Мене лично после пораѓај ми сметаше што золвата на секое плачење на синко ми влагаше во соба демек она изгледала толку многу деца,а она нема деца сеуште не е и мажена (не е ни дека не може да има) тоа што го земаше од кај маж ми од раце навечер а бебе сирото од грчеви плачеше ама и докажавме каде и е местото пред да се преселиме али еден период само после тоа не свекрва ми ме нервираше што се правеше дека е глува демек не слуша јас додека го доев ми влагаше во соба не се заклучував зошто едвај се успиваше со грчевите па не беше изводливо.И да сакавме да имаме односи со мм не можевме од нив да напоменам дека имаше простор од 140м2 куќа во која ние седевме во 16квадрата од кои 70м2 ги држеше само свекор ми и кога направивме муабет за да седиме ние таму а он да си се качи горе свекрва ми одма срипа вика не не може (они двајца на различни спратови седат) страшна работа се затоа и си купивме стан и си седиме сега не ми ни требаат искрено. Сега се тепаат да дојдат на гости али му кажав на мм дека да си седевме таму секој ден ќе го гледаа сега секој ден да ми доаѓаат тука не може. Прво зошто не знаат да го играат доаѓаат и во раце го држат друга работа ај што го држат ќе го лупнат пред телевизор и дремат така. Не ја сваќам која е потребата да земеш бебе во раце да го држиш наместо да го играш а има еден тон играчки и не сваќаат дека плаче зошто не сака да е во раце Ете така си се пожалив јас
Не само мајки и свекрви има и педијатри што даваат чудни совети На познаничка матичната и рекла да дава 100мл чај сабајле и 100мл навечер не можело бебе на 3м само млеко да барало да пие повеќе од препорачаната доза на табела и она си ја слуша матичната не бара 2ро мислење...
Изгледа единствена сум шо не и сметала свекрвата. Искрено ве читам и се чудам како бе ке ми иде во сред ноќ или ке ми чепка гради?? Шо ви е??? Како може да дозволувате такви работи? Кога се роди ќерка ми мм дојде сам да не земе, дома беа моите и неговите, јас не ни ја памтам таа ден убаво бев многу изморена со болки од раната не можев ни да седам ни да лежам. Ручавме и си заминаа, мајка ми остана уште два три дена и толку. Секој пат до ден денес кога и да сакаат да дојдат прво ѕвонат без разлика мои негови. Да не сум надвор од тема. Имав многу тежок и долг пораѓај. Си сметав сама на себе. Плачев цело време Долго ми требаше да прифатам дека не сум немајка оти бебето ми е на Ад Искрено вака кога ке се присетам не ги ни паметам првите два месеци
Имаш луѓе со осет и без осет еве ти пример.Пред некиј ден дојде братучетк ана мм и си ја викнала золва ми уз пат ај бе дојди со мене и ете ти ги двете во 7 саат вечер а јас го успивав малиот. И си отидоа за саат време она ни да каже ни да се јави ништо.Затоа од сега ќе си доаѓа братучетка и кога ќе може а и ние кога ќе сме слободни а за нив и многу ретко ќе бидеме безобразие на ниво
Повеќето го прават од почит спрема партнерот. Мое мислење е тоа. Бар кај нас дома мајка ми секогаш имала дужно поштовање за старите ради татко ми, а не беа да ги погледне. Е јас учам како не треба па не ги зарезувам.
Жално ако е така, среќа во мое опкружување немам некои такви млади особи, само ова старите се останати со тоа 'Бог да чува од докториве, ги малтретираат децата, затоа се болни нонстоп ништо не јадат.' Оваа мојава уште еднаш ако ми спомне за кравјо млеко ќе и купам една крава. На глава ми се качува секој ден. Вчера оставила на маса кикирики и еклер (и покрај тоа што и кажав да не остава ништо зашто малиот се исправа и си зима од маса) и он нормално си го изгмечил еклерот и си јаде,среќа па кикириките не ги земал. Му го земав и почна да плаче, нормално убаво му дошло благичко, и ете ја оваа 'Па остави го де, аман ништо не му е' и се свртев и викам не може еклер. И уште ми вика 'Па леле, што да му дадеме сега да се смири, еве ти баба животинско царство' Јас стварно не знам веќе на кој јазик да и објаснам, секој ден истото го повторувам, објаснувам и не и не. Решила таа контра да иде и крај.
Ама каква почит, од почит кон маж ми да и дозволувам да ме фаќа за гради?( ова ми падна најмногу во очи од сите работи) Јас имам почит кон родителите на мм не само оти му се родители, никогаш никој не се мешал ама ние не сме дозволиле. Ова е наше дете, еве моето е 14м и сите знаат дека не дозволувам да јаде благо и го почитуваат тоа може мислат дека претерувам ама не ми го газат зборот скришно да даваат.
Абе не е таа глупа, само глупа се прави зашто го немаше видено 7 месеци и сега сака да се наметне. Десет дена сме на гости кај неа, буквално секој ден збори за кравјо млеко и буквално секој ден и кажувам дека не може. И вчера пак кога ми рече 'Мораме да го навикнуваме на млеко од шише', ја гледам со отворена уста и не ми се веруваше дека пак истиот муабет ќе го правиме. И да, тоа и е најново мораме, одиме, спиеме, јадеме сега магично она е вклучена во сите негови активности, нема врска што кога се породив муабетот беше снаоѓајте се сами.
Моите па не ни одат контра, барем не пред нас. Ако речеме нема благо, не ни даваат. Порано свекрвата како и секоја баба знаеше да прокоментира дека голи му биле нозите, ладно му било, ова она, ама и моите па и други го зборувале тоа. Се нервирав и јас порано ама отрпнав веќе. 100 пати е кажала свекрвата за што и да треба тука сум ден и ноќ. И го ценам јас тоа. Ја оставам кога имаме некоја потреба да одеме некаде, на пазарење или слично, а некогаш и малата сака да оде па ја оставам. Јас мислам дека сите наши проблеми со нив завршија откако не зависеме од нив во секоја смисла и не ги слушаме нивните совети и си тераме како нас ни одговара, а и не се гледаме секој ден и покрај тоа што сме во иста куќа. Мислам, јас со свекор ми и свекрвата се гледаме секој ден оти заедно одеме на работа, ама настрана од тоа се гледаме неколку дена неделно
Кажи и само дека ти е алергично на кравјо млеко и да не го пипа зошто може гушење да добие не дај боже па она ќе одговара можеби ќе разбере така
Абе убаво е така, зошто да не, фамилија се. Треба да сме тука за празници, за убаво и за лошо, за помош ама едноставно со некои луѓе не може, никогаш не си на чисто. Долга е нашата приказна и доста драматична зашто се паничари сите и скандалозни, ќе треба цел ден да пишувам. И мојот план беше да го оставам малиот да го чува неколку саати да можам да се видам со другарки ама малиот пишти само што ќе му се доближи. Лепенка ми е. Што да му правам 8 ипол месеци е, не можам да му објаснам дека му е баба. Ние никогаш и не зависевме од нив, само што работиме сите во фамилијарна фирма ама сега сме на чекор од наша и скроз да се тргнеме.
Епа на следно кажи и дека ќе си одиш ако многу збори да видиш магично како ќе прекине Инаку како што пишуваш мислам прв момент и ќе му даде и млеко
Затоа не ги оставам сами ни 2 минути И се смеев на @babyboy1 што сите намирници ги воведе порано за да не му даде свекрвата, па да направи глупост и сега јас истото го правам. Среќа што му воведов млечни зашто пред некој ден му бутна овчо солено сирење во уста, а купив моцарела за него и кажав дека за него само такво. И тоа е тоа ама утре доаѓа маж ми, па ќе одиме со објаснување на потешкиот начин.
Јас се согласувам со тебе скроз ама многу го практикуваат тоа. Трпат секакви работи ради таа почит демек.
Не е од почит од партнерот туку партнерот станал толкав маж, а не може да и каже на мама да не ја фаќа жена му за гради и породени жени со хормони, преморени, без поддршка од мажот тешко дека ќе се нафатат да се борат со секого, затоа си ќутат и си трпат од што немаат сила, а не од почит. Каква е таа почит ако тој не ме одбранува од сите, немам почит за таков маж кој нема почит кон мене.
Летото во Гевгелија бевме на педијатар, синко имаше скоро 2 месеци. Ме праша педијатарот демек колку цицал и јас му реков кога сака колку сака. Ми рече не може така, требало да цица на 3ч, ако му се јадело во меѓувреме да му дадам чај Не ми се веруваше што слушам. Посебно зашто докторот е матичен на скоро сите деца во Гевгелија.
Ова многу често го слушам едни вака други така Поделени се педијатриве едни викаат колку сака и кога сака други на 3 саати Чај сум давала за грчеви ама на дете на ад. А да даваш 200мл на паковањето тоа е доза за дете не за бебе. Забегуваат малце
Така е да. Јас се водам по принцип дека почитта оди по заслуга ама знам и мои блиски што го прават така да не го увредат драгиот им сопруг зошто неговите помагаат финансиски или живеат во иста куќа па ако може и во кревет да им влезат.