Јас не гледам ништо лошо некогаш да ви донесе ручек. Ако жената не те сака нема ручек да ти готви и да те моли да ти донесе.
Ауу кога беше помал исто хаха. Па ќе се разбуди и после имаш - ај мене смеј ми се, само на мајка ти и се смееш. А на другата баба и се смееш? Ај мене!!!...
Жената од прв ден не ме сака а ручеци носи зошоо бара причина да дојде а и имам кажано ако сакаш да дојдеш да го видиш дојди никој не ти брани.... А да и кај мене на другата баба ја гледаш повеќе... а нема врска само да се лупета... како мајка ми така она не сакам да ми пречат ама оваа не остава простор сама да ја викнам да и побарам нешо нахална е
Се е според договор, ако не се договориле да носи не гледам причина да носи. Не дека е лошо ама само ако веќе се договориле на такво нешто.
Не мине јасно што си ја полните душата толку со омраза, и не треба да бара изговори да дојде баба може осетила нешто од вас дека треба да дојде само со причина. Па и да ве нервира дека вика на внучето да и се насмее и нејзе... Не сте виделе проблеми од свекрва вие изгледа Отворете ја темата свекрви и читајте.
темава е што ве нервираше после породување... а во тема проблеми со свекрви ќе пишеме повеќе by the way никој не знае точно другите какви проблеми имаат за секој неговите проблеми се најголеми ♡
Ауу исто Јас лежев во кревет после ивф не ме праша вода да не сакаш ќе си сметеше до ходник мојата соба ја оставаше па си викав нека не биде сметена само да ни успее ивф... Од кога истанав не знаеше ни кој месец сум ако јадеше нешто го криеше кога ја оперисаа мајка ми одев се влечев сама по Скопје на хематологија сум чекала од 7 сабајле до 9 вечер да примам крв да ми донесат сум дремела до 3 4 по полноќ дур ја примам и да не праша ни како си ни шо си мм идеше од работа па тој да ми праве друштво па сега ќе ми вика убавото на баба вака така.. Ајде мрш таму
Абе додека бев трудна ме труеше со 3 кутии цигари на ден гајле не и беше што јадам. Сега дека цица бебе ме тинтра ме прашува што сакаш да било добро млекото морало.. Уво ги боли за нас, факт е
@Adams слично како и кај тебе и јас кога останав трудна нагло ми се скрати цервиксот и бев на строго мирување. За тие 5 месеци не дојде 5 пати да ме/не праша како сме. Не заради мене туку заради нејзиниот син што беше претворен во домаќинка, од сабајле на работа, а после со мене и се што е потребно околу мене и куќата... Е откако се породив дојде кај нас, па на моето дете се правеше таа мајка. Од коментари за моето млеко, па за доењето, па уроци уште што се немаше. Кога го земав детето да го дојдам таа висеше над мене за да види дали и колку цица Така да од се овде напишано сватив дека свекрвите највеќе нервираат сакајќи или несакајќи
После првото породување сè ми сметаше, после второто ништо. Едноставно си уживав во постпородилниот период, и сфатив колку сум била глупава што сум се нервирала за глупости. Ама хормони...
И мојава уво не ја боли за мене битно извештај син и дава секој ден што сме праеле кога сме какале мочале јаделе и кажува ке го носиме на контрола малото и за мене на гинеколог она игнор за мене шо се тиче неа може да приумрам... молам бога золва ми да остане трудна да ми се здефоса раат да сум...
Mi smeta sto sekoj misli deka moze da soli pamet i nepovikan da dava mislenje za se i sesto.Jas razbiram da pobaras sovet i da dobies ama nepovikan za sekoja situacija da davas soveti e premnogu.Mi smeta i toa sto me proglasija za nemajka zasto sum davala ad na bebeto a nikoj ne me prasa kako sum vo tie prvi migovi i dali mi e potrebno nesto.Mi smeta koga ke slusnam taka ste go naucile kako jas da go teram bebeto nekoi denovi da ne spie preku nok.Mi smetaat i adetite od tursko vreme koi se ostanati i koi moram da gi slusam
Сите што се нервирате дека ве прашуваат дали бебињата ви се гладни, да знаете дека мојава напраи 1 година и уште сите викаат " да не и се јаде? " Крај нема на муабетов