Јас имам проблем со золва ми. Децата и се 2 и 4 години и не се вакцинирани од ништо. Маж ми се лути дека не сме ги запознале децата со бебето. Како да ги запознаам одат во градинка, се дружат со сите во време на пандемија и плус не вакцинирани??? Нема шанси да се доближат. Цело време му го перат нешто мозокот на мм она и свеќи па после ние се расправаме по дома. Ама не е цела нивна вина. За сите муабети што ги прочитав за свекрвите до сега ги обвинувам нивните синови што незнаат да застанат на страна на жена им, туку се кријат под суќната на мајка им.
На убав ден надвор на сонце со маска и дистанца така сите што сакаа (од близок круг на луѓе фамилија и пријатели) син ми го видоа. Дома никој не прибирам.
Nema razbiracka so antivaxxeri...kako sto e nejzino pravo (mada ne bi trebalo) da ne vakcinira taka e tvoe da ne primas nevakcinirani dur ne se vakcinira tvoeto dete. Neka brkaat rabota ic ne i se smaraj
Ако детето има забрана за вакцинирање,тоа е осудено да биде отсечено од другите деца? Без осудување, ако е невакцинирано нее штетник за другите деца.
За каква забрана зборуваш, од родителот или здравствени причини? Како не е штетник кога може да пренесе зараза на невакцинирани бебиња?
Која зараза да ја пренесе? Ако е детето болно, заразено тоа нема ли да се виде? Од мравка слон правите
Како ќе се види ако е заразено на пример со сипаници во период на инкубација ? Или тоа не се пренесува така? Или заушки? Или да набројам уште?
Да, така е. А што со оние деца што и покрај вакцината се заразиле со сипаница? Пример моето дете. Јас сум од сѐ вакцинирана и пак имав заушки и сипаници и тоа со лоши симптоми
Затоа треба внимавање дури твоето бебе не е вакцинарано. Затоа што внук ми фати како бебе сипаници од вакви собиранки со деца по дома. И во болница заврши тала да не е од мравка слон туку реално треба внимавање со бебенце колку што може повеќе. Ако не е нешто неопходно нема потреба да се прави како на пример терање гости во пандемии на корона, рпред тоа во пандемии на заушки, морбили итн
Сите деца беа невакцинирани? Немој да ми речеш. Да, треба пазење со мало бебе. Јас не сум за доаѓање на гости и мешање со луѓе додека е бебето мало, иако си има имунитет тоа. Има некои што ги расшетуват бебињата по роднини, што примаат гости секојдневно кај бебиња од неколку недели. Строго сум против тоа.
Ај ако може некоја да ми објасни пошо не ве сфатив. Ако ми дојде на гости заразено дете, каква разлика прави дали е вакцинирано или не?
Баш така. Не мора дома да дојде, на лулашки, во парк, на Водно, било каде си играат деца, секаде може да дојде во контакт со невакцинирано дете. Да не дискриминираме на таа основа зашто нема причина.
Така е. Мојава фати сипаници месец дена пред 2риот роденден, а не ни знам од каде ги закачи. Можно е од градинка, ама не се сеќавам дали имало други случаи.
Не зборуваме за деца што веќе се со нешто заразени па имаат или немаат вакцина. Деца кои одат во градинка се по дифолт извор на зарази за сите не само за мало бебе, а невакцинирани деца се ризик за зараза на невакцинирани бебиња од болести кои се опасни по живот, а искоренети благодарение на вакцината.
Никогаш ли нема да ги запознаеш децата? Знаеш ли дека вакцините се примаат со цел доколку дојде до зараза, полесно да ја поднесе организмот и да се избори? Што правиме со сезонски грип? Одење во градинка и пандемија се легитимно оправдување ама вакцинација е глупост. Ако нема зараза, што да пренесе?