Верувај, најдобро е. Тешко е, боли, но раат е. Не запнував со ништо. Мене ме нервираа кога ми доаѓаа свекрва ми и мајка ми, а не пак свеки да се туфка цел ден околу мене.
А ти што не си и кажала и на другарка ми свекрва и колку е добра не и се меша во ништо со детето и супер си е си расте и ниеднаш не е разболено. Јас да сум на твое место ќе и кажам да си гледа своја работа и толку нема понатака комуникација со нејзе само отсечно. На моја другарка исто вака и правеше свекрвата и влагаше дома имаше клуч дека нејзин бил станот и за се и се плеткаше додека другата снаа живееше до нејзе и и се јавуваше на телефон прво дали смее да дојде и садови и миеше., да напоменам дека другарка ми ја гледа како своја родена мајка, а другата снаа ич не и се замара врата и има треснато во фаца и пак кај неа оди, а другарка ми нечини.
Еве ја беба е веќе 4 месеци и свекрче после месец ипол се јави да си види внуката и почнаа муабетите и споредувањето со другата внука и нејзините деца кога биле мали. Почна за прстите во уста што си ги ставала, да сум и ги вадела упорно. И на крај да сум и давала чисто кравјо млеко. На бебе од 3ипол месеци се давало кравјо млеко. Уште ми дивеат хормоните од пораѓај излеа, зашто јасно и кажав дека тоа бебе има родители дека нејќам мешање ни од моја страна ни од негова. Не знам што ќе ме очекува кога бебка ќе почне да јаде
Дали ќе има споредби не зависи од начинот како ќе и кажи на свекрвата, туку од карактерот на свекрвата.
Ништо. Фала Богу што одлучивме со мм да бидеме сами и што не дојде никој тогаш. Некогаш ми сметаа луѓе и коментари преку телефон што слушам, не пак со мене да биле 24 саата.
На таков човек колку контра и да му одиш ќе напаѓа, затоа златното добро и ок ќе го кажеш и си тераш по свое.
Мене брзо ми ги снема, прашај во аптека некоја маст да ти дадат. Исто електролити пиев така помалку болно беше одењето во wc
Грчка крема за хемороиди во Зегин ми ја предложија и ми помогна. Имав еден мислам дека колку главата голем (извини за детали)
Ова што си го пишала леле истооо скроз и кај мене. Освен тоа за килограмите. Првиот дел горе се исто и кај мене.
Свекрва ми. Ем не помагаше за ништо ем седеше како кукла цело време. Ем направи некој работи што ме истадоа од такт. Не мора околу бебето ама барем ручек да направеше или да измиеше садови. Еден ден другиот ден си отиде. Виде дека не ја рецкам и дека само ми смета. Сама ми е подобро и по мирна сум. Ако останеше ке се скаравме.
Да ја активирам темава. Неколку дена после породување ми смета буквално се. - Сеуште немам доволна количина на млеко, за да тераме со бебе само со доење, така да по препорака на педијатарот од болница тераме со комбинација доење плус дохрана. Се работи за бебе со мала тежина и не можеме да ризикуваме да останува гладно. На сето тоа, цел ден повици и пораки од небитни тетки, стринки, дали бебе цица и колку. 5000 прашања за истото. - Маж со фикс идеи, додека бевме на болница, ја преуредил цела дневна, т.е го преместил цел мебел и нормално бидејќи ништо не е свое место двојно повеќе време трошам да најдам што ми треба. Дали сите мажи се со вакви луди идеи??? - Свекрва и свекор, со милион "совети" како се гледа дете итн... Долга е листата на тоа што ме нервира. Се гледа дека веќе ми удираат хормони во глава.