Мајка си, тука негде сме со годините. Да си го земеш веднаш детето и да си го прошеташ. Мање битно дали кај тетка ти или кај другарка на кафе. Се додека не си завземеш став, маж ти вака ќе ти прави. Ако трае коронава уште 2 години, зарем како цвеќе дома ќе си венееш? Само ти си жртвата у бракот, зошто тој не се загрижи како се чувствуваш и еднаш да ти угоди? Зошто тој не се притресува дали ќе се скарате? Што може од ова полошо да биде во бракот? И самата знаеш дека нема да се разведе, само го искористил еднаш тоа за да те замолчи. Покажи заби, син ти расте, зарем да гледа мајка му како ја газат?
Од вчера сум договорена со другарка да се видам. Дома не кажувам на никој додека не се спремам и излезам. Вчера само на маж ми му кажав, кога почна да се спротивставува му кажав дека и тој оди на кафе со мажот на другарката која е поентата? И замолча. Не кажувам дома бидејќи знам дека одма коментари ќе има и ќе звучи како дозвола да барам. Минатата недела кога имаше сонце излегов со бебе во количка и свеки одма притрча, не вака не така, стави шал на бебето, ја влече тендата на количката. Замижав ај. Тргнавме и после 15 минути ја гледам низ улиците не бара.. Место не ја држело дома, си направила филм да не ни се пуштиле кучиња и тргнала по нас. И викам дека носам телефон секогаш зошто прво не се јавила? аа она испаничила, телефони не и текнувале. А знам јас зошто тргна. Пред да излезам 100 пати ме праша дали сама одам бидејќи неколку другарки сакаа да излеземе на воздух да го шетаме бебето кога веќе не смеам на гости да ги викам и да им одам, на отворено да сме се виделе. Абе ситуацијата смешна ама мене косата ми се крева и се ежам од такви глупости.
Не е смешна ситуацијата и не се твои хормони во прашање па да претеруваш туку свекрва ти претерала. Јас така неколку пати ја прошетав малата низ маало, на сонце, со другарка. Истата другарка која трчаше и 8 саат сабајле да ми донесе парацетамол до врата кога кренав температура сама дома. Истата другарка која без да и кажам сама се распрашала за пумпа за измолзување по роднини и ми ја достави до врата. Дозна свекрва ми низ муабет за шетањево со другарка, го погледна маж ми, виде дека он ништо не изреагира и си ја свитка опашката. А и да кажеше нешто одма ќе и вратев. Следен пат кога ќе излезете, пали патиките на најјако и за 15 мин да те нема од маало па она нека лута како будала низ улици, нека ја мислат луѓе дека не е арна а ти раатот ќе си го видиш со детето.
И јас така некни излегов ,ама не беше дома. Ко се вративме си беше дојдена и вика па вие каде бевте ,мислела кај кумата сме (блиску живее) не викам се шетавме. Здраво право младо старо салати се на улица е ние ко мрднато дома. Заќуте и ништо веќе не спомна. Јас мислев ќе се буни како е облечена ,што е ама не. Се изненадив. Убаво ти рече бицка наредно набрзина нека те снема од маало па нека бара ко мрдната .ако ти ѕвони на сред ѕвонење на авио режим стави телефон и прави се немаше мрежа
Оваа здрава ли е? Оди по улиците и ве бара да не ве нападнело куче? Па ти не си малоумна, да не знаеш детето да си го чуваш. Ааа вака јас на сред улица ќе урлам и ќе ме чуе цела населба. Ма што и се криеш,јас за инат ќе си го спремам бебето и ќе зборам ајде мама со дада *** ќе шетаме на воздух...па нека ми писне. Ќе ме следи она мене како психопатка, отерај ја таму.
Ме изнервира многу, ај да е само тоа, абе секој ден коментари. Умре близок роднина, не беше корона. Сакав на погреб да одам, тие луѓе за се ми помогнале. И она ми вика абе корона имало, кај ќе сум одела. И ај да не ми коментира и да не се жали дека детето многу ќе ми го чува викам ќе отидам само свеќа ќе запалам. Се договоривме да ми го зачува детето саат време јас да одам. Дојде време да тргнам и она ми вика абе што има и свеќа да палиш, отиди на 3-те дена, ете се јави изрази сочуство, доста е. Е луѓе тогаш збеснав. И викам со овие зборови: "Е како не ќе отидам, ќе одам. Тие луѓе ми помогнаа многу и заслужуваат да сум таму. А сега ти на мене не ова не вака де она де тоа, а на другата снаа сите и беа од корона, на погреб отидовте на баба и што почина од корона, на денови на се одевте, ама јас не смеам нели? Само на мене си дозволуваш вака да ми се мешаш и коментираш. Знам јас зошто е тоа така, ама ете ти кажувам ми пречи. Од дома не сум мрдната оти кај и да тргнам одма коментари и забелешки." И да видите како ококори очи, кога ја спомнав јатрвата дури и се насмеа, како да и успеало да ме испровоцира. Ептен глупо се осетив јас што си дозволив да и се спротивставам и докажам. Па знаете што ми одговори? Ми вика: "Леле извини, не мислев така. Јас дека те имам за поблиска затоа и ти кажувам некои работи. Тоа за твое добро ти кажав да не одиш оти многу луѓе од кај ги знаеш дали се болни. Ама тебе ако не ти смета оди. Слободно, јас не ти забранувам." И кажав дека претерува со коментари и пак и нагласив дека знам зошто си дозволува само на мене тоа да ми го прави. Мислев ќе го продолжи муабетот и ќе можам се да и изнакажам, ама не праша ништо само се извини и рече дека веќе немало да коментира. Ама од тогаш гледам ладна е. Службено ми прави муабет.А за тоа што сака да се вмеша пак се меша оти знае оти зависиме од неа и ќе си зима за право стално. @Осе абе иста е , само да не го настинам. Се јас не знам и не сум се грижела. Море мрш. @jarec6 баш како нездрава, по улиците вртеше кругови и кога ме виде трча накај мене, и ајдее рикверц дома. Јас сама бев, ама на телефон си зборев со тетка ми. И кажувам кој гледам, не ми веруваше. И после ми пишала порака тетка ми, дека смешка сме биле сите дома, а јас за греота, кај дома не можам да направам муабет и гости да ми дојдат, па не можам ни да излезам, па наа телефон ако решам да се слушнам со некој одма опашка имам..
@Fallen.Angel ne ti ja znam prikaznata i zasto zavisis od nea ama edno ke kazam so sekoe prekutuvanje tvoe taa dobiva sila i te gazi. Jas ne bi i dozvolila
Дека те смета за поблиска ама е лицемерна, сигурно и на јатрва ти така и вика. И да зависите од неа сепак тоа не значи дека не треба да имаш свое мислење,особено за твоето дете и дали ќе излезете воздух да ве фати.
Не се смешни ситуацииве и сосема е оправдано да те нервираат. Без разлика како било до сега, од сега не дека не треба да преќутуваш, туку пресечи од одма и искажи јасно до каде е граница. Дали некаде ќе одиш, каде, со кого и зошто е твој проблем и твоја одлука која ете треба да ја соопшиш само на маж ти и тоа не за дозвола, туку чисто да знае. А од свекрва, мајка, тетка и стринка не ти се потребни дозволи ниту пак им должиш објаснување. Ти си веројатно помек карактер, не сакаш незгодни ситуации па она си земала повеќе за право.
Се ми сметаше и мене. Посебно коментарите од свеки како таа имала 4 деца изгледано (2 нејзини, 2 на јатрвата) знаела како треба, јас како не сум ја слушала. Дури си имаше за право земено да ми го зема од раце детето зошто јас не сум знаела да го смирам, се до еден ден кога не и се развикав... Среќа беше тука само 2 недели и нема шанси да се меша. Ама последниов период на секој телефонски разговор со маж ми и со мене прашува дали зборувало малово што има 6 месеци хаха.. Пошто нејзините деца и внуците од др син кажувале мама тато уште од 6 месеци. Ние доцниме
Да речи прозборе и прво за тебе праша дали си се јавила Јас вака враќам на вакви глупости и следен пат нормално нема
Ќе споделам мое искуство, не знам колку е ефективно и не знам дали би успеала да го применам на долг рок(ќе ви споделам кога ќе живеам со свекрвата во иста држава и ист град), ама успеав да и' одржам неколку лекции, онака суптилно и без кавги. Претходно имав пишано тука дека свекрва ми беше кај нас пред и после пораѓај, сакаше дури и да биде со мене во породилна сала. После тоа дојде и за Божиќ и Нова година, т.е ние ја викнавме. Ако нешто ме нервираше после пораѓајот, беше она, гледам сличности со неа и со вашите свекрви... Кога пробав да дојам и не успевав да воспоставам контакт оти ни јас смирена, а бебето гладно и нервозно, она ми го зема од цицка, да ждригнел... Здивев! Здивев и кога детето ми плачеше, а они пробуваа да му го масираат мешето оти "плачел ради грчеви", а јас како негова мајка инстиктивно знам што му е. Кога го земав во раце, малиот престана да плаче и овие подзинаа, детето си плачеше по мене. И тогаш она сфати дека бебето сака моја близина и друг муабет беше. Еднаш кога го слушна како плаче во 6 сабајле, ни се шибна во спална, го зема и она го смирува, јас жива ненаспана стојам и чекам да ми го даде затоа што ЗНАМ дека плаче затоа што е посран. Ама она знае повеќе од мене. Така ли? Следен пат ја оставив со малиот да седи и влегов во када. Пола саат седев како на трња и го слушав малиот како плаче, она јадна се мачи да го смири, му пее, му зборува и не успева... Ова и' беше крајната лекција, ако ти си подобра мајка од мене, еве ти го, смири го. Срце ќе ме боли, ама ќе те научам на ред. После ова веќе немаше дискусии, немаше земање од раце... При разговор со неа и анализирање од моја страна, сфатив дека жената стварно сака да помогне и има добри намери, ама истовремено е контрол фрик и го прави тоа на погрешен начин. А верувам дека и вашите свекрви го мислат најдоброто, ама го искажуваат на сосема погрешен начин. Во животов многу подобро ги решавам проблемите кога ќе им пристапам со ладна глава и разбирање, и тие се мајки, внуците им се мили и сакаат да помогнат. Знам и да и' пуштам водичка и да ја убивам со љубов , "да мајче, во право си, ти знаеш најдобро"(лажам, не ја викам "мајче", на име ја викам), некогаш ќе и' објаснам дека јас сум мајка сега, ова е мојата шанса и она не треба да ми ја одзема и да ми се меша, со убаво, со муабет, некогаш ќе се согласам со неа и си терам по свое без да се објаснувам, а некогаш и ќе ја послушам затоа што сметам дека стварно ми дала добар совет. Муабетот ми е, дајте им до знаење дека цените тоа што се грижат и сакаат да помогнат, ама вие сметате дека треба поинаку да постапите. Некогаш сум овака фина, а некогаш суптилно и' тренирам живци, ќе каже дека, пример, некое капче не и' се свиѓа и јас баш тоа ќе му го облечам. И ние не сме ангели. Или пратете им ја сликава.
Не сомневам дека имаат добри намери и сакаат да помогнат. Ама го прават тоа на лош начин, не слушаат што им кажуваш и тоа е она што ме вади од такт... Пробувам на фин, смирен начин да им објаснам дека за разлика од пред 30 години, сега нештото се прави на поинаков начин поради тоа и тоа и тоа и дека информациите ми се од доверливи извори на интернет и плус проверени со педијатар/ортопед. Тоа што ќе пробам да им го објаснам и доловам е инстант отфрлено пошто они нели веќе израснале деца и знаат како треба. Додуша, свекрва ми ретко прави така, се замолчува (се до следниот пат) ама свекор ми (за кој и двете негови деца тврдат дека бил отсутен татко) одма се лути, затоа што, пример, цитирам: од кај знае оној што смислил дека не треба да се носи капа, како му е на бебето без капа?" Среќа мм не е врзан за нив со папочна врвца па одма му враќа "од кај знаеш па ти како му е на бебето" Времето што го трошат на интернет за да коментираат политика и да се занимаваат со хороскоп, можат да го потрошат на едукација и на тој начин вистински да помогнат, ама тогаш ќе нема кој да го пцуе Заев (или кој и да е на власт) во коментари... Пак ќе кажам, верувам дека сакаат само најдобро за внучето ама одбиваат да прифатат дека нивниот начин не е секогаш најдобар и не прифаќаат ништо "ново". Мајка ми е само мааалце поарна со делење совети. Ќе каже некоја будалаштина, ќе и објаснам дека не е така и ако не прифаќа ќе и свикам и толку, се смирува и не го иницира истиот муабет по втор пат. Ама на мајка ќе и свикам, на свекор и свекрва, немам намера, има кој да им вика.. Само татко ми златен си вика, јас деца не знам, одамна беше, ем не памтам, ем сигурно е сменето, имате доктори и родители во вашиот круг на пријатели, советувајте се со нив.
Epa toa mi e zal mene na majka ke svikas, a na svekrvata zar da kutam. Ne kutam ke si kazam ne mi se mesaj. Samo so tatko mi imam razbiracka posto on vika vase si e prajte sto sakate nemoj posle ja da bidam kriv za nesto. Jas vospituvav kako znaev i umeev sea ne mi e toa rabota jas ke gi setam ke gi razgaluvam
Криво ми е за мајка ми и мене, имаме навистина убав однос, ама ова со викањето не е ништо ново, скоро 10 години тераме така. Ем ме фаќа жал ем и викам. Што да правам, ѓубренце сум, знам. А на свекор/свекрва ќе се спротиставам секогаш кога не се во право во врска со детето ама да им повишувам тон немам намера. Имам маж, он нека им повиши тон ако смета дека треба. Барем сега ваков ми е ставот. За некое време можда ќе ми се смени. Мислам дека се зависи од тоа колку ќе претераат они во дадена ситуација а и во каков стејт оф мајнд сум во тој момент. Засега сепак внимавам колку толку.
После вториот пораѓај баш ништо не ми смета. Најверојатно зашто никој не ми соле памет, оти знаат дека не слушам никој и сами си ги гледаме децата.
Ако нешто мразам,е гужви кај новороденче.Демек не може мајката сама,мора помош.Убаво е,ама не е толку неопходно. Може треба за близнаци или 2ро 3то дете,но со едно секој пар ке се снајде. Кога ви читам ситуации со свекрвите на моменти мислам дека се зезате.Ко турска серија. Мене свекрва ми ми се јави да честита кога се вратив од болница,кратко,без совети и слични глупости.Ама жената е таква,а и односот ни е формален.Во просек еднаш месечно се слушаме. Свекор ми е срце,буквално како татко го почитувам и сакам,со него е друга комуникацијата. Моите се исто доста прибрани луѓе,не се мешааат и не даваат мислење неповикани. Да,не сме во Мк,но има и такви што преку телефон успеваат да завршат работа. Да се вратам он топик,после пораѓај дома првите недели бев малку нестабилна со хормоните,па еднаш тропнав со тањири дур спиеше бебе,маж ми ме прекори да сум потивка и се расплакав Леле кога ке ми текне Ме нервираше и тој кога се приближуваше на бебе,како предатор бев,ама нормално е првите денови. Друго,ми сметаше недостатокот на сон и уморот кој премина во хроничен,но со тек на време се навикнав. Има денови кога мислам дека ке се срушам или ме убива рутината,но не сум била посреќна никогаш благодарение на ќерка ми.