Само свекрвата ми сметаше. Мразам такви како неа. Се знаат, а другите се неписмени. Дел од нејзините коментари: 1. Јас сум изгледала три сина. Има мене да ме слушаш. 2. Немаш мајка и ништо не знаеш. 3. Не смеат гости да ти доаѓаат. 4. Кога ќе го бањаш детето да му ставаш листови во водата. И ред други коментари. Малку фалеше ќотек да добие од мене. Ненормална жена.
Ни самата не знам како ја истрпев. Што може да се очекува од проста жена. За помалиот син не ни дојде.
Леле колку безобразно од нејзина страна... особено вториот коментар, без малку душа. А какви листови во бањање? Прв пат слушам за ова...
Единствено што никогаш не дојде млекото и не доев. А што се не пропив и пројадов...џабе. Ах да и едвај чекав да излеземе од болница и да си одиме дома...претходно лежев на патолошка неколку дена, мораше. Тој дел подобро да не го поминував, прав кошмар. А потоа откако се помина добро, ништо и никој не дозволував да ме допре, прилично смирена, посветена и окупирана целосно со син ми.
Некој адет. Па уште и детето требало да се бања со ќибрит. Свашта. Што можеш да очекуваш од проста и неписмена жена, која нема социјален живот. Кога се породив со помалото супер ми беше. Се сама си правев.
Колку сум осетлива на втората точка, мене да ми каже не знам што ќе направев, жими се. Можеби исто ко тебе, може би ја заколела, не знам. Алал да ти е како си издржала. И да, имаш мајка, сите имаат мајка. И јас сум имала и таа ќе остане. И ти си мајка.
се ми сметаше и сите околу мене посебно на маж ми ми идеше некогаш да го истепам , не дека ми правеше нешто тој кутар туку од самата постпородилна умот така ми велеше
ако уопште има совест. е нели таа 3 деца и изгледала појќе бе знае од нас. Ние од 21ви век прости сме.
Дефинитивно највеќе ми сметаше тоа што многу ми плачеше бебето и многу проблем со спиењето.Ептен често се будеше и до втор месец буквално бел ден не видов .Ни имав време да јадам ни ништо по дома да фатам.Среќа мм ги завршуваше сите работи по дома . Единствена добра работа од сето тоа беше што 20 кг (што ги качив во бременост )ги симнав за тие 2 месеца А за коментари од свекрва да не почнувам.Сега одпосле кога ќе ми текне кои глупости ,кои бабини деветини....Тогаш уште во шок може и сум ја послушала за нешто
Се и секој ! Премногу осетлива за се и сешто. Плачев многу,дури и кога ке легнев до бебе да го успивам,се давев во солзи,немам одговор зошто. Свекрва со глупи,најглупи компарации од пред 30 години. Мајка ми со секој телефонски муабет:како пројдовте синоќа,спијавте,какаше... Свекор: само мене вака ми се смее.....доста ја гледаш мајка ти (кога ке пројдев покрај бебе,а бебе во него), и желбата бебе да го сака него највејќе од сите... Маж ми: за секое слободно време што си го има,сд тушира раат,раат гледа серии... Телото.
Убава тема не ја знаев. Видов дека не сум била сама, сите сте плачеле Свеки не може да не смета, па и од злато да е. А мајка па не може да смета Најмногу ми сметаше што бебе 15 дена не фати цицка. 15 дена со пумпата во раце бев и се обвинував дека не ме бива После процица, ама 15 дена беше само плачење за пусто цицање....
Луѓе не ме нервираа. За моја среќа живеам со разбрани, умерени и современи луѓе. После второ дете стомаков дефинитивно е лабав, на ништо не личи, после секое прејадување сум како трудна пак. И втора работа што многу ме нервира е лабава бешика и црева. Посебно кога сум болна и кашлам/кивам, обавезно се подмочнувам и неконтролирано испуштам гасови
СЕ ми сметаше! Здравје за второ нема никому да кажам и ќе го видат после 3 години. Затоа што нели мајчинството е среќа, а не пекол во кој главните ѓаволи се 'фамилија'.
Маж ми ... Вчера... Леле детето пролив има ти реков дека ќе го настинеш да не го пресоблакав бебето ... Така на рака ми беше наместен однопачка да му шлапнав.
Значи мене уште ме нервираат.. Мајка ми со коментарите немој да јадеш од пченицата од задушница е, навечер детето надвор не се изнесувало а нај јакото беше кога дојдовме дома дека седевме со свекрвата некое време адет било она да го бањала прва бебето :/ абе мрш у... Мене ми сметаше кога ќе сакаше друг да ја земе неќев да ја дадам ни да ја подржат малце себична бев си го сакав само за себе а за хормоните никогаш не сум имала потреба да се туширам секој ден ниту да джставм толку многу дезодоранс сега не можам д се поднесам некогаш и два пати дневно се тиширам, страшно Лелеее со какањетоо само ми се јавуваа, какаше ли дај му сливи масирај го, изгледа слабо ти е млекото затоа нема што да кака бебето, душиче плаче гладно е И нај нај јакото кога комплетен стрнец, друга мајка со бебе, што не ја познавам успат се разминавме ме праша колкаво е и зошто не сум и облекла чорапчиња :/ seriously не беше ладно беше пријатно нејзиното беше во скафандер, во скафандер.. Моево без чорапи со тенка пелена покриено, родено во декември уште и немам скафандер купено Заборавив да додадам значи МНогу ме нервира кога ќе ми го намирисаат детето со парфеми кој како ќе го земе  и морам да го бањам после од што смрди на парфеми, и друго што ме нервира немаат осет луѓево значи ако сум ти ја дала да ја подржиш не значи дека смееш да ја лигавиш по лице и да ја бацуваш а посебно не некој што не ти е ни фамилија значи збеснав
Изгледа сите не имаат прашано, какаше ли денеска? Јас се му викам, јас ли дали какав Сега кога почнав со дохрана, аа што е денес за мени и викам зеленчукова каша, да ама што има внатре , па а оти не си ставила тоа и тоа , последен пат одговорив само ме мрзе да кажувам, се има, изгледа се осети и не прашува веќе
Еве и јас да си кажам најмногу ми сметаше свеки зашто влегуваше кај нас без да тропне и кога ќе ми застанеше над глава ужас и ќе ме разбудеше а башка јас целата во цицките разголена бидејќи го дојам бебчо и така сум заспала па не мора она да ме гледа за на крај да му кажам на маж ми да ме заклучува кога ќе излегува на работа и жената си се научи на ред.А друго што најмногу ми смета е килажата значи де ми остана од пораѓај од 64 кг што сум ги имала до 36 години сега сум на 80 стварно не знам како ќе се справам со тоа меѓутоа за еден месец поаѓам на работа па може ќе намалам