Да се релаксираш со музика или добар филм , било сама било со другарките, да одиш кај другарки на кафе да си зборувате, да излезиш во град да земеш воздух и да гледаш многу луѓе, ако си љубител на книгите читај некои тематики кои ти се допаѓаат, ако не си толку по реалната дружба , ако не ти се излегува по ладното време, барем гледај и читај корисни работи на интернет, да се едуцираш подобро за се што те интересира ,има и други примери да се организираш во зависност од твоето слободно време и начинот на кој сакаш да се одвива твоето слободно време.
Ухууууу... Ако имаш слободно време можеш да правиш илјадници работи... Да пешачиш, планинариш, да спортуваш, да учиш шпански, да читаш книга, да гледаш документарни филмови, да се занимаваш со кулинарство, да плетеш, да се дружиш со врсниците... и уште многу,многу други работи кои се убави и позитивни!!!
Слушам музика и сум на фемина секогаш кога имам време, баш секогаш. Музиката и фемина ме опуштаат. И благодарам на Фемина.
Најчесто гледам фудбал, филмови, го шетам кучето ако е убаво времето, читам некоја книга, се лакирам, измислувам некоја нова фризура. Најмногу слушам музика и си денсам по дома .
Праваm сложувалки од 1000 евентуално 1500 парчиња, и како ја завршувам едната правам две недели одмор и почнувам пак нова. Мене ме смирува ова, е сега не знам, може да не е за секого. Ама мислам дека моментот штом почнеш, навлечен си!
Секако во слободно време,добар филм добра книга,тераса сонце кафе релаксирачка музика ,пешачење вежбање
Надвор се "занимавам" само со одење на кафе и на јадење. А кога сум дома читам книга, гледам филм, пишувам дневник, се занимавам на Интернет.
Најчесто читам книги, и гледам филмови и серии, се релаксирам со кафенце и се излежавам... Ако не сум премногу уморна и пешачам со другарка, одам на кафе, учам шпански или пробувам да зготвам нешто по некој нов рецепт од интернет
Препорачајте ми што да правам во слободното време освен да седам на лаптоп, затоа што веќе сум опседнат со него и филмови и серии.
Дајте предлог што да се прави во слободно време. Не е баш слободно, ама онака за тепање време што може да се прави.
@Vitaly па немам баш волја за нешто, само онака ми се лежи и бадијала ми поминува времето. Немам некоја идеа што да правам, а да ми е забавно. Игри играм, заразена сум од Симс, ама и тоа се здомачува. А таленти послабо xaxa