И јас имам таква другарка па имам искуство. Тоа е нејзината самоувереност. Не е важно дали ти мислиш дека она е убава важно она мисле дека е преубава и со самоувереноста ги покосува, а мора и да знае да ги заведува. Па прашај ја ти ако не и пред другите како на шега... ама не ја критикувај. Ако не ти е добра пријателка не ја прашувај за да не те посраме.
Тоа е нејзината самоувереност. Не е важно дали ти мислиш дека она е убава важно она мисле дека е преубава и со самоувереноста ги покосува, а мора и да знае да ги заведува. Потполно се согласувам со ова. И јас имам сличен случај во друштвото и по се што гледам е дека таа самата си е заљубена во себе и е задоволна од неа мисли дека е најпаметна и најубава и со тоа и успева секаде да ја има..
И јас имав таква другарка..и често размислував зошто сите нејзе и се додворуваат.Не беше ни грда па ни убава,ама во друштвото најгрда ни беше а безброј машки и се пуштаја.По извесно време баш таа другарка беше причината што се одделив јас од тоа друштво.Сите,меѓу кој и дечко ми ми кажуваа дека била мн лесна ваква онаква секакви муабети за неа..и едноставно јас не сакав поради неа и мене да ми ги вадат тие муабети и така постепени си се оддалечив. Од ова заклучив дека таа и не била толку убава ,но имала толку додворувачи поради тоа што била ЛЕСНА тро фазла.
Ќе да е некоја внатрешна убавина, преголема самодоверба можда. И јас имам ваква другарка и стварно не знам со што толку ги привлекува машките..
Сигурно има некоја харизм или незнам што, сепак некои прашања некогаш никој не знае да ги одговори......
Ова мене ми личи на љубомора. Зошто инаку би се замарала со изгледот на некого. И мислам дека сите што мислат дека само треба да си убав, ова им е лекција дека има и други важни работи што мажите ги забележуваат. Карактер, духовитост, шарм, милост, едноставност. Па девојки, поработете на личноста малку.
Сигурно е весела и комуникативна личност. Не се бави со оговарање и бош муабети па секогаш е блиска и сите се отворени кон неа. Самоуверена е и свесна дека вреди како личност па и другите го забележуваат тоа. Сите сме приметиле дека среќата е заразна и пренослива. Ако некој се смее и шири среќа и позитивна енергија сите му се лепат зошто тоа се пренесува на нив и им е пријатно во друштво со таа личност.
Јас имам другарка,која по фацата се гледа дека е комуникативна. Со секој си има муабет. И со слугинка да ја оставиш она ќе напраи муабет.. Таква е. А јас на пример, немам со секого муабет, и во некои случаеви си ќутам само
Па колку што имам слушнато од машки, ми кажаа дека повеќе им се пуштаат на грди девојки отколку на убаво. Затоа што си мислат дека убавите ќе ги откачат а со тоа автоматски им е повредено машкото его. Едит: Мислењето е променето од страна на модератор. [mod-kirilica:3rlwjuli][/mod-kirilica:3rlwjuli]
Еј, врска неам, ваљда девојките ко нас се постојано окезени и можеш комотно да ни пријдеш и да напраиме муабет ко да се знаеме цел живот, па можда тоа им се свиѓа на машките. Незнам ни јас што гледаат во мене. Еве јас... Немам цицки немам километарски нозе (се разбираме, не сум згодна) Косата ми е никаква, ама не ја ни третирам ко да ми е многу битна ствар... Се облакам никакво. Старки, маица и карирана кошула како машкине и фармерка. Носам цвикери, иако не редовно. И тоа грди, со темна рамка цвикери, онакви класично штреберски, чисто да изгледам попаметна. Битна работа: не ми е гајле што мисли таа/тој/тоа за мене. Осмех на лицу и фурај, праи шо ќе праиш. Никогаш не одбивам запознавање. Колку и да ми се чини на никаков тип. Насмевка, опуштен став и кажување смешки секогаш палат, па и кога не личиш ни на најружната манекенка (случај со мене )
Ах,значи секаде ги има ваквите кои се ништо а всушност се сешто Значи еве и јас имав до неодамна ваква "другарка" и одсекогаш се прашував што гледаат во неа!? Сега сме скарани и воопшто не зборуваме,ја мразам од дното на душата.Но,немојте да мислите дека ова што ќе го напишам е затоа што ја мразам или пак и љубоморам,ќе ја кажам само вистината.Висока е 149 цм,нема ама баш никаков вкус за облекување,(носи алишта што сама си ги шие бидејќи се мисли дека е моден креатор а тие се катастрофално дебилски парчиња,аа и некни ставила еден шал што воопшто не и одговараше и го пикнала под каишот што го имаше на туниката ) лицето и полно со мозолки и секогаш мрсно,косата како на искубана кокошка а колковите Тоа е од физичкиот изглед,а карактерот и е ноу комент Секогаш зборува како другите се незрели деца кои немаат појма за ништо а таа знае се.Самата си кажува дека ги сака сите само од корист и дека е користољубива.Секогаш сама си дава комплименти и вели "се знае кој е најубав и најпаметен" Всушност мног скоро дознав дека е едно себично и одвратно суштество.А,откако се скара со нашето друштво за два дена се здружи со целиот клас а претходно сите до еден ги оговараше.Сега сите машки се околу неа,буквално зјапаат во неа и многу им е интересна а нема ни изглед ни карактер туку само хистерична смеа и огромна омраза и себичоност во неа
ИСТО! Искрено не знам зошто сите ја нападнавте Unfaithful, јас ја разбирам потполно. Најверојатно сте немале некој таков во близина. ЗА ВАША СРЕЌА ! Оваа мојава фура некој стил... Се мисли дека е Kate Moss се ТРУДИ УПОРНО да се облекува како неа, а нема благе везе со незе + ниска е. (ова не е навреда за ниските, туку ГРЕВОТНА е кога ја гледаш ти се прави модел а токму до колковите и е на Кејт). аххахаха. Носи некои чизми од баба и, чанти од 40турска.... и ПАК И ПАК ги има сите момци околу неа. Кога ќе се нашминка, личи на оние од филмовите што се... 18+ Па можеби затоа... Не знам навистина. Не сакам да се замарам со неа, но еве темава се погоди, па ај и јас да си кажам
Гледам на темава сочна дискусија се развила предходно. Искрено јас не се замарам кој што во кој гледа. Што сакаат нека прават, ако е некоја невкусно облечена, кичерајски и ефтино мое е да се изнасмеам, другите што сакаат нека прават. Немам некоја другарка што посебно се чудам што гледаат во неа. Искрено, не ни имам многу другарки. Имам една, која скоро се омажи, уште една која повеќе не живее овде и имам најдобар другар. Толку. Не ме ни интересира да имам повеќе, држам дистанца и неможам да сум во околина на луѓе кои ме иритираат. А дека најубавите круши свињите ги јадат, јасно е одамна. Вкусот е релативна работа.
Атеншн плис. Доколку се согласувате со нечие мислење, ве молам користете ја опцијата ,,Ми се допаѓа‘‘, така што не би дошло до непотребни мислења од типот ,,Се согласувам‘‘; ,,Да, така е‘‘ и слично, кои што секако, ќе бидат избришани. И доколку сакате да додадете нешто во вашиот веќе напишан пост, ве замолувам користете ја опцијата ,,Редактирај‘‘(Која што може да се употреби, само 60 минути по пишувањето на постот), за да не дојде до пост под пост. Благодарам.
Мислам дека не е се до убавината и добрата облека. Доволно е да имаш шарм машките најчесто паѓаат на тоа, и секако смисла за хумор...
Сигурно има некој скриен талент па сите ги привлекува друго не ми паѓа на памет ...може ептен се снаоѓа добро во комуникација па е омилена или има некој посебен шарм