Ја ако сум искрена 100% личи на маж ми, уста, нос, облик на глава … очите се мои… кој ја виде, сите рекоа исто. Ама мењаат бе, бабиве нека се радуваат Мојава е воздушен знак како мене и стварно мислам дека ќе биде послична на мене отколку на маж ми по досегашни моменти и манири што ги прикажува за еден месец али ко преживи причаче … мајка ми вика со тебе не спиевме додека не направи една година, хроника бевме се подававме на два саати со татко ти, баба ти, дедо ти по дома. Ама во тоа време живееле сите заедно па имало смисла да плаче бебе со ноќи цела година … сеа сите сами сме … ако се деси истово у дупка ти е живот цела година си зомби
Синко личи на татко му,и многу ми е мерак.Се заљубив во тој човек и сега повторно се заљубувам во мини верзија од него.Не знам зошто кога пријатели ќе ми речат цел е на татко му мислат дека ќе ми пречи тоа или па дека ми е криво.Баш напротив.Карактерно не знам чива страна ќе фаќа повеќе ама што и да е пак и двајцата сме табиети исти.
Баш, па од срце сум го одбрала маж ми и ми е најубав на свет … детево има ли поубаво од тоа да ми личи на него
Мојава исто повеќе е на мене, особено ако земеш слика од мене кога сум колку неа, исто бебе. На мм кога му покажав една слика се збуни кој е, внук ми одма рече дека е она А карактерно на него изгледа ќе биде, а маааааааалце е тежок мм (пак си го сакам) а кога требаше да се роди цело време викав да е само после 20 јануари да биде водолија како мене. Ќе видиме, може ќе стане водолија кога ќе порасне
Да бе пресреќни се некако што личат на синовите. И син ми е цел татко му буквално па знае често да каже, леле како Х пак да го држам како бебе.
Моево е ептен мешано жими се. Една слика имав при крај на бременост што ја фативме во ликот и на неа личеше ептен на мене. Амаа вака како расте челото исто на татко и, веѓите на него, прстите на раце и нозе копија негови е очите, носот и устата повеќе наликуваат на мене Инаку мене многу ме нервира тоа, свекорот уште во болница на кого личи и ја гледа, тоа подувано целото на ништо не личи на кого личело
Мене докторот што ме породи, јас легната на тоа масата сред операција, тој ја корне од мене надвор и вика “пиле ова оригинал на тебе”. Кај виде сличност не знам, сега кога гледам слики личи на модар патлиџан.
Исто и мојов јас на почеток не можев да приметам ама сега кога му зборам се осеќам како со себе да си зборам, преинтересно ми е среќа само очите му се плави на мм, мада може ќе смени иако веќе му се баш плави
На мене не е ниту женско Ама дека е ист мм, ист е. Фаци, пози на слика, исти се. Само во очите е на мене, ама јас па сакам на татко му да е. Преубави очи има мм. Иста песна пееме. Џабе ми беше зборењето. Синко се научи кај кој како може и си тера. Со мене и мм е мирен, си седи во столче, на подлога си игра. Свекрва ми и свекор ми го научија во раце и сега си бара да го шетаат низ дома. На прашањето зошто плаче почнав да одговарам - бидејќи не знае да зборува.
И моево е со плави очи, на некоја прабаба од второ колено има наследено бидејќи ние сме со кафеави со маж ми, а и поблиска фамилија ни се кафеави или зелени. Ама ако, исто ко јас со плави очи е.
Злато, што може хахахах шала на страна, јас конкретно сум инат, многу емотивна, брза... татко ми е водолија скроз обратно е ама и двајцата сме креативни, авантуристи, љубопитни...
Не верувам ни јас, ама интересно ми е така кога ќе се погодам. Најубавото работно место и искуство ми беше кога работевме 3 водолии ама што ти згрешивме толку? може до подзнакот било хаха плус машките водилии се многу поразлични од женските стварно