Откако се породив, ми пречеше психава, сѐ сфаќав со тежина, хормоните ме погњавија некоја недела, потоа малку се средив, имавме помош од трето лице-мајка ми. Со маж ми знаев да се спукам за ситница, додуша како тој да беше породен , знаеше да ми се истури за нешто што ќе му речев (пример доаѓа од надвор и ја фаќа кваката од дневна и му велам оди измиј ги рацете и ќе ми за'ржеше "доста ма се секираш, не лета вирусот блабла не паничи" или ќе му речев потивко, го заспивам, па пак ќе ми за'ржеше "значи не го учи на тишина, алоо, нека спие со звуци", после кога го заспиваше и тој и сфати дека некогаш скокот го ремети, си ја свитка опашката и само му ги враќав тие муабети ). Инаку, е супер татко. Ама го разбирам дека и нему му работеа хормоните. Од понадворешни лица немавме навала. Фала на Бога. Ќе делам малку од вас и ќе кажам дека свекорите се ок, поразбрани и прифаќаат насоки. Не се ко пијан за плот. Свекица дури и поповлечена е, ненаметлива особа, што од страв да не направи некоја беља, се држи настрана. Ај да не ја тупам со нив, не сум интересна со "пофалбиве" Свекорот пак ми вика "сега со коронава нема луѓе, немате потреба, да не беше вирусов, ќе ви идеа" Јас му враќам "молам, биди сигурен дека и тогаш немаше да дозволам на почеток да идаат". Со тоа си знаат дека не сакам многу многу тупење и лигавење и сакам да се созема, па доволно се интелигентни да извлечат заклучот. Јас сум можда малку дифтар, ама тоа е, поарно така отколку скраја да завршиме кај што не треба, како едни познаници, чие бебе на 4 месеци во козле беше. Инаку од коментари, не очекував да ми солат памет, ви велам не идеа луѓе, немаше кој. Туку, ете ти ја јатрвка се појавуваше со нејзината експертиза. "Зошто повој, ќе му се искриват колкчињата, така на една... Бла бла; ако има грчеви види млекото твое да не му пречи, генетска алергија на млеко можда има, давај вештачко без лактоза; јас советувам ако не се осеќа некоја за доење, да не дои" итн итн. Си ги расфрлаше коментариве откако ќе закачев по некоја слика од малиот, па ми ствараше и сомнеж и нервоза. Поддршка невидена Сега, потешко допираат таква коментари, сепак сум посигурна и да ми треба мислење, на друго место го барам.
Ве читам и highlight е моментот со кравјото млеко. Но уште поголем highlight е свекрва ми кога ми кажа зошто не сум ставала мед на цуцлата. Мед на 5 неделно бебе Дефинитивно најмногу ми сметаше притисокот за доење, поготово кога го изгубив млекото тоа беше невиден притисок кој уште го чувствувам. Нема да заборавам кога ме однесоа во инфективна после пораѓај и само што се разбудив свекрва ми имаше пишано дали ми дошло млекото и цело време да го ставам на гради. Кој притисок почуствував, јас парализирана од пола надолу буквално не ми беше пуштена анастезијата, ни бебето не сум си го видела, и го читам тоа. Наредните денови само и такво пишување следеше. После тоа во живо продолжи. Иако мм цело време и префрла дури и забрани да доаѓа, тоа ужасно чувство не ме напушта уште. Си наоѓам утеха во оваа група, знаејќи дека не сум сама во некои работи. Едит: Всушност јас се изненадив од нејзиниот однос кој до мојот пораѓај беше нормален и наместо да се подобри со носење на прво внуче во нивниот дом, напротив се смени во неподнослив. Претпоставувам дека и од таму доаѓа тоа ужасно чувство.
Тој истиот педијатар на мојава ќерка и препиша антибиотик за затнато носе, кога имаше само два месеца. Отидов на второ мислење кај докторката за вакцини и плус се јавив на др. Станка од Систина, инаку ќе ја клукавме антибиотици за ништо. Познат е тоа што антибиотици препишува како бонбончиња. На другарка и рекол штом качи температура 37,2 веднаш лек . Го сменив, но реалноста е таа што немаме речиси никаков избор на педијатри овде. Повеќе во Систина одиме, но реално многу малтретирање е, ако е за обичен преглед.
Така е, најдобра е таа кај вакцините. Пред вакцината го прегледа детално, совети ми даде. Бевме и кај Дојранлиев, докторот стварно е стручен ама нит маска носеше ни раце дезинфицираше, хаос...
Сите ми сметаа од мало до големо и сеуште ми сметаат одредени персони. Првите дена кога си дојдов од болница не го давав бебе на никого се криев во соба и го доев. По три дена маж ми онака со натажен глас ми вика, дај ни и го нас малце, ај после реков да не мрдам со паметот и полека почнав да се опуштам и да го давам на другите. Ама кога и да го видев кај некого друг (освен маж ми) некое чувство од во мене ми доаѓаше како некој да ми го краде детето и одма си го земав назад и пак во соба си бегав си се затворав. Сега е малце поголем и потежок и го давам на другите ама сеуште не по многу по некое време одма си го земам назад и пак во соба, а се жалам дека сум уморна, а не сакам помош од никого (освен маж ми). Никој не го знае подобро од мене, кога плаче знам зошто плаче дали е глад, поспаност и тн.
Јас па од дојранлиев ич не бев задоволна. Не дека кој знае колку пати ја прегледа, два-три пати пред вакцина. Првиот преглед после испис од болницата беше пресуден кога рече немаш млеко давај ад, а мене само што ми надојде.
Да др.Елена е многу добра, штета што не може да биде матичен доктор, а за матичен за жал немаме избор.
Иста сум буквално, не само на почеток туку сеуште. Јас разбирам дека ете внуче им е сакаат да го подржат, ама кога ќе го земе некој друг освен маж ми се осеќам како да ми го крадат детето, воопшто немам доверба и не можам да се опуштам, цело време мислам дека ќе го земе детето и ќе си го симне доле свекор ми. Башка пред некој ден кога му беше името на син ми, се собравме така само домашните и од памет ме вадеа муабетите што ги правеа за детето, свекор ми е рибар и постојано викаше 'ти само порасни цело време со дедо ќе одиш на риба, мајка ти ич нема да те гледа' мене притисокот мислам ми се качи. После детето се расплака и коментар 'ваа мајка ти ич не ти дава да јадеш, ти само порасни и доле ќе си идеш што сакаш тоа баба и дедо ќе ти даваат' а што е најбитно детето плачеше зошто му се спие не од што му се јаде ама ајде... И уште многу вакви муабети што ме извадија од кожа буквално, дури едно време станав и испаднав надвор да се исплачам од што ми беше толку тешко и не можев да издржам.
А замисли за некој месец ке молиш да го земе некој да ти го тргне малку од глава за да се одмориш Камо јас да имав помош од некој Едит: колку и да го сакаат бабите и дедовците на бебето тоа секогаш ке знае кој му се мајка и татко. Сега за се што се нервираш потака ке се смееш колку си се нервирала за ситници
Тоа ти верувам, ама ова чувство што го чувствуваме со @Snowflake97 , а верувам има многу други сигурно е дел од мајчинскиот инстинкт. Кога некој ќе го земе ти се чини готово ќе пукнеш мора само кај тебе да е ти си му мајка, да те чувствува само тебе. Имам помош кога ќе сакам ама само јас ако го дадам. Прво дете ми е и сега гледам слики од пред три недели и колку е изменето жал да те фати.
Сериозно ве допираат вакви коментари?? Детето знае кои му се родители плус вие сте тие шо одлучуваат за него. Не може да ме допре нешто што знам дека нема никогаш да се случи. Ама многу се замарате кој шо рекол искрено, гледајте си фамилија.
Па и свекрвами исто слични коментари дофрлаше, нека овие што не ти даваат да јадеш јас ко ќе те остават кај мене ќе те најадам убаво со млеко од тетрапак. И ај после остави и го, млекото не го разликуваат кога е правено дали пред сат или два сати нема врска ќе му го дадат ако го видат во шишето и да стоело 5 сати. Нозе ми паднаа да го имам под надзор искрено, па коментари од типот прво ми е не знам јас треба да ми се покаже. Затоа најдобро во соба сама со него и не ме интересира, го давам само кога јас сакам.
За медот исто со мајка ми ,се додека не и ја пратив статијата за ботулизам од Фемина ,е после дури прекина. А за едитираното исто и свекрва ми. Не знам што им се дешава .
Мајка не се нервирај пред време, иста беше и свекрвами јас го ранам таа дофрла мајкати само глупости те рани, баба ко ќе те накрка манџа да го наполниш мешето не ова гриз, просо незнам шо..Тогаш пукав од нервози, а еве ја сега тргнав на работа пред една недела и секое сабајле ме прашува што да јади тој ден и колку количински па и на колку сати да му дава.. И ако не ја сака таа комбинација, се јавува да праша со што друго да му меша овошје на пример Сватив дека џабе сум се нервирала Така да не си стварајте нервози пред време, можи ќе бидат како мојава понатаму па џабе си го уништувате денот
Леле истово на сестра ми. Се и контрираше и прв пат за викенд кај нив а ние излезени во кафич абе 5 пати и се јави...А ова смеам? Ова волку изеде? А цртани колку време а како го облакаш? Иако се и било претходно кажано. И еве уште и се јавува 5г има малиот и ја пршаува околу храна кога ќе им побара нешто Абее се силат само ама не е сеедно туѓо дете кога чуваш нема играње играчки
Офф. И ден денес ме нервираат домашниве. Свекрва ми веза си нема од животот. Неа децата и ги има изгледано свекрва и. Значи буквално ништо не знае. Ниту да држи дете во раце. Ние ја учевме, кога се роди малава. Ама за коментари прва беше. Пиј ова, јади ова да имаш млеко. Јади чоколада, дај му на бебето чоколада, убаво е да се јаде благо за нервите. Кои нерви мори, бебе од 2,3 месеци А зашто не даваш ад, ќерка ми му дава на бебето, види колкав е тој, а нашево е ситно,нека се поправи малку. Реков види го син ти колкав е, јас колкава сум. Не знам на кого сакаш ти таа крупна да е. Сега дека и со дохрана почнавме. Требало да цица, дохрана и ад. Зашто? Зашто ќерка и така правела. Реков на ќерка ти и е слабо млекото и не и јаде добро бебето затоа му дава и ад Свекор ми. Ајде на пролет ќе те шишаме ќелава, да имаш убава густа коса. Еднаш, два пати.. му кажав дека нема шишање, ааа мајка ти нема да знае и вика. Реков ако ја видам таква, тешко вас. Ама невесто да има густа коса. Не се замарај му реков ти за нејзината коса Ехее 3 дена можам да пишувам. И јас се чувствувам ко @Snowflake97 и @BabyD0ll кога ја држи некој освен мм ваљда тоа е поради што немам доверба во нив
Зависи не се сите такви си тераат како сакаат они. Треба да ги излажеш демек алергично е за да не дава инаку џабе си тераат како сакаат.