Слободно време на подолг период не е за мене. 2,3 дена и ајт доста е. Првите денови си имам ред за спиење. Се си вршам нормално, веќе втората недела почнам да забегувам, како на пример сега. Станав сабајле, какво сабајле, пладне веќе преспиена, затоа што доцна легнав, ај тоа, па капак на се на тоа спиење кога е време да си легнам не ми се спие, па во глава само ми се мотаат глупости кои ми прават анксиозност. Се прашувам зошто не сум нормална, како сите нормални луге кога сум слободна? Легни си во 22 како човек, стани во 7.Доручкувај,вежбај,и нема да забегуваш со мисли. Ама не морало да дремам до ниедно време
Најчесто читам или гледам серија. Викендов пример ќе се занимавам во слободно време со курс што си го купив од удему
Најчесто слободното време од работа го заменувам со некои хонорарни работи како промоции, пречек на гости по настани и слично, тоест друга работа.Сфатив дека многу слободно време не ми прија. Почнуваат да ми идат лоши мисли и да си измислувам проблеми што ги немам.
Во слободно време шетам,одам на шопинг,трчам,пешачам,читам книги, или гледам филмови.Камо да имав повеќе слободно време.