Во врска со градинкиве и невакцинирање... Дете на пријатели нема примено една вакцина, онаа за која родителите понекогаш чекаат детето да прозбори пред да го вакцинираат, не знам точно која е али мислам најголемиот дел од вас ја знаат. Детето не го примија во ниедна градинка во Аеродром затоа што не ја примило таа вакцина ама затоа ја примија во Центар. Значи на ниво на еден град не се усогласени градинкиве а не па на територија на цела република.
Па 'студија' пошо не е студија, а тонот зашто таква е човечката природа да возвраќаш на ист начин Немав ни јас лоша намера туку ете може не сум знаела дека тие шират зарази. Спојлер: Оф топик А стварно многу ме интересира дали знаете и други примери каде што невакцинирани деца одат во градинка? Не би требало да е вака и треба да се преземе нешто зашто што вика @Leksikon стварно ова трендот со невакцинирање ќе стане голем проблем.
На каков ист начин и тон ти возвратив или обратив? И кај виде дека не е истражувачка студија? : 1Centers for Disease Control and Prevention, National Immunization Program, Atlanta, Georgia 30333, USA. psmith3@cdc.gov PMID: 15231927 DOI: 10.1542/peds.114.1.187 PubMed delivers a publicly available search interface for MEDLINE as well as other NLM resources, making it the premier source for biomedical literature and one of the most widely accessible resources in the world.
Ок недоразбирање некое било. Мислам дека овде сите го сакаме доброто на децата и затоа дискутираме. Иначе пабмед е една од најрелевантните страни, објаснето е истражување спроведено пд 95 па ... колку деца и како што. Мислам дека дава добар опис
Ima pricina zaso vakcinirano dete tesko verojatno deka ke se razboli od toa sto e vakcinirano. A bebeto sto ne primilo vakcina nema sansi da ne fati ako bide vo kontakt so takvo dete ili vozrasen seedno
Nekolku pati se spomnuvaa pogore sipanici, ve molam pravete razlika megu morbili i sipanici site sto gi prelezuvame. Ne se isti i za morbili ima vakcina, a drugite polesnite se prelezuvaat. A na tema vakciniranje samo edno ke kazam, koga nosite kola na mehanicar vi ja poprava mehanicarot jer vie ne znaete. Isto e i so vakcinite, za da imate pravo na odluka prvo idete epidemiologija da zavrsite pa posle ke ste kadarni za odlucuvanje, vo sprotivno ima koj znae i ucel za toa.
И тоа затоа што немале пријател во таа градинка. Да имале ќе го примеле. Искрено како мајка не сакам да правам дискриминација. Но родителите кои не ги вакцинираат децата е жално што не сфаќаат дека покрај своето во ризик ставаат и други деца и не им е гајле!? Ова мора некако да се регулира...
Повеќе е истражување отколку студија и не докажува и објаснува ништо од моите досадни прашања. Се е сведено на можност. Од друга страна, ќе го чуваш од невакцинирани деца, а утре заедно ќе учат во градинка и школо. Иронија.
За таа нели има рокови не знам колкаво е детето ама го запишуваш и оди без таа вакцина а после 1г или 1,5г не ти го примаат дури не ја примиш Е сега негде ти викаат може да дојде до крајниот рок за вакцинација негде ти викаат не го примаме воопшто @Jana06 во коментарот реков Јас Си Станав ДОСАДНА на себе дека неколку пати пишав, а не твојте прашања дека биле досадни. Ама читаме шо ни чини А за другово со неколку типкања на гугл можеш да видиш ал е студија ал не е Нема везе толку од мене на темава
Детето е сега 1г 8м и уште не е вакцинирано... Не знам кога точно има појдено во градинка ама ако добро се сеќавам некаде накај септември почнаа да се распрашуваат за во Аеродром. И да, се слагам дека вака и други дечиња изложуваат на опасност. Ама битно им беше мама да одмори малку по дома, не дека детето го пратија од што нема кој да го чува или за да се социјализира - ова нивни зборови си се.
Чекале да прозбори мислам рече? А има веќе година и 8 ине зборува? Дали превземале нешто околу тоа...па ако не превземат тоа може до 4 да не зборува и никому ништо а....се чудам искрено, вчудоневидена сум
Не знам дали ја имаат носено негде. Вика само баба и мама, ова мислам ги теши малку... Не гуга нешто многу, не зборува ни на некој измислен бебешки јазик. Не знам што да кажам, не е мое да им коментирам. Само се надевам дека се имаат консултирано со стручно лице.
Можеби ни треба нова тема за ова . Еве вчера го правевме муабетот, денес ова излезе по порталите.. https://sdk.mk/index.php/makedonija/novi-trojtsa-zarazeni-so-mali-sipanitsi-vaktsinirane-i-vikendov/
Ако би фатила зараза сегде може да ја фати.Она нека му ја мисли што не прима вакцини зошто во болница завршуваат
Се ми сметаше. Бев нападната од постпородилна депресија, но никој не го заболе за мене. Сите напнаа со доење, досадување, доаѓаа непоканети, ми се мешаа во се и ми правеа притисок. Ме правеа да се чувствувам како лоша мајка и како ништо да не знам. На глава ми се качија и никој не ме праша како сум. Поддршка никаква од никој. Халуницирав од неспиење и нервоза. Ми сметаше свекрвата, ме нервираше сопругот. Ми сметаше и тоа што не смеев ниту да се пожалам бидејќи која сум јас, млада,неискусна, прво дете и плус попустлива. Моја грешка. Од култура и почит молчев на луѓе кои не го покажуваа истото кон мене и затоа мојата култура и попустливост беше злоупотребена и цел живот ќе си патам. Ми сметаше и се уште ми смета тоа што не можам да се видам со никој близок. Ми смета што не можам тетка ми да ја поканам на гости или да одам кај неа.Изговорот за се е короната, а кога станува збор за другите дома, тие можат сегде да одат и со секого.