Ке се надополнам само на сите постови од горе исти муабети се изнаслушав и плус експерти за спиењето на бебето во своето креветче да му се направело ред од почеток а тоа кутро мало премало многу знае дали спие кај него во креветче или со мама и тато на спална,ете спиеше со нас некаде до 2 месеци а сега си спие во креветче без проблем ,ама битно да се каже нешто ко ќе ми текне ја ставивме во креветче така премала кога беше абе тој поглед никогаш нема да го заборавам како тажна беше душичка и од тогаш си правев како сакам а другиве нека си зборуваат...
А ти како дозволи да ти го малтретира бебето? Како оќутувате алал да ви е. Треба малку повеќе борбеност да покажете, така повеќе ќе ве ценат. Ќе ми спарува бебе во ќебе на 30 степени или ќе му става перници... Во истиот момент и ја покажувам вратата. Побитно е детето од тоа дали она ќе се лути. Расипано ти било млекото, расипан и е паметот.
Не да е... Господ да ми помага за 3 недели оти или јас ќе полудам или неа ќе ја до будалам таа по телефон успеа да ме извади од такт не па во живо
Јасно беше кажано се и од мене и од мм, 2 минути да не немаше таа по нејзино. Неколку пати се скара со мм и со мене ама игнор и се е подобро вака.
Хахахаха мене и тебе исти ни се паднаа. Среќа наша. И кај мене сега е во ред, не скроз ама не се замарам како на почетокот.
Ова изгледа е стандард кај сите - Зошто плачееее? Да не го боли нешто? Да не му се кака? Гладен е. Дај му да цица. Потпокриј го и ќе ти спие, вака му студи затоа не ти спие. Не го капиш секој ден пред спиење, затоа не ти спие. Го искапи сношти? Да. Е затоа убаво спиеше (нема везе, пак не спиеше ) Зошто не го "подоставаш" со валкана пелена? Затоа ти се расонува. Мајка ми со тоа покривање нерви ми искина. Потпокриј го, потпокриј го. Ова и' беше последниот испад - по крштевка да сум му ставела книга под перница. Се налути кога се изнервирав, а милион пати и' е кажано такви работи да не ми "советува" зашто тотално спротивното ќе го направам за инат. И така.. Зошто плаче? Да го подземам јас, ми е жал да плаче. - Остави, го држам јас и правам се' за да го смирам. - Ама не, јас така само, за да не плаче. Ова со плачењето ми беше врвот и дното. По породување хормоните вријат, тие ме прават да се осетам неспособна да си го смирам детето. Се' некој да го земе да го смири, зашто нели од мајка му тоа плаче. На се' се навикнав и не ми беше гајле, ама ова со плачењето и земањето од раце кога и јас и бебето сме најранливи, баш болеше.
Е затоа првите 40 дена никој не примав дома. Ни мој ни негови. И да ти кажам супер одлука. Таман јас се средив после породување и постковид, си направивме ред со мм и така си теравме после 40 дена. И сега немам коментари затоа што се свесни дека сама го чувам и дека нема да прифатам.
Мислам дека најисцрпувачки беше периодот после породување. Во исто време хормони пукаат, и раната од царски боли. Мислам дека ќе ги исфрлев од балкон и мм, и свеки, и мајка ми. Сите се' знаат, за се' се мешаат, а мене никој не ме прашува. Со сите се карав, ама барем поставив граници, за второто веќе беше поинаку. А кога ќе слушнев дај му да цица гладно е, косата ми се креваше.
Мене ми сметаше што сите ми се изнасобраа дома у екот на корона јас со новороденче си доаѓам, а дома 15 души најблиската фамилија, многу бевме требаше само моите и неговите ни браќа ни сестри со партнерите нивни и деца уште хаос. Ама ок ми беше после само во моментот кога влегов спиздев
Ау мајки јака ви душа како издржувате.Мислам имам пишувано што ми сметаше со првото.Со второто сами бевме и да ви кажам нема поубаво од сами.Со првата не дека не бевме сами ама имавме викнато помош и помошта беше 3 недели и добро што беше толку. Јас не слушав ништо со првото , ако кажеше некој нешто одма контра му враќав.На свекрвата еднаш и плеснав.Ти си била 25 години кога си го родила мм, што мислиш јас на 31 година поглупа ли сум од тебе? Кога бевме во Мк второво беше 3 и пол месеци.Па се погоди 40 степени свекорот водичка водичка.Одма му вратив големата е во јули вода доби на 6 месеци, тогаш ќе добие и ова,гледаш уште е жива големата(во смисла не е дехидрирала без вода).Сакаше свеќи да го бања бебето ама мм не и даде.После вика леле бебето како и го држи прстето на мајка и и си трае .Да ја бањав јас ќе врескаше.Па нормално, јас сум ја научила што сака што не. Овој пат не ми наоѓаа мана дека дојам лежечки инаку за првото и мајка ми и свеќи , па тоа не било нормално па затоа бебето повраќало. Имаше уште глупи работи ама заборавов што викаа. Ау и мојата, второто машко. А слушаше цело време како големата вика сестра.А таа ќе честита нешто и благослов да ви дава Господ едно СИНЧЕ. Па ја натерав ќерче кога ќе го чуе ова да каже дека сака сестра.Па престана да кажува син.А тоа ужасно ме нервираше.Кога кажа др женско со гордост најголема и кажав дека е мома.
Скрос истите муабети ги слушав. Тоа зошто плаче еве годинка син ми направи и уште го слушам. И јас се каам што не бев построга да не прифаќам помош од свекрвата, ама бидна. За наредно уште сега си кажав никој не сакам. Јас мислам на раб бев да полудам од тоа земањето од раце, многу лошо се чувствував. И ден денес се каам што во нервозата го оставив синко и излегов, бидејќи нели јас не знам да го смирам, и го оставив неа и викам еве ти го чим си експерт смири го. 30 мин ко луда со плачење шетав и се жалев на мајка ми, и ден денес и сум благодарана за советите. Нормално кога се вратив синко плачеше уште. Пак јас си го смирив. И од тогаш прекина со такви испади. И маж ми и кажа дека не сакам да го зема кога плаче, зошто јас секоја вечер со плачење си легнував. Не ми е јасно што очекуваат од бебе старо 1 недела. Песни да пее? Страшно... Сега син ми е многу приврзан за мене и уште како љубоморна пробува да го земе, го зема и чим ќе почне да и плаче го враќа. Сега не се нервирам, зошто знам дека 1 мин само ќе биде кај неа. Среќа не ми е дома, зошто во иста куќа до сега не знам кај би ми бил паметот.
Леле да на ова заборавивме. Сите се др.Гуднајт кога е во прашање спиење на бебе. Како да спие, колку да спие, па зошто го успиваш,не му се спие .. А за креветчето- ќе се навикни со вас, креветчето зошто го купувавте, не ќе можите да го навикните.. Тоа 2кг човече, се е ново уште да го делам, да го оставам само. Имаше една објава на инстаграм - Ние смееме да спиеме со партнер да се гушкаме, а тоа мало и безпомошно не можи. ..... Иначе и јас не примав никој до 40дена, само родителите наши дојдоа по 1-2пати на некој сат и толку. Па и после 40дена ако не беше бебе расположено или јас не одморена, им кажував другата недела дојдите, на било кои гости. Сопствениот мир и мирот на бебето не го расипувам за никој.
Така кај мене свеки му рекла на мм ко ќе ме земал со бебето од болница да ја носел и сестра ми. Му викам ако ја носиш сестра ми треба и сестра ти, а нема потреба да се гужваме в кола. Нека дојдат дома ако сакаат да ја видат.Сакам да кажам дека сакаат да организираат работи што не се во нивни "ресор". Плус дури бев бремена ми вика работите за земање на бебето да сме ги спакувале во некоја цвеќара со целофан и панделка Да, да и викам секако во целофан
Дури и се збунив, мислев јас сум го пишувала ова на времето. Значи буквално од збор до збор исто!!! Би додала дека не дозволуваше алиштата на бебето да се перат во машина дека да не се вртеле алиштата така нешто, алишта од бебето не смееја да се сушат надвор после зајдисонце, бебето не смее да спие на зајдисонце ако заспиеше го будеше, јас не смее да испраќам некој што си оди од куќата бидејќи ќе ми отишло и млекото, во лето исто кога повраќаше млекото ми било расипано од топлото, на крштевката плачело дека ѓаволите излегувале од бебето итн… Среќа кратко траеше и се спасив ама траумата ми остана. Да ми кажел некој дека постојат вакви луѓе и нешта немало да поверувам.
Ќе се надоврзам мојата ми викаше кога ја цицам бебушка да сум ставела хартија и преку неа да цица за да била учена и паметна
Se isto mi se slucva kako so pisavte vie, osven pred da zamini so mi rece trebalo da pobarame MEDICINSKA SESTRA. Da mi pomozva - bebe zdravo pravo, sho ke mi e? Pred molitvata probvav fustan - leleeleee OGROMNA SI VO FUSTANOT! NE NE ti mozi ke oslabis ama debela ke bidis. Go gibav mazot mi bebeto ko go praese ubo ti beshe? I na to sveki veli sinko reci i ti od kaj da znam deka e moe? I taka si imase dosta biseri.. Milo mi e so sme sami sega, i da se vrati vremeto ne bi barala pomos bash od nikoj.
Не можам значи, на глас се смеам. Среќа мајка ми не слушнала за ова И тоа со расипаното млеко ми е врв.