Од едно влегло од друго излегло телефон на сајлент и не ги врти ич. Спиј додека спие бебе посвети му внимание и одмарај се телефон не кревај на тетки стринки и небитни луѓе сите ќе бидат насочени совети да делат. Учи си е сама и снаоѓај се ако ти треба помош барај ако не како што ти кажав не се замарај, ако ти си нервозна и бебе е нервозно затоа подобро одј*би небитни фаци.
И јас вака себеси се обвинував, дека хормони ме удирале. Да, бев преосетлива, ама не и виновна. Луѓето немаат осет. Моментите што требаше да ми бидат најубави, никогаш нема да ми се вратат. Биди реална, кога нешто ти смета ти смета, кажи си и не трпи. Нема да се освестат сами од себе.
Јас на телефон вака на тетки и стринки им кревав кога јас сакав и можев. Почнав прво со сите нормален муабет ама кога почнаа да ми се најавуваат на гости, а ја уште во болница си го влечам катетерот, реков толку. Кога пишуваа, не им одговарав на вакви глупи прашања. И не, не е до хормони. Туку нашиов народ е научен родилките да ги криви затоа што се они безосетни. Што ми сметало тогаш, ми смета и сега, 19 м подоцна.
Сега баш ми текна, една ситуација. Бебето немаше ни месец дена тогаш, доаѓа тетка ми, на мајка ми сестра. И дека моево дете се потеше, тоа пеколно лето беше, не го покривав. И тетка ми, за да му "угодела" на мм, ми вика, а свекрва то што те учи?, како да го облекуваш, што да му правиш? Викам свекрва ми нема што да ме учи, не сум јас дете јас сум мајка. Кога почна ама свекрвата подобро знаела, јас тазе родилка, не сум знаела ништо...па зема да ми го расоблекува детето сама, беше во некоја летна шпихозна ама климата беше благо пуштена. А истата години наназад ми набиваше комплекси за тежина и изглед, и кога завршив факултет рече дека денес сите завршувале, не бил тоа успех. Еве ја, до ден денес се мисли зошто не и се јавувам.
Што се мешаат во туѓа манџа не ми е јасно. Јас сум рекла за второво само некој да почне да паметува клоца во гз и пред врата ќе седи па макар и маж нека е.
Абе не знам што е со луѓево. Мене тоа ми беше, како и на секоја родилка најранлив период, бев многу збунета, имав проблем со пост породилна депресија и панични напади па можеби не реагирав доволно жустро како што требаше, не само во оваа, туку во многу ситуации. Па после се јадев сама кога ќе останев. Не можам да сфатам. Еве и јас сум одела да видам бебиња ама никогаш не сум си дозволила ваква работа, колку и да ми е блиска особата. Ни во брак, ни за бебе но за ништо. Тогаш мислам дека и не ја сфаќав длабочината на мешањето, туку сега кога се навраќам на некои работи сфаќам многу работи.
мене ми сметаа звонењето на мобилен,и ако немам време да средам домаа попто со 2 деца е лудница. На моб на никој не дигам особено не на тетки што прашуваат доиш имаш ли доволно млеко моб ми е на тишина и само вака фемина отворам и со моите да се слушнам.па мирна ми главаа јас сум посмиренаа
Ах кога ќе ми текна која хаварија бев после породување се јадам самата како можев толку многу внимание да посветувам на ситници. Тетки и стрини не ми се мешаа, ама затоа свекрва ми мислам жива ме изеде на почетокот. Дали ми беше страв дека прво, па ја слушав не знам.Го капеше таа на почетокот и после кажуваше дека плачело бидејќи нејзе ја бара да го искапи и облечи.Сега за второво здравје од одма сама ќе си го капам и ќе се трудам повеќе да воспоставиме доење. Ако не од сам старт барем по некоја недела, значи ќе бидам упорна! Се нервирав многу и дека на некој начин сама останав, другарките мои не ги интересираше да слушаат муабети за пелени и кашички па ми свртија грб.Само една остана бидејќи - погодувате - имаше дете. И ден денес само со неа се гледам и слушам, овие другиве не ми ни требаат. Ако сме само за пијанчење по кафичи а кога ќе ми згусти негде се нема слух - не,фала.
Ова со 40 дена да не доаѓа никој, си го искористив во своја корист и само мајка ми, татко ми и свекор ми доаѓаа одвреме-навреме, ама не во ниедно време и не заседнуваа. Сите останати што сакаа да дојдат им велев се гледаме по 40 дена (не дека верувам во бабини - деветини туку ми служеше како изговор) . Се одморив, си уживав во првите недели со децата и морав психички да се средам, а сите сакаа да дознаат што било како било... Кај мене нема ни тетки ни стрини ни вујни. Кој сака да дојде се најавува пред еден ден. Дури и луѓето кои дојдоа со повојница најкасно во 23:00 веќе беа заминати.
Ауу колку се нервирав кога рандом луѓе ме прашуваа "Ја доиш? " На,дојди ,еве ти цицка па да видиш...бог да чува луѓево ,уште у гаќи да ти ѕирнат ако може.
Бабите и дедовците! Свекрва ми ми идеше да ја задавам го зима бебе и расоблечува спаваќа да го гушне (кожа на кожа требало) и ден денеска ми иде да ја задавам! (Свекорот, татко ми и мајка ми) досадни и без осет без никаква приватност... А за тетки, стринки што и да кажам е небитно во споредба со најблиските
После неколку месеци од породувањето ми смета кога ќе се најават гости дека сакаат да дојдат со поклон, а не се појавуваат. Небитно дали истиот ден, викенд или кога и да е. Многу или малку секогаш спремам по нешто да не е празна маса. И купишта храна, дадени пари непотребно, а во моментот можеби за друго ми требале. Не е за подарокот што ќе го добие бебе, а не добило, тоа ни на крај памет не ми паѓа, туку за потрошеното време и пари.
Јас на прашањето дали бебето цица од рандом луѓе кога сум седната на клупа со бебо во количка, одговарав неее па зашто го имаат измислено АД? И зачудено си одеа.Абе ајде грам чувство за осет да се немало исто и колешка од работа пред пензија ми вика иди купи шприц од аптека да ти покажам како се прави за да ти дојде млеко, викам важи да еве сега само што не отидов.Јас мислам дека е доволно само после породување некој да ти се јави да ти честитам и да праша дали треба нешто,а не да се меша во секое ќоше.На секое непристојно прашање оправдано е да употребиш саркастичен одговор
Svekrva mi, greota e moze gresam no jas sum ubedena deka radi nea bebeto mi e na ad mleko. Prvo bebe pojma nemav deka mleko ne doaga samo od sebe so zutica i ona mi vikase ne mu davaj sea da cica ke se izmori pa nema da go ispie mlekoto ti nemas mleko A so carski mi kazaa deka do 15 dena doaga no mene nikad ne mi dojde posto normalno ne nudev da cica prvite 2 nedeli. Isto mn me nerviraa site sto dosagaa po 10 pati dnevno na mob so prasanja dali cica, pusti sliki i sl. I posle 40 dena sto se najavuvaa sami da dojdat. Ako sakam nekoj da viknam ke viknam nema potreba da mi dosaga
I da se dopolnam najbitnoto. Mrazam koga ke mi doe nekoj na gosti i mi go graba deteto, koga go slapa i ligavi po race i lice i tuka odma izbuvnuvam i gi predupreduvam deka tugi deca ne se bacuvaat zasto se seuste mali i krevki.