1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ви сметаше после породувањето?

Дискусија во 'Бебе' започната од NEA, 12 септември 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.288
    Допаѓања:
    34.220
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl:
    Е ова е нешто уникатно што го немам слушнато во мојата кариера. :bow:
    Ме потсети на една жена, бебето кога и да видело телефон или компјутер гледало натаму, ќе било многу паметно и интелигентно како толку малку го интересирале компјутери. :rofl:
     
    На mal.ecka, Bozica1980, mssuniquee и 13 други им се допаѓа ова.
  2. BabyGirl10

    BabyGirl10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Стварно јака ви душа како издржавте. Јас со мајками немав проблем многу ми помагаше првите неколку денови дека сум царски и малку тешко ми беше. Ама затоа со свеки тоа беше хаос.
    Свеки прв пат ни доаѓа дома и прв пат ја запознавам и мислеше одма правила ќе кажува.
    Стандард истите коментари како и кај секој така и кај нас ги имаше. Имаше и надимаци како помочка, посерка што и малку ми сметаше, па тоа е бебе ама па и ние и мочаме и сереме(извинете на израз), а и неколку пати и се имаше случено да ја каже со друго име, со името на другата внука.
    На тоа многу не замерував, не ми ни помагаше само знаеше да збори. Шлагот на тортата беше кога беба стана во 6 сабајле и она ми кажа да легнам дека ќе и даде да јаде и ќе ја успие арно ама и дала да јаде 60мл наместо 90мл и ја стаила во креветчето сама да се успие. И јас станувам во 9 и гледам бебе будно и тука спукав.
    И кажав фино културно дека може да си оди дека доста беше седењето. И се замеривме за некои други работи и тоа и кажав во лице. Мислеше дека може да одлучува за моето бебе што и како, дали да ја држам во раце или не, ама откако и кажав каде и е местото се заќуте. Иначе мажми на ништо не беше сведок зашто нон стоп на работа ама се знаеше што се случува.
    Така да мамички и идни мамички покажете заби на време, покажете кај им е местото на сите уште со време. Убаво е кога некој ти помага околу домашните работи ама околу бебето само строго. Бебињата мајките си ги бараат за се а не бабите, дедовците, тетките, вујните..
     
    На Ljubova, martty06, Осе и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    17.555
    Пол:
    Женски
    Добро што ја активиравме темава, олку се немам смеено незнам од кога :rofl::rofl:
     
    На bertold, mamaJana, Pacient srna и 10 други им се допаѓа ова.
  4. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    1.960
    Допаѓања:
    13.803
    Пол:
    Женски


    Мојава рече бебе кое зборче ќе кажи прво во машки или женски род второто такво ќе биде. Бебе пред една недела рече маааамаааа луѓе со цел ќеф за инает вика. Кажи мама како рече маааамаааа ,,аууу синко и второто женско ,,
     
    На Nefertiti., martty06, Bicka77 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Naatashka123

    Naatashka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    1.994
    Допаѓања:
    9.884
    Пол:
    Женски
    Охохооо тука имало бисери колку сакаш. Таман пред спиење се изнасмеав, ќе си ја разбудам бебка:rofl:

    Јас искрено и немам некој бисер. Знаат и мајка, и свекрва, свекор нешто да искоментираат ама ништо страшно.
    А дека првиот месец ме нервираше буквално се ДА!
    Ауу тоа хормоните се страшна работа. Абе апсолутно за се се нервирав. И некоја глупост да беше, мене муабет не ми се прави. Дошле свекрвами и свекорми да ја видат малата, јас ќутам. И ќе поседат малку ќе видат, не ќе видат ќе си заминат.
    Па тоа првите денови домА... бебе мало дома, прво бебе, јас природно породена и шиена, одвај седам. Т.е лежев... не седев.. тоа боли раната.. абе хаос.
    Многу коментари околу бебе не слушав искрено, не ни кажуваа нешто. Си го шетавме бебето од 2 недели збор не рекоа никој.
    Само ме нервираше на два пати се случи, бебе да си заспие, и и јас до неа. И оп ете ја свекрва иди(facepalm) а јас таман сум заспала. Ауу нервоза. И таа се извинува после и последниот пат и реков , ако веќе идиш јавими се ќе ти кажам дали спиеме или не. И она вика важи важи. После дури жал ми падна искрено.
    Бидејќи сега еве поминаа 2 месеци од пораѓај и сум вратена во нормала:rofl: и кога се сетам сфаќам дека да не беше свекрвами тој месец јас ќе полудев незнам...
    Поголем дел од времето мм на работа, јас сама со бебето. И кога и да ми требаше помош и се јавував да ја почува малата и веднаш доаѓаше. И сега сфаќам дека помош и тоа како е потребна. Ако велев претходно не сакам, нема да ми треба. Барем 1час во денот да ја чува искрено многу ми значи.
    Јас за свекрва немам лош збор:rofl:
     
    На Ljubova, martty06, Fatalnata и 5 други им се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.131
    Допаѓања:
    32.991
    Пол:
    Женски
    Не вреди да се нервираш за глупи луѓе, батали ја. Од едното нека влегува, од другото нека излегува и ајт.
     
    На ivance.. и KittyCat:) им се допаѓа ова.
  7. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    1.960
    Допаѓања:
    13.803
    Пол:
    Женски

    И така ќе биде освен ако не ме препука скроз па да и кажам место кај и е....
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.366
    Пол:
    Женски
    Ау мајка ми како ме изнервира прееска. (facepalm) се раскенака бебево за у раце, и се здосади да лежи и викам крени ја де. И ја остаи така не ме послуша и нормално оваа се расплака и вика еее така бабе пчачи малку да те слушнеме како плачеш, да знаеме дека бебе имаме (facepalm)(facepalm)(facepalm) пошо мојата не плаче скоро ич е коментарот. И се развикав и и реков уште еднаш да не си ми го расплакала бебето или не ти го давам веќе :rofl:
     
    На Ljubova, Pacient srna, Andrejaaaaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  9. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.353
    Допаѓања:
    8.287
    Пол:
    Женски
    Ова со гладно е? Ќе јаде ли сега? Да знаете дека ќе потрае подолго не само после породување. :D:D
    Само игнор му е спасот и терај по свое, ама знам како е со хормоните после пораѓај го поминав сето ова што го пишувате.
    Јас имам мака кога имам пмс исто,ете пред две недели мојата два три пати во текот на денот.
    Гладно ли е? Ќе јаде ли?
    Бебче се разбуди од спиење и тамам му беше време да јаде и ми вика мене “ќе јаде ли сега?” Јас во пмс и викам.
    “Јадење јадење јадење цел ден само јадење слушам, си знам јас кога ќе си јаде!!”

    Се налути жена 3 дена не ми зборуваше, рат си бев, проблем после кога почна да зборува, ама сега со страв прашува дали е гладен. :D
    Вчера и го оставив за доручек пошо имав нешто работа надвор и викам ова да му дадеш да јаде и кога се вратив ми се правдаше што му дала да јаде и колку изел. :D
    Покажете заби малку иначе ќе си трпите. :wasntme:
     
    На Ljubova, martty06, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  10. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    7.254
    Пол:
    Женски
    Јас по првиот пораѓај бев месец дена како изгубена, нит слушав, нит гледав, не ми сметаше ништо апсолутно, само знаев дека ми треба помош.
    Со вториот многу полесно поминав но сепак бидејќи бев со 2 мали деца одкако се вратив од болница свекрвата доаѓаше кога мм не беше дома и искрено многу ми помогна.

    Кај мене мајка ми е напаст со коментариве.
    Свеки од време на време ќе гугне нешто и тоа во 90% од случаите е дека мора бебе Чорапи да носи или дека ќерка фатила стомачен на пример пошо во ходникот сме влегувале со чевли или настината пошо ноќта се открила во спиење (facepalm) да напоменам свекрва ми е докторка, специјалист :?: Ама дете се разболува од не носење чорапчиња...
    Со неа и кажувам отворено и следен пат не коментира, ама а начека прилика го рола бебето во некое ќебе, пелена и слично ако надвор е 45 степени.

    Со мајка ми имам поголема мака, се нервирам ама џабе, не ме слуша а секако и е објаснето, со убаво и со карање.. Таа упорно тера своја шема.

    Моите родители се многу опуштени, а на мм се ептен стегнати, ова зборам во крајности пр. Мајка ми лани кога бебе беше 1.5 година и дала на ќере маслинка со семка да гризе, од друга страна свекрва ми и свекорот до ден денес и пасираат банана, блендаат јаболче, да не и залетне(facepalm)

    Какви се, такви се, тешко на тој што ги нема :)
     
    На Ljubova, ivance.., Chanell* и 11 други им се допаѓа ова.
  11. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    52.070
    Пол:
    Женски
    Иако сум породена пред 7 месеци сеуште ми сметаат некои работи. На пример денес, една тетка ми кажа до кога планирам да ја дојам, ајде доста и било греота сум била градите ќе ми спласнеле??? Еи косата ми се крена. Зарем јас или градите ми се побитни од моето дете?
    Првото си го доев 2ипол, и неа додека сака и додека имам млеко ќе ја дојам!
    Уф, за второво од прв ден сами сме за мерак! Со првото свекрва ми знаеше да и ма испади, а сега сами мераци. Ама пак ќе се најде некој да те “учи” или да ти дава глупи совети. И да, зошто по книга сум и воведувала цврста храна сама сум била крива и она ќе ми била нејадач како синот:fubar:
     
    На hermosa, Chanell*, mal.ecka и 11 други им се допаѓа ова.
  12. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.588
    Пол:
    Женски
    Исто леле, значи сите се исти. Зошто бебе цело време во раце, ќе се навикне така, остави го нека плаче така му се развиваат белите дробови. А ако беа до бебе тоа а да направеше веднаш го земаа:drunk:
    Мислам во почеток и многу ретко го давав на други цело време си го држев јас.
    Јас породена тазе, шиена не можев да седам, млеко тече на сите страни, испотена зашто бебе цело време беше на цицка ама тие секој ден беа дома. Мајка ми дојде да ми помогне малку и фала и ако не беше незнам со сите нив што ќе правев. Доаѓаа свекор, свекрва па подалечни роднини и тоа во 9 навечер луѓе.. Не најавени јас дали да бањам бебе дали со нив да се расправам :headbang:
    Сега почнав малку да го давам повеќе ама пред мои очи инаку не, не.

    И да и мене ме нервира ама сите што ми се мешаат, пред некој ден бебе гледаше на маса и ми викаат дај и лубеница. Ама што ви е луѓе викам да е на вас грав од сега да го најадам. Па си замолчеа ..
    Не сваќам свое дете да не можеш да си го израснеш без нервози, како што си сакаш.
    Само татко ми не се меша и мајка ми не ми се меша, ама за облекување :^)
    Чорапи, тренерка, капа стави ветар има... Викам на тебе да е на 35 степени хулахопки ќе и облечеш

    @Ava.84 Со водата и со свекорот. Секој пат кога ќе се видеме истото ми го велеше. Вода, вода, вода милиони пати му објаснив ама не вода дај и малку со лажиче едно, две. И ајде разбери се со вакви :?:
     
    На warrior, martty06, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    Водичка дај и малку кога ика, да не ја боли желудникот од толку икање, ја мачиш (facepalm)
    Е ова "ја мачиш" од такт ме извади. Мм одма се сврте да види како ќе изреагирам.
    Викам тебе те боли кога икаш? ДА! Епа нејзе не ја боли викам, уживај. Вода ова дете не смее да пие. Ако сметаш дека ја мачам, да ти најдам број да ме пријавиш.

    Оној пат на другото внуче му даде вода кога се заика, го начека. Ја си молчам, од кај знам пто инструкции добил.. Зборам после некој ден со золвата, едно, друго, трето за бебињава, и викам, значи ти сепак се одлучи за вода (мн се двоумеше уште трудна додека беше како да постапува). Како сум се одлучила, не давам ич, баш зборев со педијатар, им кажав и на стариве као...
    Леле кога разбра, па кога фати да му вика на свекорот зашто дал вода...

    Магично се отселија следен ден со бебе. Али ако, битно он вода дал да не го боли бебе желудник :muscle:
     
    На Chanell*, kostovaivana, Oneo и 3 други им се допаѓа ова.
  14. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.588
    Пол:
    Женски
    Хаха мене ме учеа дај вода со лимон кога икала, викам каков лимон, каква вода ама не не треба многу само 2-3 капки во едно лажиче :drunk:
    Или пак за да ја фати цуцлата стави и мед. Една баба ми вика јас на син ми порано кога бил бебе му ја дадов така цела тегла мед со цуцлата малку по малку :headbang::headbang:

    Остај па после како можеш да оставеш дете со такви. Викаат зошто со мајка инаку со свекрва и свекор инаку се однесува снаа, па зашто мајка ќе и кажеш и не прави никогаш по нејзин памет.
     
    Последна измена: 20 август 2021
    На kostovaivana, Luna91, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Naatashka123

    Naatashka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    1.994
    Допаѓања:
    9.884
    Пол:
    Женски
    Еј ова со вода и со свекор и кај мене го има(facepalm) макар што веќе не ни го слушам јас кога зборува и затоа не сум спомнала хаха
    Само вели, дај и водичка малку жешко е, дај и водичка кога ика. А зошто не и даваш? Јас знам смее да се дава.
    Е јас реков не давам, еве млеко.
    Ама друго е вика млекото, вода мора да пија на жешково(facepalm)(facepalm)(facepalm) и јас си терам, ништо не му враќам и прекинува да зборува.
     
    На kostovaivana, Осе, Oneo и 2 други им се допаѓа ова.
  16. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    895
    Ништо не ми сметаше. Може малку раната што ме болеше, ама доста движев и брзо помина. А и маж ми ме штедеше и не даваше да кревам ништо освен бебе. Сами сме а и далеку, преубаво ми беше и уште ми е. На коментарите да се облекува, да не се шета толку мало (на неполна недела почнавме да го шетаме и тоа скоро секој ден или секој втор) и сл. одговаравме на шала дека не се актуализирани со препораките и денес не е како што било на времето.

    Пријателка ми се жали како животот и се сменил тотално и е многу уморна, јас и реков нормално е и јас сум кога помалку кога повеќе ама ми се радувам на бебе толку многу што не ми смета, а и оно е супер. И јас сакам некогаш да завршам некоја обврска набрзина и сама додека е мм на раб., ама не бива, па си го земам со мене и си имам другарче. Ако добро се организираш, ништо не е напорно, само бара повеќе ангажман, време и труд :)
     
    На Pebeka, S.o.F.i, ivance.. и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Камо да сум сама па колку сака нека е тешко...
     
    На DoubleK, VDT2906, *katja* и 8 други им се допаѓа ова.
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Самохран родител сум и не знам што би правела без мајка ми, ама со некои работи од такт ме вади. Нешто што најмногу ме нервира, штом пушти глас син ми, таа одма го зема во раце, му пее, го смирува, се потресува. |( Велам абе жено пушти го, не плачи, само кенка, сака да цица. Дури и кога не плачи, таа пак ми го зема од раце или од кревет. Не дај боже да го ставам во количка додека јадам, одма трчи да го земе, божем ќе го украде некој ако си седи така.
    Друго, коментарите дека многу цицало детето, само на цицка било, а оно јадното пола од времето додека е на цицка спие. :D
     
    На LivingGlam, KittyCat:), Oneo и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Babymama2020

    Babymama2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    488
    Пол:
    Женски
    Ај да си кажам и јас
    Многу се нервирав на почеток од свекрвата се споредуцаше со другата снаа(имаат поголемо дере тие) дека се што тие правеле за детето е правилно, од која крема за газе треба, купка за капење, облекување морало капа, нараквици, чорапи плус во пелена завиткано, папочето го чистеле со хидроген дома и јас да сум правека така( тоа за домашни услови не е колку што знам, педијатар го направи кога бевме ба контрола) , морало да и ставам чевли да се учела да носи, под бодито маица на прерамки, и на се велев ок и терав по мое и одговорот нејзин беше дека АКО нешто др снаа не правела правилно немало другата внука да е порасната и се да и била во ред. И се нервирав што ми працеше споредби и дека се јас што правев не беше правилно, па еце и моето расти фала богу си е ок.
    На 6мес ми се запнаа млеко од крава да и дадам како др внука што пиела и реков тогаш НЕ исто било глупости кашилки да и правам требало манџи да јади бидејќи била голема, јас им реков јас и правам, јас ќе си давам што мислам па еве сега седат мирни и се чудат како бебе јади брокула,морков, батат... другата внука само на чоколадо и макарони е.Дури и ми купуваат овошје и зелрнчук да и дацам ба мојата. Ама така е мислам кога се двајца браќа, само споредби има меѓу снааите.
     
    На LivingGlam, KittyCat:), Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Ние сме 2 сестри мајка ми вака ми правеше споредби со 1вото внуче се' дури не ми прекипе и не и се изнадрав ( знам не требаше) ама пробав со убаво повеќе пати. И и се изнавикав да ќути, да си гледа работа и секој да си гледа своето и да не туку ми прај споредби на ова дете ја сум мајка и ќе правам како што моите доктори кажуваат. Конечно малце ме олабави иако знае да уфрли ама одма ја заќутувам.

    Или ќе и викнеш малце подрско или ќе си ќутиш и ќе се нервираш. Ја не знам да ќутам веќе, па сега она малце нека помисли 2 пати пред да ми каже нешто. Ќутиш и на глава ќе ти се качат. Ко никад деца да немале ко нездрави се некад и мајки и свекрви.
     
    На warrior, senjorita-v, Ljubova и 7 други им се допаѓа ова.