Си имав фатено ред и си крадев време за пешачење. Времето овие денови не ми беше во прилог ама морам од утре пак да се вратам во нормала. Многу убаво се чувствувам кога пешачам, плус приметувам дека имам многу поубаво држење на телото кога сум физички активна т. е пешачам. Не сум ти јас за во сала. Многу сакам да пешачам во природа. Имам услови за тоа, птици црцорат, воздух чист, мир и жуборење на река ми се ептен за позитива. Пред два дена и на облачно и ладно пешачев не ми сметаше ич. Колку повеќе пешачам се полесно ми е, додуша сега воопшто тешко не ми е, имам повеќе енергија.
Читам книги,шетам со кучето,знам сама да пешачам покрај кеј од Порта Влае до Континентал-тоа ме опушта,гледан фудбал,слушам музика
Поголемиот дел од слободното време слушам музика, читам добра книга, гледам телевизија или видеа на јутуб. Сакам да почнам со спорт ама никако да се мотивирам
Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025″ свечено ќе биде отворен на 3 јуни во 20:30 часот во Музејот на современа уметност со изложбата „ПАНК. СУПКУЛТУРА. СОЦИЈАЛИЗАМ. АРХИВИ И ФОТОГРАФИЈА ОД СЛОВЕНИЈА” – голема архивска поставка што низ фотографија и документи го истражува словенечкото панк-движење од крајот на 1970-тите до средината на 1980-тите години. Курирана од филозофката и теоретичарка Марина Гржиниќ, во соработка со Славчо Димитров, изложбата претставува ретка можност за домашната публика да се соочи со визуелната и политичката историја на супкултурниот отпор во поранешна Југославија.
Читам книга, пешачам, гледам тв, добро ова го правам успат додека нешто друго правам , околу цвеќињата, чат пат плетам, порано повеќе сега поретко
Пред монетизација сум, спроед следење аналитики отприлика од 2 до макс 5 месеци ми фалат за монетизација ако растот на каналот оди како досега. Редовно објавувам веќе година и нешто, а инаку каналот е креиран од 2013-та година и имам над 300 видеа. Грешката е што објавував повремено и не ги следев условите за монетизација (да не се сменеа некои сега ќе ми беше веќе монетизиран), а во меѓувреме се променија, а посериозно почнав со објави од лани летото. Сака многу труд, одзема време и бара огромно трпение.
Јас имам 1.5 години, но тешко оди, далеку сум од монетизација. Редовно објавувам видеа, на 2-3 дена, но за мојата тема има преголема конкуренција. Имам над 200 видеа, дел се кратки, ајде да речеме дека 30 се кратки. Ќе држам континуитет едноставно ми фалат претплатници, со тоа одам споро. И морам покреативни монтажи да правам. Ти посакувам успех. Кој јазик го користиш инаку?