето е на таткото и мајката и они одлучуваат и крај
После породувањето ме изнервира свеки кога на секој што ќе и се јави да и честита кажуваше дека немам млеко зашто со царски сум била породена Инаку имав млеко Ама според неа градите празни ми изгледале Првата недела бевме на дохрана од 30мл само по потреба нели. И реков на неа да спреми и да му даде за јас да се избањам. Излегов од бањање и гледам уште го рани, ми падна чудно дека синко 30мл брзо ги пиеше ако беше гладен. Госпоѓата 90мл му направила. Не се расправав јас, мм лом ја направи. Имам среќа што на мм сестрата се породи после мене и сега свеки знае што ја нервира неа и затоа не ми ги прави тие работи на мене Така да сега немаме проблем, не се замешала за јадење или да каже зашо вака зашо онака. Стандард само со мајка ми први се да кажат дека треба повеќе да го облекувам, ладно му било Е сега свекорот минатиот пат зема по раце да го бацува. Пред да може било што јас да кажам свеки лом го направи Инаку мајки да ви кажам не знам што е поентава со кумовите. Нашите кумови не го виделе, нит ќе го видат додека не заврши короната. Го имаат видено само нашите родители и браќа и сестри. Мојата мајка работи со корона и да ви кажам дека и покрај тоа што децата лесно поминуваат, нов е вирусот и не се знае како ќе влијае за неколку години. За грипот веќе е докажано дека носи трајни последици кои може да се појават после неколку години.
Ама тоа случајно било, можело и лошо да биде. Мило ми е за вас, ама не се знае кое бебе ке е во 1%. Ти цитирала Јана.
Кој ма пиша дека ќе нѐ требат како глувци? Дека го прочита тоа? И зошто морам јас да го делам истото мислење со тебе за ситуацијата со коронава. Ај гледај си го детето и не се замарај со мене. Откачи се женче
Овде. Не буквално, ама во контекст на текстот на членката одговорив. Крај краева она го имаше пишано. Се извинувам, ќе ти се откачам. И никој не напиша дека треба да се согласуваш со мене.
Ама незнам зошто не ве префрлија во друга тема, па и како се запнавте со тоа недавање на никој бебето, небаре само вие сте родиле па ова чудо е, никој да не го допри..А за да акате по кафиња сакате баби да ви ги чуваат..тогаш ако го држат и гушкаат... Ајде доста летате оф топик одете во темата за корона па таму докажувајте се..
Како можеш да генерализираш така? Јас и мм сме тие што поставуваме правила за нашето дете и ако мене нешто ми смета имам потполно право да кажам. Неможе немиени да ми гушкаат и шлапаат бебе од незнам колку месеци. Ако вас ви е сеедно, немора да значи дека на мене и на други треба исто да ни е. И да, не го оставам за нигде, ни за на заболекар, не па за на кафе. Баш ми викаат да го оставам, ама јас несакам. Ептен ако е нешто итно, во скоро 2 години 3 пати дали се случило. Ако ви се остава дете на баби за по кафиња, незначи дека на сите ни е тоа желба. Не сме сите единки исти. Поздрав и убава вечер
И јас ич не сакам да ја оставам на неа . А сега со короната мисли ќе морам и едно две нема дете да ти фатам. А пред мм глуми не сум и давала да ја зема
Ако ги оставаме децата со баби за на кафе, значи дека имаме баби бањани и чисти, и плус не ги шлапаат внуците.
Море какви ги има и снаи и свекрви. Јас имам снаа што се нешто не и чини, ама детето не ја погледнува, по цел ден е со баба му, со неа спие, јаде, мајка буквално не бара, ама па за све има маана. Шетала по комшии, дома го оставила, а се расправа зошто му дале плазма и млеко за вечера, а не она што мислела дека треба. Седи дома, направи си му на детето што сакаш. 5 години има детето, ова сите 5 години се случува. Секоја чест на исклучоци. Да се едитирам: И свекрва ми е и бањата и чиста, за тоа неможам да се пожалам, ама тоа нема врска со мојата одлука да и го оставам на чување. Далеку е од причина да и го оставам.
Па не е баш така. Ако прифатат да го оставам ќе биде под мои услови. Ако им кажам не плазма, нема плазма. Колку и да шетам јас сум мајката и детето ќе расне како што јас сметам дека треба. Многу добро научив овие две недели како е да си го пазиш детето 24/7 да не му дадат џиџи бисквита, животинско царство, гравче, риба, сирење и сл. И врапчињата веќе знаат што е дозволено за бебе, а што не, само свекрвите никако да научат.
Твоево е едно ова е друго. Оди на работа, се враќа, легнува да спие, детето не ја бара ни она него. Станува, јаде (наоѓа маана на ручекот, што некој и го спремил дур и го чувал детето), станува, го чепка син и 5 мин, си оди на кафе. Доаѓа навечер детето избањато, навечерано, заспано. Пред мене му вика сакаш со мене да спиеш? Детево и вика со баба си спијам, нејќам со вас. Не се ни труди да го натера. Ова трае со години, не ден два. Тетка ми сама кажува дека неможе, ама на снаава не и е гајле. Не е само роди го и остави го. Да си мајка си носи одговорности. Не работеше, шак тетка ми го чуваше секој ден. Она на плажа одеше секој ден, дури ни преку ден не го успиваше. Кога го имаш за се оставено на друг по 24 часа, мислам дека треба да сфатиш дека тој некој се снаоѓа со него како знае и умее и не е мајка, туку е баба, детево од септември во школо тргнува. Да се едитирам - се согласувам со твоето, исти случај е и кај мене, ама не значи дека дур сме отсутни ќе е така. Свекрва ми не му давала благо, дошол свекор ми и отворил ресани, таа му рекла немој да му даваш, тој и рекол мерак ми е. За 2 саати детето 4 ресани изедено, едно Монте и Животинско. Дете од година иц2 месеци беше тогаш.
Ооо колку си грешка тука. Верувај има мајки што и не се баш информираат што и како треба, што од 3м даваат тетрапак млеко, од 4м даваат сокови, уште од почеток на раѓање на бебето не му ја држат главата кога им е во раце, што не знаат за моро рефлекс туку мислат дека бебето се плаши па го носат на бајачки. Има секакви млади мајки, што применуваат старски совети