Ми сметаше во болница кога ме прашуваа дали сум имала проблеми во бременоста затоа што бебето ми се родило со помала килажа за таа недела, а фала му на господ се си беше како што треба живо,здраво.. едвај чекав да си одам ако останев уште 1 ден ке полудев, па дете ми фати жолтица на ден кога требаше да си одиме а јас среќна што треба да си одиме, откако ми кажаа се утепав од плачење се молев да му се исчисти до 12ч. Дома не сакав никој само јас, маж ми и синчето. Кога му се јавив да го прашам до кај е слушнав гласови дома му викам кој ги викна, вика сами дојдоа, а он уствари изненадување ми спремал, кога дојдов дома измешани емоции еден куп, поубаво изненадување не сум имала, ајде пак плачки..а свекрвата ми сметаше после породување затоа што она се знаеше кога е гладно, дали му се спие, па капче да носело за заштита а сега никаде ја нема иако сме во иста куќа на различен спрат, и не се жалам убаво ми е сами со мм и бебето, си имаме приватност, си помагаме околу обврски и така Јас си се изнараскажав, ако не е за овде префрлете во друга тема
Е ајде де ама секогаш кога ќе дојдеше доктор и ќе видеше килажа тоа ме прашуваше.. сопругот е роден 2300 и може и тоа има некакво влијание не знам. Битно онака се си беше во ред си растеше и немав буквално никакви проблеми во бременоста, дури не ни повраќав.. Ама кога ти повторуваат се едно исто цело време нервозно е.
Исто и јас, не дигав на телефон, плачев, незнаев ни што осеќам ни зошто плачев а свеки си се преселила кај нас иако не побарав помош и маж ми и рекол дека нема потреба, ми помагаше многу ама и ме нервираше многу и така. ама фала богу помина тој период и сега сами со маж ми и синчето си уживаме дома
Мене ме нервираа гости. Нашите родители во никој случај, ми беа од огромна помош, имаа осет кога треба да сме сами со синко, совети даваа ама со најдобра намера. Од друга страна гости на видување ми беа смрт. На прсти се бројат гостите кои имаа осет и седеа по два часа. Останатите кога ке затераа, едвај чекав да кажат дека си стануваат, не велев да поседат уште. Плус не сакаав никој од страна да ми го пипка синко.
Очекував сите да ме нервираат. Кога сум во пмс ме нервира дишењето на мм и мислев исто ќе биде со пореметените хормони. Дефинитивно најубав период од животот ми се првите две недели после доаѓањето од болница. Нешто што најмногу ме нервираше се хемороидите и мајка ми и свекрва ми. Бевме и кај двете и еве по втор пат сум кај моите на гости ама сега се смирив. Сфатив дека проблемот е кај мене во тој животински инстинкт дека е ова само мое бебе и никој друг не смее да го пипне. Многу ми е криво кога ќе се сетам колку бев груба
И јас 39 недела 2520 гр ја родив. До 30 недела убаво растеше после имаше заостанување И до 39 недела цели 4-5 недели помала беше. Но приватно се породив И немаше никаква забелешка. Сега палчица моја е 10 месечна топчеста убавица. Инаку после пораѓај ништо не ме нервираше. Дали до годините е, дали се на оф ставив не знам. Имав филмски пораѓај без епидурална, без сечење и пукање така да првите недели ми беа најубави.
Ne se zamarav so nikoj,jas decata i mm...dojdoa da go vidat bebusot i prijatno. Gosti ne sym cekala nikakvi,moite i negovite dojdoa vo razlicni denovi da ne ja tormozat i cao. Ne mi trebaat, sama si gi cuvam 10godini,ne se potresuvam,nit im placam, nit im se nerviram!
Многу ми е интересна темава само да ти кажам нрма зашто да ти е криво со право си била груба реално треба да те праша пред да го крене во раце. Јас кога одев кај некого со бебе прво прашавв дали може да го држам а не да се џапам. А свекрвите имам случаи неколку кај што се грабаат И ако не сакаш никојда го држи нема и крај
Мојата се роди 2640 во 39та недела, јас сум ситна искрено на почеток си плачев и ми беше стресно од прашањата, битно е да напредуваат добро
Да и јас сум ситна и на еден преглед кога го прашав докторот колкаво е бебето затоа што цело време беше помало, ми рече што ти е тоа важно што ќе ти смени ако знаеш, не е битна килажата битно е онака да си е се како што треба, и во право е. Вика ти си ситна колкаво бебе сакаш да излезе
Ау не била само кај мене главна нервоза свекрвата.... Ме нервираше што беше на интензивна. Ме нервира(ше) свекрва ми со сите нејзини коментари. Првите 2-3 месеци пекол ми ги направи ,место да се сеќавам по убаво ,по блискоста со бебе јас ќе се сеќавам по неа и нејзините глупости. Прв ден само што влеговме дома се стрча со коритото да ја бања,мм си поќуте,си отиде надвор си запали цигара ,ми идеше в г** да му ја напикам. До 40 дена морало да се бања во 9 ми идеше во 8 во спална и лупаше со то прстеништето нејзино по креветчето за да не разбуди без да и е гајле дали сме спиеле ноќта,трчаше прозор да ми отвори. Фамозната нејзина реченица "ќе и се деси нешто". Што ми направи анксиозност и страв. Ќе заспие цицајки ,а не јадела убаво јас ја малтретирам за да ја расонам да цица таа немој ќе ја научиш да спие на цицка остај ја чим заспала. Јас земи си ја во раце од мерак она немој ќе ја научиш се во раце ,за сега на 5 месеци да ја зема по цели денови таа во раце и стварно ја научи. На 30 степени ме тераше по долги да ја облекувам и широк повој да и ставам ( тука имаа улога и золва ми и мајка ми ама само таа проверуваше дали носи ) Кога залади на глава ми се качи за холахопки ,чак отишла купила холахопчина од оние тенките ама битно холахопки да имала. Па и јас глупава и ставав. И сега проверува дали има ,и цело време цитирам -" кај сее смрзнатите ноџињаа" Секој ден. Уште секое утро кога ќе слушне тропаме се црта и почнува цитирам "-Кааај е куцето,се наспало куцетооо ,куци ела кај бабииии грпчето те боли од лежење. Секогаш кога ја пресоблекувам,ајде побрзај ќе настане... Во бањањето обавезно се меша. Абе буквално се што треба да ми прави среќа ми упропасти. А ,слика на ФБ ставив ја видела ,да не сум ставала слики на нет ќе ми го украделе бебето... А најмногу се нервирам сега затоа што ја слушав на почетокот. Мајка ми со коментарот за мед на цуцлата,значи 5 месеци исто го збори ,не знам како не се измори. ПАНДЕМИЈАТА. Луѓе што се најавуваат упорно за на гости иако сум ги одбила веќе два пати заради пандемијата (ама маски ќе носеле де ако толку ми било страв) и како на вакцина сум ја носела таму нели луѓе ја пречекувале.
Маж ти нели и кажува да не се меша? Јас на мм му кажав уште еднаш влезат ли без јас дасум таму и да ми киснат по цел ден јас ќе им кажам нема ти ама јас ако кажам лошо ќе биде. Така да уживај во бебето а не во нервозите на свекрва золва и твојата мајка . Мислам дека ѕи имаш повеќе нервоза од нив одколку со бебето. И мајка ми се мешаше на почеток ладни нозе облечи му чорапи само и реков јас си знам ти не се мешај и толку беше
Ау страшно. Зошто ја трпиш? Или заедно живеете? Мојата на 2 пати си даде за право кога ќе одиме да ја шетаме да ми кажува да не заборавиш памперсот да и го смениш, ке треба млеко да и земеш ако огладне, нозете и се голи.. И кажав јас сум мајка и знам што треба за моето бебе и не ми кажувај што да правам. Од тогаш си трае, само има навика да и ги угаштува чорапите во панталоните