Што правите во слободно време а да не е гледање филмови/серии и скролање по телефон? Дајте предлози за покреативен начин на минување време.
Зависи кој што го интересира, има многу опции. Пешачење, планинарење, пливање, цртање, читање книги, пишување, сликање/фотографија, некој курс, патување и истражување нови места.
Да провериш во ka dance, sonrisa знам имаат повеќе избор за возрасни, а за хипхоп специфично можда beatrix dance club aма не знам како стојат со почетнички групи јави им се и види.
Леле иста јас што бев, само без возење точак. Порано тоа правев, киснев по кеј и до факултет со бајкот, после џенемија на раб. и по терени и баталив. Сега...читање, гледање филмови што не ми е баш по ќеиф, ама др. околности, трчкарање по маркети. Планирам пак да продолжам со трчање, вежбање, да си најдам околно ритче или планина за пентарење и така. Кај го спомна Водно, денес си го мозгам и тешко на душава ми доаѓа од што ми фали.