Буквално се ме нервираше, и сега се ме нервира не дека не, ама тогаш поготово лудило ме фаќаше. До 40 дена идеше мајка ми и ми помагаше за бањање околу детето, ама нејзе уште одма и кажав да не ми се меша за ништо друго и не се мешаше. Ама ме излудуваше моментот кога требаше детето да се бања и тогаш сите цела компанија одоздоле свекор, свекрва, девер горе ќе се нацртаа и седат чекаат да го соблечеме да го бањаме, после околу коритото, како жири комисија, а детето тогаш ич не сакаше да се бања вриштеше само што ќе го соблечевме, мене ем страв, ем паника што плаче, ем овие околу наредени само вриев од внатре и чекав да експлодирам. А што е најбитно дневната ни е мала, и тука се беше и креветче и корито и они на куп ем гледаа дека нема место, дека гужва ствараат и упорно секоја вечер пак идеа и дремеа, јас очи превртувам и све ама џабе. Среќа веќе не досаѓаат, идат еднаш во денот по 10-15мин и толку.
Муабетите од стилот 'прво внуче, срамота баба и дедо да не купат ништо, што ќе си мисли народ' Значи да купат поради муабети од околина, не од мерак (инаку, никој не ги збори, никој не се занимава со нив ама сите ги научија дека тоа им е веќе узречица). Капче да му ставам, накај прозор било свртено, ќе смрзнело ( пошто ние нели не проверивме дали дува од прозорот пред да го наместиме креветчето таму). Не цицало, т.е не голтало, АД да сум му давала за дохрана (нема врска, две патронажни викнав, двете ми потврдија дека бебе убаво си влече). За бањање да доаѓала да ни помага, немало да се снајдеме, ќе сме го повределе-ова и јас го мислев пред да се породам, тука на форумов мајки ми дадоа кураж дека можеме сами со мм. Она да го ждригнела, ја не сум знаела како, и реков треба да се трудам за да научам а не само да гледам. 6ти ден сме дома, тек је почело... Вчера не ми беше добро, дојдоа да ми помогнат дека мм на работа. Секакви глупости, фамилијарни проблеми нивни пробаа да дискутираат со мене, притоа цело време повторувајќи леунка си, да не те нервираме, и пак продолжуваа со муабетот. Си заминаа 20 мин пред да дојде мм за да не се сретнат со него, оти знаат дека не можат да прекинат со муабетот а он нема да ги толерира. Ме примети маж потиштена, ме прашуваше што како, низ плачки се му кажав. Се јави на мајка му, се заблагодари за помошта и им рече месец дена да искулираат малце, да не вртат и да не доаѓаат-најмногу ради тие фамилијарните проблеми бидејќи им има кажано на два три пати пред да се роди бебе дека ако планираат да ги прават тие муабети, внуче они нема да гледаат. Мајка ми и друг град, ќе истресе нешто по телефон, ќе и кажам дека денешно време не се прави така, и она одма 'прашај ја свекрва ти' Прееска и реков, уште еднаш испрати ме кај свекрвата кога јас ти се обраќам тебе и ќе намалиме малце со комуникација.
Не срцка ,јас се прашувам како уште не сум станала убиец. И кажува ,ама ум со ѓум не се тура.. Пред него не запиња толку,еднаш ако рече толку. Ама додека е на работа тој мене ме изеде готово, после се ме нервира ,па ќе ме нервира. Заедно живееме за жал... Госпоѓата не убедуваше да средиме и да и препуштиме соба само за неа ,таму ќе си седела и немало да ни се меша во ништо... Еве гледам. Само уште толерантната граница не ја има допрено ,оти јас неколку пати полека кажувам ,па неколку построго и на крај ко ќе прекинам контакт ќе се чуди ,ептен немам греење во спална инаку цел ден таму би седела. Што и да и кажеш џабе е. И мм и кажал и јас кажувам ко на дрво да збори човек. Да бе ти ненормална си пелена нема да смениш цццц Браво за мт . И со мојава ќе беше така да не бевме во иста куќа ,верувам . А за мајка ти немам зборови...уствари иста е и мојава ,пожали се нешто од свекрва ми таа "Ајде мајкино па за арно за лошо таа ти е ,јас далеку сум ,еве и во градинка да е ,ко ќе се разболи пак ќе треба неа да и ја оставиш ,подголтни
Леле бе, многу се нервирам со вакви коментари. Уште од сега пропагира како бебето ќе се облакало по долги, и со чорапи, и ќебиња, а дома ни е 30 степени, ќе полуди бебе така, јас и кажав одма да не се меша, и ако планира да купи, нека купи нешто по кратки, зошто имаме доволно по долги алишта, ама не ќе се разболело бебето по кратки, абе од едно уво ќе ми влегува од друго ќе излегува, тоа што ќе го кажат, и мајка ми и свекрва ми. Како одлучиме јас и ММ така ќе биде, ние сме си родители, најдобро си знаеме.
Тебе те читав во труднички дека ти зборат дека нема да се снајдеш и ќе го повредиш (при бањање облакање итн)?
Да да, млади сме биле, не сме знаеле, не сме баш млади ама ајде, тие имале по 19 години кога родиле. Јас на се им враќам, не е така, не е точно, не си во право, и се нервираат повеќе, и така си престануваат.
Не знам некогаш како не можат да сфатат што глупости кажуваат. Прво дете и на 19 и на 40 ќе ти е прво дете и ќе си неискусен. А работите ко капење, облекување само на нив мислат трудниците, а уствари секоја се снаоѓа и скрос сама да е со бебето и нема бебе што не било убаво искапено или облечено. Од старт граници поставување затоа што после тешко ќе ги откачите, не дозволувајте ништо за мир во куќа, ќе се покаете после
Само фино и културно изнеси ја од соба. Дојди нешто да ти покажам изнеси ја пред врата и кажи и кога нема да го држиш во раце и нема да ми мудруваш тогаш ќе дојдеш ако не си земаме парталите и да не нема се може со фино да се направи
Немој така ти знаеш дека они одгледале многу деца дека они се знаат...од такви луѓе подалеку јас уште неродено детето свекрва ми викаше "аа он кога ќе доаѓа кај баба на гости се ќе му дафма што и дда сака" јас и викам нема да го правиш тоа после јас ќе си имам проблем и она вика е ако де јас не можам не да му кажам на него тоа значи и утре на чување да ја замолам да дојде нема да му даде тоа што треба туку тоа што не треба
Мора да и покажеш кај и е местото. Бебе ќе ти порасне после џабе и нервози и се. Боље испокарај с лупни врата купи си греалче едно стај го во спална и ајт ќе сфати. Колку повеќе даваш таа уште толку повеќе зима. Значи Мораш! Ако сакаш мир да си имаш. Ќе се нервирам за некоја си таму ајт покажи и кај и е местото. После се жено што помина она ли ќе ти кажува што да оравиш? Абе батали ја одма мора да се спротивставиш А и уште нешто дете ако е болно си има родители да си го чуваат. Нека не ве уцњнуваат со тоа. Па како се снаоѓаат оние што немаат никој? Па јас сум сама скроз ми идат на живци сите. Бебе носам во аптека или продавница ако ми е итно. Друго со маж ми се координирам да завршам после 5. А пази и куче имам кое бара внимание. И сега ќе ми кажува дека ќе ми се нашла свекрвата? Ич таква не ми треба да ми се наоѓа сами можеме
Ќе и каже и одма после имаш коментари ете син ми го сврте против мене вие не ме сакате јас подобро да умрам итн итн имав таквапо дома
Ќе и кажам Епа и подобро Ова нејзиното на Оце сите крајности и граници ги поминува. Треба да си луд да ја истрпиш
Ау да, или плачат... Па и јас ќе плачам па ај да видиме. Е*ате ретардираните. Ќе плаче за чувство на вина да му набие на синот,јас тоа не можам да го сфатам! Само една раб.ме интересира. Зошто како мајки не се среќни ако синовите им се среќни??? Батали снаата не мораш да ја сакаш,ама нели ти е мило син ти да е среќен бе?
Ретки се тие со такво сваќање некои мајки се со сваќање леле ако останам сама што ќе правам па нема да ме погледне па дали е добар дали јадел пиел какал и што се не. Мислам дека повеќе си гледаат да си се обезбедат да ги гледа синот во старост, а не сваќаат дека со тоа повеќе ги оттргнуваат
Eeee баш тоа го правеше, плачеше пред нас, како јас синот сум и го земала, за да му набие чувство на вина, баш така! Нон стоп плачеше што и да и се каже, сега ја ќе почнам да плачам и така ќе си тераме плачејќи
Boze mili sacuvaj! Na sekoj komentar vratka so sala i so odmereno kulturno od j...!! Nikoj ne moze da mi kaze kako da gi gledam koga 15 godini sum sama i ne im teknalo da se prijavat na recepcija za pomos! Ic ne mee zanima! !koj kako si saka neka si misli! A kaj menee mm e svekrvata, toplo e... ladno e.. oblecija...soblecija.. stavi trenerka... nozete i se ladni..m kade ima hulahopki...zosto i tece nosot,sigurno od vcera so i bea ladni racete i nozete...i taka sekoj den
Ти кажав и таму ти кажувам и тука ,чиста манипулација. Така ќе ти збори и тап ќе се фатиш во еден момент како си викаш ај може па стварно повеќе знае,бебето е поважно од мојата гордост и оп пијвицата се пикнала под кожа . Е после маки. Од искуство ова ти го кажувам. Не дозволувај си да подпаднеш ама никако - јас си дозволив и уште не можам да се свестам.
Немој ќе ти рече епаа затоа слушај ме јас имав две ( тропам сега ) ( пошто нели твоето дете се смета за нејзино) поискусна сум
Џабе ... Уствари тоа до заминувањето уште не и е кажано ,ама ја чекам да ме рчне сега и тоа ќе и го плеснам. Фала богу дека можеме ,и јас цело време тоа викам ,и на неа сум и рекла добро ти ако не беше можи ќе смрзнеше/изгладнеше итн зависи за што сме се контрале во моментот ама она вика ПА ДА. Ете толку јас не знам таа знае. Е тоа не можам да си простам - после се што поминавме уште и неа да ја слушам да ми се пентари на глава. После за бебе да немам нерви... Плаче и јас ко ќе и се сконтрам плаче (знае дека сум емотивна ,па да ме фати на емоции. Ама немам емоција за неа ) и ја игнорирам. Башка на мм што му плаче тоа плус. Му рекла дека сум и забранувала да ја гледа Ама јас му реков ќе ме налути стварно нема да и давам да ја гледа и ништо не врати. Ова и јас не можам да го разберам. Плус што мм е стар т.е 36 г. Имаше ко се запознавме ,јас 26. Претходно кукала еве го 40 ќе направи ни жена ни девојка дрн дрн... За сега душа мене да ми вади