хммм одамна не знам што е слободно време , од овој пуст факултет ретко ми останува слободно време, а тогаш сакам да се изнаспијам, да прошетам некаде и да изгледам неколку добри филмови
gledam gossip girl,desperate housewives,vezbam na orbitrek,si sreduvam nokti,slusam muzikacitam knigi...
Ако симнуваш со торенти еве ти линк за торентче од првата сезона. Само ако немаш неограничен интернет немој, големо е - 6.1 гига. http://thepiratebay.org/torrent/4710070/Gossip_Girl_Season_1
курсеви по јазици јазиците и воопшто, изразувањето и пишувањето, се нешто што ми одат прилично од рака. сакам да пишувам дооооооолги и интересни раскази, со фантастична содржина. но, школово некако ме запира во тоа, па одамна немам седнато да напишам нешто убаво морам да вежбам, што од здравствени, што од естетски причини, па одам и на фитнес :y: убаво е чувството после вежбање. многу нормално, како и секоја млада личност, сакам да прошетам и да се видам со народ, што се вика ама тоа го правам и кога немам слободно време
Слободното време го трошам малку да прочепкам нешто на интернет,на фејсбук воопшто не ни помислувам да се приклучам (и се чудам зошто не го деактивирам профилот). Тренирам бадминтон- супер спорт , читкам книги по малку фрлам поглед кон телевизорот, на шеткање со друштвото, слушам музика и така. Она останато време сум на училиште.
Па нешо на нет да се ѕирни што е ново..кафенце со друштво...некое филмчее,музика,трчање,книга и мала дружба со моето дневниче..
Слободно време, Нинџицу, трчам, чат пат у теретана, јазици (Германски), добра книга, шеткање . одење у кафич и манијачење на симпатијата што работи таму и така..
Слободно време на лето имам колку сакам, односно тогаш целото време ми е слобдно Обожавам да седам овде, читам некоја книга, гледам филм, вежбам . А за време на школската година истото само што имам помалку слободно време, па затоа времето за овие работи го кратам на пола. Пример ако вежбам ете 80 минути тогаш вежбам 40 или 30.
Слободното време гледам да го искористам повеќе надвор од домот,но некако не ми успева.Од кога почна распустот имам дополнително слободно време кое го користам за:правење вежби по дома,цртање,читање,слушање музика,извршување на повеќе домашни работи,повеќе гледам да излезам,да прошетам,се обидувам да го одбегнам компјутерот,но и тоа некако не ми успева
Ау,слободно време. Колку сакаш го има кај мене,ако сакате слободно можете да позајмете Инаку, возење со велосипед,интернет секако,читкање на некоја книгичка,шеткање,кафе со другарки,некој дооообар муабет,не озборување тоа ни малку не го сакам И се друго што може да ми се изнајде во моментот го правам.
Во слободното време одам на курсеви по јазици (англиски и германски), понекогаш рекреативно играм тенис, шетам со другарки, зборувам мнооогу на телефон и седам со саати на facebook. Сакам да почнам со пливање наскоро од естетски и од здравствени причини па да не има некој предлог за добар базен во Скопје? Фала однапред