Во ред е Спиди, чим ти си нашла решение за мир, што повеќе да се дебатира, ти си пред сите и добро е тоа што е така. Само ваљда нема еден ден све да ти дојде над глава Дифтар сум и јас, ниту трпам нешто, ниту дозволувам некој да ми се меша, мое дете-мои правила. Ама се научив да бројам до 10 откога станав мајка, мирот и раатот ретко си ги уништувам за било што и голем дел совети "како треба" само механички ги слушам, ги прифаќам како дел од муабет и не се фаќам на јадица и си вртам китка на десно
^^^И мене некако и смешни ми се тие "совети" Научив така да ги прифаќам и стално му ги пренесувам на маж ми и заедно се смееме. Мајка ми ме вади од такт, ама ќе и свикам, ќе ми олесни. Свекрва ми споредува со внукот, исто не ме тангира. На лулашки стално има коментари. Ми вика една леле уште носи пелени. Викам да. Аууу мојата на годинка ги фрли. Браво. Јас не форсирам и викам кога ќе сака тогаш. Ама... и зборува... не слушам , само ќе се насмеам. Што да се оптеретувам дополнително? Мене повеќе тие мамички ме нервираат. Кога нивното дете е нај. Кога потенцираат и споредуваат.
Мене најмногу ме нервираше кога ќе ми кажеа спиј додека бебе спие И после 3 години уште ми смета раченицата , со закон да ја забранат за новите мајкиА кога да јадам, да зготвам да испеглам , да исперам , да се истуширам? Сама бев од 3 недели на бебето мое. Исто ме нервираше првите денови свеќи кога ќе ми го земеше бебето кое плакаше и ќе ја нишаше и нишаше за по 3 минути да кажа мами она цице сака.А само што цицала или па ај смири ја што ми ја земаш Други работи не слушав
По пораѓај хормоните до небо идат. Јас си плачев од нигде никаде. Така ми идеше. Ми излезе и некој проблем здравствен. И ја имаш свеки да мери колку мајка ми, колку она. А бе ајде! Мајка ми исто не е цвеќе. Демек ќе ја чуваше, па едвај ме чека од работа да дојдам. Ај цел ден кога ја чуваше, ама па и пола ден во градинка кога одеше и кога почна да спие. Се она обврски има. Јас разбирам дека животот не и застанал, ама па нон стоп се осеќам ко под притисок. Морам во минут од работа да излезам, не дај боже бензин да застанам да ставам! И кажав пред некое време, одма се лути, не се разговара со неа. Одма она жртва е и ти неблагодарен. Сите сме си табиетлии. Битно да не си ставаме на срце и да си тераме како нас ни одговара.
За ова капа ти симнувам. Зошто? Затоа што не во секој случај ама во многу каде што преќутуваш почнуваат да ти ги тестираат границите, претеруваат и ти влеваат дури во кревет. Ете јас дозволив ама веќе не. Само вака како тебе. Дрска или не, веќе не ми е гајле. Никој не знае да праша како ти е, а за коментари се први. Да не зборам како што пиши Кукла, демек многу сака дс го чува, а кога го оставаш мислиш денот и пропаднал и ќе ти ѕвонела да си дојдиш.
Свекрва и свекор кој друг. Се токмеше уште пред да се породам таа да го капела 40дена. Мм нејкеше да слушне и велеше нема шанси. И ај си дојдовме од болница ја гледам радосна, му велам нека го искапи греота е ја гледам дека сака. Леле луѓе тоа никогаш нема да го заборавам кога почна да му фрла вода на глава директно, ни ноџиња прво ништо, па ко почна да плачи тој душата ме здоволе и така со се пена ми го донесе да го облечам. Си преќутав и утре дента иди и му вели на мм ке го капиме и овој и вели го искапивме ние. 2-3дена така и се батали. После незнаење да ги држи, го стегаше и секогаш исповратен ми го даваше. На 4 месеци го држеше за рачиња застант долу да одел косата ми се крена ко видов триста црни мисли ми поминаа низ глава што можеше да се деси. Среќа господ не чува. И реков оставање на неа во никој случај. Нешто не ми штима кај неа. Сега ми вели леле колку мирен си седи си гледа цртани можиш да го оставиш на чување, велам кај ке одам јас без него, па ми вели луѓе сме се бидува боже господе не ја слушај си велам. Одма на недај боже ме мава паметот скраја да е. Свекор ми па ке се заклучам в соба ко ке спие или го дојам, тој ке чукни и турка на врата. Идиот. Бабините деветини да не ги набројувам. На добар пат сум да полудам. Го молам бога што побрзо да можиме да бегаме од тука. И на крај на светот би одела само да не сум кај нив.
Коа требаше мм да ме земе од болница со малово им реков нејќам никој др освен мм да иде по мене (свеки филмови правење ,плачење на работа пред колешки и , ) и на крај ајде мм ја зема и нејзе . Плаче малово она иде и вика што му направи да плаче , ми се идеше да ја избркам ама ајде преќутав за да не се нерр , свекорот се прави паметен пази на главата ќе го убиеш така , е тогаш ми скисна и му реков дека јас се мачев да го родам и дека нема да сум толку глупа сопственото дете да си го повредам и уште еден куп др глупости
Ауу ме вади од такт кога ќе дојде свекрва ми и ќе почне да му збори на бебе од 20 дена муабети од типот мајка ти не дава да те држиме... НЕ ДАВАМ ЖЕНО ГО ДУМКАШ А ОН МИРЕН БАЈЧЕ У 4 ЌЕ ТЕ ВИКАМ ДА ДОАЃАШ ДА ГО ДУМКАШ... после кај си баба ај фати ме за прстето не ме знаеш мене другата баба повеќе ја гледаш...... ЖЕНО КАКО ЗА ТЕБЕ ТАКА ЗА МАЈКА МИ НЕ ТРЕСКАЈ...покриј го ладно е тргни од себе коа спиеш ти достудува А ДОМА 24 26 СТЕПЕНИ ТИИИ ЌЕ МИ КАЖЕШ... после кажии ако ти треба нешто ручек ќе направам кокошка да сварам една да ви донесам за ручек АМАН ЖЕНО НЕ МОРА ГОТВАМ НЕЛИ ГЛЕАШ, А АКО БАРАШ ПРИЧИНА ДА СЕ ТУПНЕШ БАРЕМ КУЛТУРНО ЈАВИ СЕ САКАМ ДА ДОЈДАМ ДА ГО ВИДАМ САТ ДВА НИКОЈ НЕ ТИ БРАНИ....и ми пречеше тоа што знае ненајавена да се тупне и тоа навечер коа бањам дете се бањам јас го успивам и спијам дур спие, а да не зборам дека не звони на врата како дома да си влегува БОГ ДА ЧУВА.
Леле ве читам и се смеам. Утре и ние ќе бидеме баби нечии ако даде Господ. Мене ме нервираше уште трудна дур бев и свекорот и свекрвата. Абе глупоштини невидени. Кога, се породив му реков на мм сам да дојде на посета, таа нацртана со него. За земање од болница ете ја прва. Па уште кога ми рече седи напред, јас позади со бене И ме натера на бебе у сред лето со коса до рамења капа да ставам Дома доаѓаже, иде дома и ете ги со свекор ми за пикжла саат се нацртаа. И девер ми и јатрва со нив. Па сите држи го, му брцаат пари у рака да си купи братче или сестричка И така секој ден. Мислам ке полудев. Неможев на раат да го дојам. Сечена, усмрдема, испотена. Хорор. Сега нигде ја нема за чување. Неможела она поише од еден саат да чува, а се лупаше у гради дека ке чува деца. Инаку, малото беше болно. И зашто не сме им се јавиле за совет они се наљутија и три недели како не фоаѓаст. А на три минути од нас живеат. Абе, клето семе се бре. Ја незнам како можат.
Уф... Мислам дека се ме нервираше. Ме нервираше раната, не можев ко човек да седнам. Учење да дојам, тоа посебна приказна. Плаче бебе, плачам јас, се смируваше кај татко му, се чуствував како мене да не ме сака. Гладна, ненаспана како и сите други. Кога ќе плачеше бебето и маж ми ќе ми речеше гладно е (а јадело пред пола саат) и сум сто посто сигурна дека голтал, мислев ќе го задавам. После два месеци гладен е, сфати дека се грчеви... Ме нервираше кога некој ќе ѕвони упорно на телефон како да гори некаде, а малиот само што задремал на града, и вибрациите го будеа па ајде од ново, плачки, смирувања. Кога ќе се избаци некој во 9 вечер. Тупнување пари во раче, количка, креветче, коса ми креваше. И се уште од такт ме вади бакнување на рачињата а знаат дека во уста ги пика. Најмногу ме нервираа луѓе кои веќе имале деца а се однесуваа без осет меѓу кои и татко ми...
Добро мене не ми е јасно како ги изгледале децава коа плачат освен дека биле гладни незнаат , неможам да сфатам значи тоа бебе неможе да јаде 24/7 ама според сите други што солат памет . И башка сите се чукаат во гради дека ќе ги чуваат а коа ќе дојде време бегаат како ѓаволи од крст . Многу ме нервира коа ќе дојдат луѓе и седат по 6 7 саата , да неможеш да си легнеш да одмориш за они кеифот да го направат. Коа го донесов од болница сите идеа и коа спиеше го држеа па јас 2 месеца го држев на мене да спие и после коа им викав да не го зимаат го дигаат носот одма и одма муабети не го зимаме оти не го даваш а никој не ме прашува како ми беше коа оно спие врз мене а јас го држев целата искривена ,ненаспана , здрвена а сеа никаде ги нема ни 5 мин да помогнат Абе ајде од такви луѓе ми е преку глава
Целото зборење на свекрва ми. Еве веќе сме 2 месеца а таа пак си е иста со зборовите: - стави топломерче за да се искака - ладно е покриј ја - сигурно немаш доволно млеко, или пак не е доволно хранливо За млекото ме највеќе погодува бидејќи имам доволно млеко и кога ја тргнам малата од града тоа сеуште тече.
Сеуште најмногу ме нервира муабетот “така си ја научила”. Мајка ми на секое тоа па тоа и тетките кога ќе ми се јават. Ништо повеќе не ми спојува живци како кога ќе ми речат “еее ти така си ја научила”. Сериозно ми иде да им речам кој к*р ви е луѓе? Ја сигурно сакам дете дење да ми спие во раце и мене секое ковче од телово да ме боли и да станувам укочена. Да, баш јас сакам така да е, па така јас ја научив. Џабе укажувањето дека на некои бебиња едноставно им треба повеќе близина и има скокови и дека едноставно одговараш на потребата на бебето. На следно јавување пак истото. И свекрва ми кога ќе ме праша колку пати на ден ја пресоблакам. Божем на норма треба да сме. Првиот пат мислев дека ме прашува за пелени, па и кажав колку и менувам. Ама не, за алишта ме прашувала. Се збунив. Викам па не ја пресоблакам ако нема потреба. Па ме погледна ко од Марс да сум падната. Некогаш се поти, се лигави, ќе пропушти пелена, се дешава да ја пресоблечам и 10 пати на ден комплет до чорапа, некогаш едноставно си е цел ден во исто. Ни телефон ми се крева некогаш, ни муабет ми се праи, ќе ми спомнат нешто глупо, ќе ми ги спојат жичките и ќе ми по*бат совршено убав ден!
Не дозволував многу работи да ме нервираат, ама може и такви беа околностите. Прва работа што ме извади од такт беше што сите се нацуцулија за зимање од болница. Свекор и свекрва не ни прашаа, па ај и моите да не се покуси по нив, па и золва, на крај и брат ми и снаа ми. Може немаше да биде толку трагично да си чекаа надвор наместо во хол да ги слушам. Згора на се дојдоа во 11, ама малер бидна сабота беше, а во ремедика им се расипа машината за кс па не можеа да не испуштат. Па тука дополнителна тензија. Кај едвај чекав да си одиме дома, уште и од ходник, ајде кога ќе ве пуштат на 5 минути слушав. 2 саат мислам не фати додека излеговме од таму. Инаку како од поплава излезена бев кога излагав. Мм грабнал прво нешто што му дошло на рака (најширокиот фустан што го носев во бременост). Шминка грам немав, среќа косата стигнав да ја средам претходната вечер (читај да ја измијам). За второ дај боже кога ќе биде никој не сакам. Кој сака нека се лути. Откако ќе дојдеме може на кратко дома за да видат бебе и толку. Дома повеќе ме нервираше мм кога ќе прашаше што му е сега, како јас да сум изгледала 5 деца Фала богу, светковци си заминаа после една недела за ох па не досаѓаа, а мајка доаѓаше на испомош, ама нејзе ќе и подвикнев и ќе ми поминеше. Нели мајка е па трпи се Е светковци ме нервираа кога одвреме навреме ќе дојдеа зошто се лутеа кога ќе ги пратев да мијат раце, демек од дома еден спрат подолу дошле. Е да ама геледерод во влез и клучеви и врати што фаќаат не им текнува. И со папучите сакаа да влагаат што шетале по влес, а бебе лази по земја. Други коментари и совети и да имало, успешно од едно уво влегло, од друго излегло. Ама ич не ми чуеше кој што ќе каже. Ако нешто ми требаше совет ќе си прашав и тоа најчесто золва, зошто ептен ми се има најдено со совети.
Се ме нервираше буквално се... Свекрва ми уште во болница ме изнервира со зборовите: ,,Леле како ќе го бањаме многу е мал како ќе го држиме страв ми е" Па господе боже какво сакаш да биде предвремено родено бебе Од ќерка и децата биле големи воа било како глувче и било страв и го грабнав транапортерот од раце и реков пази ќе те изеде... Дома полна ќуќа гости ајде сите бебе да видат да.се изредат бебе се расплака нормално нова средина народ... Ноќта.. Ау кошмар бебе се расплака и доаѓа свекор ми оти свекрвами работи оди на работа сабајле треба да.одмори Влева во соба ни да тропне ништо што му е зошто плаче? Ајде мм му рече да излезе ќе си го смириме ние а.он цела вечер мислам шеташе покрај собата Бебе доби и грчеви па ќе прашаа а зошто плаче што му е аааа може е гладно да да сигурно е гладно вака плачат бебињата кога се гладни снемав млеко и помпрепорака на педијатар давав и Ад па зошто сум немала млеко прави вака прави така бла блааа... Оставај го да поплаче убаво е да поплаче белите дробови се развиваат е тоа кога ќе го слушнев косата ми се креваше
Така свекрва ми праи ќе дојде дреме не и текнува да си оди ко да неам приватен живот и само у раце и само думкње и после 4 саати дремење ќе дојде мм и ни вика ај седете ручајте раат ќе го чувам ко и пуштив поглед да не и текне веќе ни минута да остане, а да не зборам ќе се јави абе напраив сарми да ви донесам викам мм не може супа да јадеи се смее што е тоа, ако сакаш да дојдеш дс го видиш бебо дојди а не ручеци да ми носиш и одма да не сакаш ова она се нешо бара причини селска работа уфф врјјаммм само шо ќе помислам...
Камоо да имаа куќа на село да одеа да е ги глеам, уффф со тоа думкање детето не земено у раџе она думка ми се чини да сме и дозволеле ќе спиела ќе го држела цела нок и цел ден ...море марш секој дома ќе си спие.
Зошто плаче? И тупнување на секој звук што ќе го пушти бебе. Дај јас ќе го смирам. Не, нема. Гладен е штом прифаќа цуцла. Топло му е. Од жена у климакс не слушам совети како да ти кажам. Мочан е. Да го пресоблечеме. - на секој пола саат. Многу ти е јако млекото дај му вода. Ти можеш без вода? Не може ни детето. Какаш баба? Ако какај. All day long. Ај на бабаааа ај на бабааа ај на бабааа ајна бабаааа нон стоп со иритантен тон. Нечисти жени не смееле ни на слика да го гледаат. Од овие нечистиве жени муабет косава ми станува. И уште 100 муабети како сите лошо мислеле, да не верувам ни на најблиски демек магии ќе ми прават . Ако ми текне уште нешто ќе додадам сигурно има. Едит: Ја заборавив "поддршката" за доење и муабетот како хемија и е хемија. Демек ад е боље. By свеки, тешко ми е, знам
Мене знаеш шо ми праи кога ќе дојде д го види он спие и вика па ти баба само спиеш кога доаѓам јас, ај разбуди се ај заплачи малце ми иде ваздух да ја кренам