Леле и јас често не кревам и после викам на вибрации ми беше тел, не слушнав и фамозното прашање а го доиш?? Од секоја рандом роднина што претходно цела бременост не ме прашала како сум, сега наеднаш ме прашуваа дали дојам, дали бебето цица, дали ми дошло млеко, мислам wtf ќе почнам да им викам не го дојам, гладно го чуваме, или не го дојам, пржени компирчиња му даваме
Маж ми беше смешен за ова прашање кога се јавувал да кани за мекици сите му викале нека е жива и здрава, како ќе се вика? И второ прашање на доење сте или со вештачко и он збунет ми вика - што е со луѓево зошто истото сите ме прашаа, како е еелевантно тоа у случајов баш сите истото да прашаат викам остај мк синдром имаш ли млеко имам- ама може да ти е не хранливо затоа ти плаче
Не се секирај, уште ќе те прашуваат истото и понатака хахаа, не само по телефон. Жолтиот исцедок е нормален, таков е процесот, при крај си со крварењето. Лохија алба се вика.
Истото и плус свекрвами на секое доаѓање ми носеше млеко да сум пиела за да имам млеко,ептен беше загрижена на тоа поле
Маж ми ми направи цеден портокал додека беа свекор ми и свекрва ми кај нас и срипа цитрус не смеело ќе о било кисело млекото ќе се одбиела викам не смее во големи количини али една чаша сок нема да ја одбие уживај / секоја голтка ми ја гледаше додека пиев
Мене од цитрусни, зелка ми се прави бебе жар на газот. Немам пробано од пред бременост. Во бременост црева истурав од тоа, сега газот и се жари…
А го имам прочитано ама не ни размислив сеа пред некое време 2-3 дена по ред пиев по една чаша. Не приметив некоја разлика искрено
Знаеш дека у целиот хаос сум го заборавила ова… ми текна сега дека ми дадоа некое книгиче во торбицата ми е негде сигурно, попладне ќе проверам баш
Чекај кога ќе почнат да те прашуваат кога ќе го одбиваш, па ајде до година и доста му е, неисцрпна е инспирацијата на темава за прашување.
Сега ја видов темата, некои работи и сега ми е сметат по три месеци ама ги кулирам. Буквално прво прашање на сите беше дали дојам ама буквално сите тоа прашуваат. Мене најмногу ми сметаше што кога стигнавме дома ме напна свекрва ми со адетите, а воопшто не ја мислев за таква. Најмногу ми сметаше затоа што млеко ми дојде денот кога не пуштија од болница и реално не знаев како ќе биде дали имам доволно, дали се храни доволно од моето и сл и кога се запна немој ова да не снемаш млеко немој она, значи хаос ама по некој ден мм ги избрка и им забрани за адети да зборуват и малку се опуштив. А и ден денес ми смета кога ќе дојде свекрва ми и ја крева малата без потреба или ако пушти глас како да вика за неа е плачење и одма ја крева. Во иста куќа живееме на различен спрат па ја гледа повеќе пати не е да ја гледа еднаш неделно за така да прави. Иако не знам колку пати кажав да не ја креват додека е мирна оти најголемиот дел од денот сум сама со неа па тешко ми е основни работи да завршам оти плаче за во раце. Ама нема со кој да се разбереш и тоа е. Или кога ќе ме прашат дали плаче па Господе боже бебе е нормално ќе заплаче. И сега си викам среќа јас никогаш тоа не сум прашувала ептен иритантно било.
Тоа се тие прашања, дали бебето цица и дали плаче. Еднаш на тетка ми и реков нормално дека плаче, ако не плаче ќе имаме проблем. Стварно до пред да родам не мислев дека некој вакви работи прашува ама тоа затоа што мене не ми текнало некого да прашам нешто такво. Запрепастена сум секој ден се повеќе.
И дали спие навечер Или кога ќе ми каже некој ја слушнав плачеше, па бебе е, да знаеше да пее ќе пееше. Па претпоставки зошто плаче гладна да не е, да не и е жешко или ќе ми кажат жешко и е ама не знае да каже Ама ајде ги навикнав веќе смислувам креативни одговори
Нај првото прашање беше : природно или царски (од лица коиншто ама баш ич не ги засега тоа, секако не идат да ми помагаат) и второто цица ли? И една од сестрите во болница: Па ти за овие два дена си требала да научиш како да го будиш и техниката на доењето. А јас со царски рез , сама за прв пат со бебе и неспособна за пола од работите , сеуште во шок од операција и неспиење … сум требала да научам (а они го наполниле со АД и го носат за да цица па ќе ти ја откине градата стискајки).
Ги доиш ли? Пеат ли? ( демек дали плакале богдачува), на кого личат?? И се ѕверат во децава ги анализираат…
Аа мојата си личи на татко и, сечена глава е. Али смешна ми е свеки, стварно срцка е жената ама стварно мислам дека е пресреќна дека личи на него и само кажува на секое, леле многу ми личи на Х, значи а нејзе ја гледам а него. Исто и он како мал вака. А нема везе, тоа што го прави го прават сите бебиња, ама нејзе еден и е и мајкин син ама сепак стварно на мене е само женско.
Моето е скината фаца на мене, значи копија. Дури и мајка ми вика како 30 години назад да сум кога ја држам, исто бебе, исто манири. Свеки само бара нешто да каже дека е мешана на двајцата, ќе најде нешто од типот во тилот е на Х (маж ми). Нема кој не ја видел да не рече багуфче намалено дека е, ама не, мешана била. Јас па викам барем на карактер да е како татко и, раат ќе виде во животот искулирана 200%. Јас сум краток фитил. Не сум по хороскопот ич ама една недела се разлика со родендени и ист знак се па може ќе има врска.