Мене свекрва ми и еве еден месец и уште ми се вришти. И специфично ја барав темава! Чисто да ми олесни. Израсната сум да сум добра и тоа премногу такви се и моите.. Се породив..прво дете утка да. Ама како МАЈКА што го прошла најголемиот страв(царски) сакам да научам да го чувам детето. По доаѓањето дома од болница реално едвај легнував од раната ама пошто млада тоа траеше 2 дена 3тиот бев како преродена. Ама свекрва ми заборавила изгледа дека е БАБА а не МАЈКА и детето првата недела го "добивав" само за доење. Она го пресоблака,она му менува пелени му збори го успива.. Како ќе научам јас? Од гледање? Она го бањаше све она. Фала богу маж ми е на моја страна секогаш. Му се обратив ми рече ке зборам со нејзе. Дојде момент свекрва ми почна да ги меша брзините 'бабе' со 'маме' 'сине' Кога зборевме со нејзе се налути навидум мене све ми сметало па нејзе и помагала свекрва и дрндрн, сум ја мразела..(мене ме учеле све што ти смета ќе си кажеш на маж ти он ќе си збори со неговите пошто нив им е син и не можат да му замерат тебе можат!) Епа не. Спрема свекрва ми,како она да се карала со синот ради мене подобро било ЈАС да и кажам викам мене ќе ми замериш него не можеш, не нејќела со синот да се кара ќе се обесам. Додека го држеше некој др во раце она ќе дојдеше и ќе си го земеше додека она е со нас секој ден(живееме во заедница) а др доаѓаат на 2ч,се налути пак и се нервирам зошто сум толку добра и не можам да се спротиставам? А мене ми вика не го учи во раце или нека поплаче а а заплаче се тепа да го крене Па после зошто да не го бацувала? Зошто сум рекла навечер да не се бацува сонот да не му се земе како така? И многу сум бесна поготово што ме воспитале вака како часна сестра. А, и зошто не сум сакала да дадам чај на дететп? Водичка?(на доење сме) Нејзиниот предлпг/совет не сме го послушале и сака детето да го држи будно пошто не му се спиело знаела она. А новороденче душата му спиеше ама не сака да му збори да го "игра". А од др страна добра жена е тие и се бубачки некои што ја фаќаат некад. Цела бременост ме исчува не дозволи чаша да кренам,и кога е со мене ми готви све се труди да но, има моменти кај што да ми откачи некоја жичка би ја обесила у дневна.
Баба е баба. Не и е местото покрај новороденче. Му треба мајка. Може ако многу сака да помогне со чистење,перење или ручек доколку сака или така функционирате,ама со сигурност не и е местото со бебето. Чај и вода не се дава на бебе. Ти си мајка и знаеш што е најдобро. Постави си граници и покажи заби уште сега,за подоцна да не ти биде бетер ситуација.
Абе зржи покажи заби зошто на глава ќе ти се качи. Ич нека не ти помага до сега со опоравена веќе ни ручеци ни ништо. Можеш сама, остај добра нејзе не и чуе ти живци ќе корнеш. Слушај паталец ти треба да си се грижиш за детето не дозволувај она да влијае дур расте ќе си удараш глава после. Речи и детето мајка си сака, ако ти сакаш да бидеш мајка пак роди си и биди. Пресечи да не си кинеш нерви понатака штом живеете заедно.
Никогаш не и текнува. Золва ми ми вика јас ќе ти ја средам собата ти седи со бебчето нејзе не.. се трудам да зборам повеќе за да сфати дур е свекор ми тука она е бубалче а отиде он странство почнува да изведува
Џабе ќе збориш со добро, така им чини нема да се труди да разбере. Таквите без осет се да имала осет и разбирање немала тоа да го прави. Едно е да помогнеш друго е мајка да изиграваш на туѓо дете. Само отсечно и граница, тука треба и маж ти да биде категоричен и да пресече. Ако од него немаш поддршка џабе е све, мада има до тој степен безосетни да и на глава да стоиш нема да попуштат и ќе тераат по свое.
И текнува многу добро,ама така и одговара. Категорично кажи не,пресечи и гледај си го сама детето. Не треба да бираш како ќе кажеш, едноставно кажи и дека ти си мајка на детето и ти ќе го гледаш и воспитуваш како што сакаш.
I se sprotistavuva sekako on poveke posto e nejzin i i se protivi i mn se raspravase so nejze na pocetokot ama dzabe
Знам има до тој степен прости и инат луѓе. Не и барај помош ако не можеш нешто почекај сопругот или мајка ти ако ти е во близина. Детето само кога си ти нека го гледа или што помалку оставај го само со неа ептен кога мора. Зошто колку повеќе помош и бараш или ти помага околу бебето, толку повеќе ќе си зема за право да прави што сака и да не ти ги почитува правилата и границите. Сега веќе се стоплува времето, бебето во количка и шетај уживај ич не и се замарај.
Spas nema od svekrvive hahaha. Mnogu me interesira dali ima nekoja sto e svekrva tuka da izrazi ona mislenje i da kaze kako oni gledaat na nas snaite. Mojata svekrva vika ako tebe ti e loso i na sin mi ke mu bide pa i ne se mesa mnogu mnogu.
Да ви кажам после првото ми сметаа некои работи на 1ва страна имам пишено на темава Сега со второ ништо одвај чекав свеки да дојди и да го подржи, да го преслечи и уште така, одам кај мама и таа презема јас одмарам сега само за доење и пелена јас сум задолжена, др време мама го чува тие моменти си ги користев за синко, за кафе, за туширање Уствари ме нервираа со мама двете, му студи покриј го, а пекол надвор 19ти август дома бевме, бебе по боди и голо, после му велев само видовте дека не настина свеки и со првото и сега пред било што да направи ме прашува, дали да го пресечам на пр. Исто и за големиот така, додека со мама и ден денес се карам, таа си е таква што ќе и текни прави и нема разбирање. Треба да се стават граници, кај нас веќе видено сега за 2ро супер си функционираме. А за еднаш денот што ќе го преслечи или заспие или подржи повелете ама ако е како погоре кај членката треба да се сечи одма, да се стават граници. Јасно и гласно ќе си кажеш мое дете, мои правила.
Јас само да ти кажам преземи си ги работите што поскоро во свои раце, да не се каеш во иднина што си и дозволила толку. Се е во ред додека е во граници на нормала. Кај тебе ми е ова малку премногу.. Јас двете ги гледам сама и среќа што свекрва ми не била заинтересирана за нив, зашто на почеток како вријат хормоните, ќе требаше да се истепаме. Еве сега поголемава е 3ипол години, ако ја земе 1 саат да ја прошета или да поигра со неа, одма мисли дека треба за детето да се меша, одма почнува, зашто не спие преку ден? Малечка е, зашто ја легнуваш толку рано? Греота е, што му направи да јаде на девојчето? Носи ја на лекар ,слабокрвна е, ништо не јаде ... не не фала. Нека не ги чува подобро
Mi e od pomos koga place i ke probam sve da go smiram pa ke i dadam da proba ona sepak poiskusna zena
Извини пак јас. Ти си му мајка, остави тоа поискусна.. Што чуда таа прави што ти не можеш? Бебе се смирува кај мајка си.. барем кај мене било така. Е кога има грчеви веќе подруго е. Освен капки сирупи и тоопли пелени се друго е бадијала. Да не бидам погрешно сфатена. Во ред е да имаш помош и супер е да ти помага доколку тебе не ти смета тоа. Само ми бодеше очи ова поискусна. Во мајчинството нема врска тоа. Ти си му мајка не може никој друг подобро од тебе да го смири, да го нахрани.. ние имаме мајчински инстикт. Или ти се тешиш со тоа поискусна или на свекрва ти тоа и е изговор за да си го гледа детето.
Ох драга еве ти ја грешката. Ова сега си ни го кажала нас и никогаш повеќе особено не на свекрва. Си има нешто што се буди во нив неразбрано дадеш ли прст отиде цела рака. Какво пусто искуство бре со твое дете новороденче? Прво викаш како ќе научам ако не дава па сега се побиваш искусна жена нека ми го смири детето. Ќе си се затвориш во соба ќе и кажеш да не доаѓа на секоја мин да прашува зошто плаче и ќе најдеш за што е. Мало бебе или бара цице, какано е, му се спие или има грчеви (ако нели не е нешто настинато). Ако има грчеви твојот допир топлина глас и срцебиење ќе го смират. Ехе со саати на гради сум го држела со дланка на меше да греам. Не ми дошло тоа зошто искусна ми кажала, туку зошто мајката во мене сметала дека тоа ќе му помогне. Ехее со моево секој ден нешто ново учам ама од прв ден царски породена одбивав сечија помош го чувам сама и учам како заспива што му смета што бара. Така и ти ќе растете заедно. Однесувањево и коментариве од свекрва ти ко за мојата да ги пишуваш ама сва среќа јас не живеам со неа, ама секое гледање само намерно ми замерува зошто љубомори дека не ја барам да ми се меша помага, за се вели ние вака правевме јас вака знам а јас само ја игнорирам баш ради тоа моите така ме воспитале па да не бидам крајно дрска и вулгарна. И еве овде нека стои ако утре кога ќе бидам свекрва, сум како нашиве свекрви ви давам дозвола да ме лоцирате и фрлите во Вардар.
Potpolno ste vo pravo. Pocnav od vcera da i kazuvam deka pomos ne mi e potrebna sekako moze ako saka dur e buden da si se podruzat za spienje jas ke go uspivam i se drugo. Denes do sega dobri sme
Да ја активирам темава и да исфрлам од мене. Кој друг ако не свекрва и свекор, овде читај втората свекрва. Ма бетер од свекрва. Најмногу ме нервираше кога свекрва ми ќе се качеше баш кога малово треба да цица, ќе дремнеше до мене и чекаше. Што чекаше кој знае. Да не ми затребало нешто. Што ќе ми треба додека бебе цица? Како малото ќе завршеше, ќе заспие, она си одеше. За два часа ете ти ја пак се нацртала. Па и влегуваше без да тропне. И уште си влегува, така нечујно на прсти. Еднаш бебе цица, јас замислена, таа се појави одеднаш пред мене, од памет ме извади. Споредби со мм кога бил мал, па на неа вака и велеле тогаш да прави, ова да му дава, она да му дава. Водичка со неколку капки лимон, чај обавезно. Курето да му го отварам, ништо не е тоа, бебе е тоа. Ништо од ова не послушав. За последново нормално си прашав педијатар. Го научи во раце и на нога. Секогаш и велам седи, не го учи на нога. Ама таа се запнала ако сега не го држиме во раце кога ќе порасне ич нема. Абе држи го и велам, ама седи, не стој. Ама нема разбирачка. Зимско бебе, гости не примавме, освен моите што доаѓаа. Таа упорно, ќе сакале роднините да дојдат. Мм и вика никој не примам, гости не сакам. Е како така, не бива така. Дојде еднаш една ненајавена, ете ја оваа ѕвони да се качеле. Викам не може, гости не примаме, уште помалку ненајавени. Па му вели на мм донеси го бебето доле, да го видат. Тој и вели не може, не го носам. И ете ги на врата, си влегоа. Неразбрани бе, спиздев. За 5 минути си отидоа. Сега веќе почнаа блиски да идат, ќе дојде и таа и одма го зема, да си поседеле гостите на раат. Тетка ми и рече абе ние за бебево дојдовме, остај ни го. Женава ми помогна на почетокот многу, секој ден готвеше, го бањаше малово до 40 денови. Си сакав јас, ама не можев, болеше раната. Благодарна сум и многу за ова, ама со муабетите на глава ми се качуваше. Еднаш ми се качи во 11 навечер, јас се туширав, бебе со мм, го слушнав дека плаче. Влегувам внатре она седи, бебево кај мм во раце мирно. Викам зошто се качи? Ама многу плачеше. И викам бебево има татко, вака уште еднаш да не ми се качуваш. Нешто што најмногу ме нервира е кога ќе му рече на малово сине си мислам да и речам еве тоа мамо и тато ќе ви рече сега. Имаше еден испад и на крштевката. Попот вели ајде мајка соблечи си го бебето, и оваа тргна пред мене да го соблака Свекор ми е посебна приказна. Гладно било, ладно му било, ладни му биле рачињата и ножињата, модро било детево му дува во раце, го нишкаше кога му велев да не го заспива... Па ми кажува како бебево плакало по баба му, ја барало неа бидејќи она го бањала, било приврзано за неа. Абе ајде. Кога прими рота пола час плакаше многу, ете ја свекрва ми дојде, го зема она во раце. По неа доаѓа тој и неа ја прашува зошто детево плачело за се има коментар, вака требало, онака требало. Му викам ти слушаше на времето вака совети? Свекрва ми се смее, вика аа тогаш на никој не даваше збор да каже. Аа викам тогаш не можело, сега може. Кога давав чајче за грчеви, се случи се засркна бебево и тој почна на мм, ќе се засркне како нема, и на тебе да ти даваат и ти ќе се засркнеш, мало е тоа, уште не знае живот што е, уште не прогледало. Викам, и сега дали не треба да давам? А не, што знам јас, стар сум. Епа ќути тогаш му реков, не се мешај. И така, живи здрави, за второ знам што и како. Тазе мајки, не молчете. Сечете веднаш за да не ви се качуваат на глава. Едит: ама реферат напишав